NFS Shift 2: Unleashed

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.797
Поени од реакции
52.809
Четири месеци после излегувањето на Hot Pursuit, доаѓа уште една НФС игра, овојпат продолжение на NFS Shift, Shift 2: Unleashed. Ова ќе биде 17та игра од НФС франчизата. ја развиваат Slightly Mad Studios, истите кои работеа и на претходната Shift игра.

Shift2-cover.jpg


Во Шифт 2 ќе има избор од 145 автомобили, од 36 различни произведувачи и повеќе од 100 различни патеки, со неколку различни видови на трки.
Ќе има и ноќни трки, камера од прво лице и Аутолог функцијата за мултиплеер која беше претставена во Hot Pursuit.
Се најавува како една од најдобрите тркачки симулации досега, па ќе видиме дали ќе може да им се спротистави на Гран Туризмо и Форца Мотоспорт. Излага на 29 март 2011



 
Ако биде како претходната во однос на хардверски побарувања автоматски неуспех ќе има!
Се надевам дека единствено што ќе остане од претходната ќе биде само симулацијата на управувашето и физиката се друго ако се паметни ќе превземат од Hot Pursuit на Criterion!
 
Што не и текне да направат нешто како Most Wanted, од неа па навака ниедна не ми се свиѓа, тотално срање.
 
Ја сними некој играва на ПЦ? Проба да смени камера? Му успеа ли, и која е командата во Controls да си наместам?
Се мачам, глупо ми е од внатре да возам. Прегледност слаба.

Едит: Се снајдов.
Возењето ми е малку чудно, уште сум на почеток.
Графиката е повеќе од очајна, посебно антиалаизингот. Се на најјако, коцкички се познаваат.
Претходната имаше боље графика 100 пати.
 
http://uk.gamespot.com/ps3/driving/shift-2-unleashed/review.html?tag=topslot;title;3

7,5 се рачина за катастрофа :).

Него како ви се допаѓа ноќното возење?

Глупост жива, не ми се свиѓа како е рендерирано...бар од оние 2-3 трки јас што ги извозев. Чекам да ја изрежам за конзолава сеа, не можам да се нервирам со лагот и све друго на PC...
 
ПРОМАШОК Тешко промашена графика за џабе ја симнав.Ај графиката е лоша,дури и ми кочи на компјутер со AMD Athlon II X4 645 3.1Ghz,4GB RAM,Ati HD5570 DDR3 1GB.Crysis 2 и други игри не ми прават проблем не па ова
 
Ја пробал некој досега на волан? Јас така ја терам и многу добро изгледа, настрана графика... гејмплејот со волан (особено при force feedback) изгледа страшно добро и реалистично.
 
Каков цигански потег од EA, човече.

Бидејќи мака мачев со тежината, ставив на Easy и пак не приметив разлика. Се измачив да победам на една мочана трка, со Лотусот, таа од 10 минути (не смееш да утнеш кривина, ко прво колата лизга како да е од пластика правена, ко второ противниците цело ебано време ти дишат во врат), а потоа истата трка ја пуштив на hard тежина. Разлика?

Еј, разлика немаше. Противниците возат горе-долу ИСТО!

И си викам, чекај, зашто е ова вака? Па обично EA намерно ги прават нивните игри прелесни за децата да се палат. Но, кога ја упалив SHIFT 2 на Xbox се ми стана јасно. Сите коли се заклучени. За да ги отклучиш, мора да се тркаш. Поточно, да победиш. Е сега, бидејќи е навистина факинг тешко и фрустрирачки (зборам за helmet-cam), најверојатно ќе се откажеш. Епа, тогаш како да ги купиш колите?

Едноставно, сите коли се купуваат со Microsoft поени!

И тука лежи цаката зашто играва нема 3 нивоа на тежина, туку само едно. Ебате шупаците никакви, а едвај ја чекав играва...

Едит - еве доказ:

Shift 2 Unleashed All Cars and Events DLC

Цена: 1200 Microsoft Points
 
Кој нејќит да гледат безвезни филмчиња пред и после трка
http://rapidshare.com/files/456238707/skip_intro_and_outro_movie.7z

Само копирајте ги двата фајла во фолдерот "MOVIES" во играта!

--- надополнето ---

Каков цигански потег од EA, човече.

Бидејќи мака мачев со тежината, ставив на Easy и пак не приметив разлика. Се измачив да победам на една мочана трка, со Лотусот, таа од 10 минути (не смееш да утнеш кривина, ко прво колата лизга како да е од пластика правена, ко второ противниците цело ебано време ти дишат во врат), а потоа истата трка ја пуштив на hard тежина. Разлика?

Еј, разлика немаше. Противниците возат горе-долу ИСТО!


И си викам, чекај, зашто е ова вака? Па обично EA намерно ги прават нивните игри прелесни за децата да се палат. Но, кога ја упалив SHIFT 2 на Xbox се ми стана јасно. Сите коли се заклучени. За да ги отклучиш, мора да се тркаш. Поточно, да победиш. Е сега, бидејќи е навистина факинг тешко и фрустрирачки (зборам за helmet-cam), најверојатно ќе се откажеш. Епа, тогаш како да ги купиш колите?

Едноставно, сите коли се купуваат со Microsoft поени!

И тука лежи цаката зашто играва нема 3 нивоа на тежина, туку само едно. Ебате шупаците никакви, а едвај ја чекав играва...

Едит - еве доказ:

Shift 2 Unleashed All Cars and Events DLC

Цена: 1200 Microsoft Points


Mac)) незнам зошто си толку разочаран од играва, за малку да ме попишманеше да не ја пробам
За разлика од SHIFT кецот оваа е како од магаре на коњ да прејдиш. Закон е играта!!!
Не сецка и не бара машиниште како кецот, управувањето баш ме бендисува. Почнав на Medium и сите трки досега 10-на го завршив или прв или втор што значи и не е тешка, барем мене! Одам да возам!
 
Ај ако сака некој не ги аплоадира двата фалјови Laguna_Seca.bff и Laguna_Seca_Physics.bf од ( C:\Program Files\Need for Speed - Shift 2 Unleashed\Pakfiles\Tracks )
ФАЛА!
 
Ај ако сака некој не ги аплоадира двата фалјови Laguna_Seca.bff и Laguna_Seca_Physics.bf од ( C:\Program Files\Need for Speed - Shift 2 Unleashed\Pakfiles\Tracks )
ФАЛА!
Ослободи место да ти пратам ПП
 
Да не му се наоѓа на некој Сериал за играва :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom