Од арогантни, егоцентрични, пресамоуверени мочковци, на кои не им чује за туѓите чувства ми се гади. Ми се гади и од безкарактерни, сервилни лиглиња, кои се потценуваат себе си пред другите, и кои породаваат "јас сум многу фин" фазони.
Автодеструктивни типови исто не ми се избор. Поштувам машки со здрав смисол за хумор,со две-три прочитани книги кои знаат да дадат и примат емоции, па сеа дали се пијанчат или пијат само сокче од морковче, имаат десетки на факс или ни средно не завршиле, или па слушаат поп, а не метал, ама ич не ми е битно.
Битно ми е само да знам дека сум сакана, и да ме стимулира интелектуално.
А оние "фатални" дечки со бунтовност у стилу Џејмс Дин и слични, не ми се најпривлечни. Некако стално мислам дека таков нема обзир баш за туѓите чувства, и по дифолт ги игнорирам.