Невработеноста намалена за 4,8% во првиот квартал

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
И да е намалена невработеноста последниве 5 години тоа е затоа што скоро сите што се вработиле се во државна администрација.Катастрофа.
 
Од 2000-2002 невработени биле од 261-263.000 30.5 и 32%
нешто се сменило? :notworthy: да, бројката не мрда од над 30

Индустрија се качува, невработеност се намалува...ние ја заминавме и Европа со бројкиве, мор
 
Сега се шпекулира дека ново министерство ќе отвараат за да вработуваат уште партиски војници. Се чудам што ќе биде следно министрество ... Министерство за НЛО?!
 
Оние што ги вработуваат во администрацијата, немаат соодветно образование и во 90% од случаевите се со средно...
Не можам да замислам како е можно човек кој имаше до чера средно, беше прва пијаница во градот, му ја купија дипломата и преку ноќ си се запосли во МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО.
А човекот и ИНФОРМАТИКА се како Баба Ратка и Boom TV

И немојте да кажете и дека претходните влади го правеа истото зашо Грујо Паторот ми ветуваше преродба во сто чекори, а уствари го поделија народот и ја упропастија оваа држава.

Не сакам луѓе кои не напраиле ништо во вработувањето да се фалат дека подобриле а уствари е уште полошо од како што беше порано, единствено нешто што направија е што вработија партиски луѓе, и направија голем процент од луѓето во Македонија да зависат од нив.
Груевски како што можамда приметам го прави народот да зависи од него, удира по најнемоќните како што се селаните и невработените. Политика која ја води неговиот партнер Љубисав Иванов Ѕинго веќе 30тина години.
 
За уште да се намали вработеноста потребно е отварање на нови фабрики, но и народот да има желба да работи, на многу луѓе не бараат работа поточно го мрзи да работат.
 
Фабрики треба море остај тоа, кои црни фабрики и тие што се има да се затворат а не нови, сега кога во златна ЕУ големите корпорации ги затвараат фабриките и ги селат во Кина и Индија, ЕУ ќе биде како нас а ние како во Африка, а тие во Африка па ги нема во математиката.....
 
ако се лажиме.....Грујо со шеширот ко пиеше млеко со швеѓанецот....што велеше? земајте кредити........млеко ќе се откупува....млеко се откупи...пари нема......

Е како да има пари, кога газда велија земал од таму млеко го продавал за 10 денари поефтино од другите и само 10 % му платил на швеѓаните, а за данок да не правиме муабет. (Ова ти е финансиската анализа на млекарата)
Оваа тактика погоре ја применуваат скоро сите во Македонија што ги величиме како богаташи, што мислиш богаташ се станува на поштен начин??? Тоа се ретки кај нас и плус тие работат со луѓе надвор од Македонија, бидејќи кај нас можеш да добиеш смоки наместо пари.
 
Е како да има пари, кога газда велија земал од таму млеко го продавал за 10 денари поефтино од другите и само 10 % му платил на швеѓаните, а за данок да не правиме муабет. (Ова ти е финансиската анализа на млекарата)
Оваа тактика погоре ја применуваат скоро сите во Македонија што ги величиме како богаташи, што мислиш богаташ се станува на поштен начин??? Тоа се ретки кај нас и плус тие работат со луѓе надвор од Македонија, бидејќи кај нас можеш да добиеш смоки наместо пари.
па тогаш газда Велија беше сојузник на другата политичка страна....
тогаш а1 беше преплавена од реклами за сведмилк...
 
па тогаш газда Велија беше сојузник на другата политичка страна....
тогаш а1 беше преплавена од реклами за сведмилк...
Да малку е оффтопик, ама тие реклами што значеа дека Велија така го плаќал долгот кон млекарата и плус дел од рекламите беа каде може ова ефтино млеко да го најдете во Маркетите на Хедис, што повеќе му доаѓа како сам своја реклама да си правел.
А за политичката страна тоа е веќе друго, значи да успееш кај нас т.е да бидеш голем газда треба некоја политика да стои позади тебе, па исто и да се вработиш на државно, и јас не се надевам дека ќе се смени од причина што партиите ќе го изгубат членството т.е нема да имаат сигурни гласови
 
Возможно е невработеноста да е намалена, има раздвижување во економијата оваа пролет (природата на тоа раздвижување е друго прашање). Сепак бројка како бројка и не е некој показател без соодветна анализа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom