Не те убедувам ништо, туку како што ти сметаш дека твоето искусво и мислење смее/треба да стои овде, така и јас. добро е што ги наведе двата примера за плати. Имајќи ги предвид твоите примери , сметаш ли дека некој со месечна плата 100 евра поголема од минимумот што го наведе има моќ и мотивација да спроведе промени и практикува професионалност каква што сакаш/сакаме? Не е се во парите, ќе речеш, но биди малку реален и во однос на учителската фела. И тие се во кошот со ситната боранија, и тие имаат семејства за хранење и сметки за плаќање. Тоа што привремено „решаваат за нечија среќа“, предизвикува одбивност и многу луѓе во нив гледаат како самоповикани џелати, судии и неработници кои се платени толку колку што заслужуваат. Значи пази, не велам дека решаваат за нечија иднина или судбина, оти тоа не е вистина. Види прво кои бивши ученици сега ја земаат месечно горе кај тебе наведената сума.