Покачување на платите во судството
12.11.2008 16:44![]()
Министерот за правда Михајло Маневски денеска соопшти дека од 1. јануари 2009. година ќе има покачување на платите во судството. 20 проценти за судската администрација, 10 проценти за стручните соработници и пет проценти за раководителите во судовите.
За ваквото зголемување на платите од буџетот се одвоени 90 милиони денари.
„Некаде 2.400, 2.700 денари, 2.000, 2.300 денари, 1.500 денари...зависно од категоријата на работното место што го зазема. На пример, виш референт со 20%, ќе добие зголемување некаде од 2.412 денари, а неговиот приход ќе изнесува околу 14.470 денари. Тука се движат примањата и би рекол дека тоа е добар прогрес и добар напредок“, изјави Михајло Маневски, министер за правда.
И не туку ми плачете дека нема напредок,резултати и покачување на плати од владата!
Од буџетот се одвоени средства за ваучери за студенти, за покачување на плати во судството кој и онака се доволно високи, за покачување на плати во администрација за 10%, а кога ќе видиме буџетот има негативно салдо, т.е. поголеми расходи од приходи, што значи дека буџетот на Р.М. се намалува, а тоа е лошо и за економијата и за народот. И онака ништо не се постигнува со покачување на плата од 10% ако инфлацијата расте и цените се повисоки за 20...30%. Ем народот губи ем економски слабееме. Место да го смират буџетот малце, нашиве стручњаци го делкаат како пршута у понеделник. Лошо е дечкии мноогууу лошо.