"Невидени" успеси на Македонската влада!

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување
И сам сфаќаш колку си лицемерен нели.

За сите лоши работи е крив Груевски,а за сите добри Господ.

не сум воопшто лицемерен и не мислам дека за сите лоши работи е крив Груевски. Туку сметам дека неговата политика е катастрофална и ќе се одрази длабоко во македонскиот стандард. Тој нема ниту добра економска политика, ако имаше еве по 3 години владеење ќе имавме некакво напредување- јас не гледам никакво напредување туку уназадување на економски план. Немаме ниту добра надворешна полтиика, наместо да ги прекинат преговорите или пак да направат нешто што би биле успешни тие билдаат рејтинг на тоа - нели пред избори велеа дека ако добиеме вето ќе ги прекинеме преговорите?? зошто тоа не го направат.

А инаку ниту еден од новите закони, обврски и други видови на диктат врз народот не се одразува на мојата состојба, па и за тоа јас ги оправдувам неговите потези како на пример за високите казни во сообраќајот, високите казни кои се пресметани во евра а се однесуваат во плаќање на евра или пак казните за правење ајвар, печење рајкија, не ги оправдувам со некакво лицемерство, туку сметам дека народот кога ќе биде удрен од земја од својот светец НГ, тогаш ќе сфати на кој до крај да верува.
 
Велиш не бил крив Никола Груевски?? така?

А зошто тој на пример не им помогне на фабрикиве кои ги испуштаат своите вработени како на пример шо им помагаат сите земји во светот, туку замисли за само 2 години потрошил 100 милиони евра за рекламирање, јас сигурен сум дека доколку тие пари се пренасочан кон социјално-загрозените луѓе се и повеќе од доволно или субвенционирање на земјоделието зборувам за реално субвенционирање, како на пример поевтина нафта, поевтина механизација и тн тн.

ИНаку викаш дека јаболкото поминало лани подобро, да помина, но сето тоа е заради сушата каде што се произведува јаболко во другите земји. Инаку не се надевај дека и годинава ќе има висока цена на јаболката, гледаме 2,5 денари за падваните (а лани беше 9, олумнани 4,5,6).

Очекувај 10% од целиот приход на јаболката да оди во буџетот на основа на персонален данок на приход - за ова последново не е крив Груевски и мислам дека е најправилната одлука донесена во Македонија.
Во западниот свет сега банките се национализираат односно се воведува комунизам,нешто против што самите тие држави се бореа преку 60-70 г.Кој кур бе Грујо да му дава на некој си таму директор на Макстил субвенции за излез од економскава криза???Па ако му даде него нека им даде на сите.Едно време кога цените на металите беа високи до небо владата им даваше субвенционирана цена на струјата.Па заработија енормно екстра пари тогаш???ДА.Денес цената на металите е ниска,утре можда ќе е пак висока.Пазарот е таков.Или ево државата нека ги национализира тие фирми.Ама после ќе се буните дека се враќаме на коминузам бла бла бла...
И јас сакам евтина струја бе.
Немаме ниту добра надворешна полтиика,
Ево бре Индија не призна под уставното име.Кој е заслужен за то???Бате Бране???
 
Amerika i Engleska bike zemja proleterska.

Vo recesijava drzavite gi prezemaat bankite, industriite i tn. Socijalizam kon komunizam ili??
 
Епа ако не им даде.... ојдоа 2000-3000 работни места минимум
 
јас не гледам никакво напредување туку уназадување на економски план.

Taка гледаат само оние кои имале бизниси под закрила на СДСМ мафијата. Уназадување, нема кој да им ја врзе работата сега, нема тендери преку Бучко, нема криминални приватизации, е нема. Ги нема нивните, да им потпомогнат, па следи уназадување, паѓа домашен буџет.
 
Amerika i Engleska bike zemja proleterska.

Vo recesijava drzavite gi prezemaat bankite, industriite i tn. Socijalizam kon komunizam ili??
Капитализам кон социјализам.Барем така изгледат засега.:toe:
 
Taка гледаат само оние кои имале бизниси под закрила на СДСМ мафијата. Уназадување, нема кој да им ја врзе работата сега, нема тендери преку Бучко, нема криминални приватизации, е нема. Ги нема нивните, да им потпомогнат, па следи уназадување, паѓа домашен буџет.

Нималку точно, јас имам успех во мојот бизнис и тоа голем, но во никој случај не му го должам на Груевски туку на самиот себе, мислам дека ќе беше уште поголем доколку беше некој стварно реформски тим кој ќе води оваа држава.

А за она што посочуваш тендери, пријателе тогаш грешиш, оваа влада на ВМРО ДПМНЕ во 3 години успеа да им даде провизии, да намести тендери на три пати повеќе компании отколку за вкупното 9 годишно владеење на СДСМ во минатото. Можам да го посочам примерот со копмјутерите каде што само за документација зборувам само за хартија се потрошени 500.000 евра т.е. ЛАПНАТИ од некој близок или можеби самиот Груевски, да не зборувам колку големи пари се одлеани на сметка на маркетинг, над 100 милиони евра за само 2 години, замисли толку пари за услуга - сметај само колку пари некој од нив некој има лапнато, а можеш во регистарот на ЦРМ да провериш за 2 години колку компании започнале да се занимаваат со маркетинг продукција и кој се челните луѓе на тие фирми, можам само да ти откријам дека воопшто не се блиски на СДСМ, туку на едни други... сам откриј кој се тие.
 
Е дај аман кажи ни кој тоа ти бизнис со гоолем успех го имаш на 20 годинки????
 
Нималку точно, јас имам успех во мојот бизнис и тоа голем, но во никој случај не му го должам на Груевски туку на самиот себе, мислам дека ќе беше уште поголем доколку беше некој стварно реформски тим кој ќе води оваа држава.
Да де, доколку на пример беа СДСМ за да те подбутнеа малку преку ред...

Кажи ми, за да биде појасно зошто мислам така, дали бизнисот го имаш започнато кога на власт беше СДСМ? :)
 
Ево бре Индија не призна под уставното име.Кој е заслужен за то???Бате Бране???

Која Индија не призна бе?? КОј рече дека не призна, ако нашата амбасада во тамошниот регистар ја примиле како амбасада на Република Македонија тоа значи признавање??? Па тие воопшто ниту испратиле нота до нас, туку нашите пребарувале на интернет и откриле дека таму сме регистрирани како Република Македонија и еве одма не признале, тоа не значи признавање. Признавање е кога утре владата на Индија одлучи во сите односи да не нарекува Република Македонија.

Сега тие можат ако сакаат да го користат, значи ако имаат добра волја, нашето уставно име, или пак кога ќе им се присака ФИРОМ.
Не летај толку, прво читај ги соопштенијата на партијата твоја па сетне зборувај.
 
Браво бе.Секако ќе ја извртиш работата само да не признајш успех на оваа влада.И дај кажи со бизнис тераш бе.
 
Да де, доколку на пример беа СДСМ за да те подбутнеа малку преку ред...

Кажи ми, за да биде појасно зошто мислам така, дали бизнисот го имаш започнато кога на власт беше СДСМ? :)

Стартував во 2007ма година, октомври некаде.... ВМРО ДПМНЕ на власт.
 
Браво бе.Секако ќе ја извртиш работата само да не признајш успех на оваа влада.

Лелел ме изнасмеј ај ќе го рачунаме признавањето на Индија како дело на ВМРО ДПМНЕ, само не ме малтретирај повеќе.

Ама да се договориме другите 120 да ги рачунаме како дело на твојот често спомнуван Бане
 
Стартував во 2007ма година, октомври некаде.... ВМРО ДПМНЕ на власт.
Лелелеле, ме изнасмеа еј. И за година дена, ти уште не си ни проработел, а бизнисот твој има уназадување, и тоа по вина на кој друг, ако не на - Груевски.

Ја мислев имаш фирма која работи барем 10-15 години, па стварно си почувствувал нешто во делувањето.

И кога после...гледам дека ти пишува дека имаш 20 години, и се ми стана јасно.
 
Хех, нема уназадување никакво, супер ми оди....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom