- Член од
- 25 септември 2010
- Мислења
- 44
- Поени од реакции
- 1
Несогласувањата во Библијата
Голем број на христијани денеска свесно или несвесно и покрај укажувањата на голем број истражувачи на Библијата кои наведуваат цврсти докази дека денешната Библија претрпела голем број на измени и искривувања, се обидуваат да докажат дека Библијата е директен Божји збор.Оваа изјава е во целосна контрадикција со реалноста која ја согледуваме во самата Библија. Мора да се земе в предвид дека Библијата има голем број цитати кои укажуваат на вистината, но дека ние самите не сме способни да тоа го изведеме, ниту да го протолкуваме без да имаме некој текст со кој би ја споредиле. Во следниве редови ќе се обидеме да тоа го докажеме со факти. Добредојдени се сите оние кои барем за миг ќе ни ги објаснат наведените контрадикторности. На секоја одговорена контрадикторност, ќе додадам уште три нови. Се надевам дека нема некој ова да го гледа како навреда, туку како простор заразмислување и менување на ставовите кои не соодејствуваат со реалноста.
1.Кој го иницираше Давид да ги брои луѓето способни за борба:
-Сатаната (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:1)
-Бог (Втора Книга Царства 24: 1)
2. Во тоа броење колку луѓе способни за борба имаше во Израел:
- 800000(Втора Книга Царства 24:9)
-1 милион ,100 000 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:5)
3.Колку луѓе спремни за борба имаше во Јудеа:
- 500 000 (Втора Книга Царства 24:9)
- 570 000 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:5)
4. Бог испрати пратеници да се заканат со глад со колку години?
- седум (Втора Книга Царства 24:13)
- три (Прва книга Паралипоменон -Летописи 21:12)
5. Колку беше стар Охозиј кога почна да владее со Ерусалем?
- 22 (Четврта Книга Царства 8:26)
- 42 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 22:2)
6. Колку беше стар Јехониј кога стана крал на Ерусалем:
- 18 (Четврта Книга Царства 24:8)
- 8 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 36:9)
7.Колку долго владееше тој со Ерусалем?
- 3 месеци (Четврта Книга Царства 24:8)
- 3 месеци и 10 дена (Втора книга Паралипоменон -Летописи 36:9)
8. Заповедникот на моќната армија на Давид го фрли копјето и колку луѓе уби?
- 800 (Втора Книга Царства 23:8)
- 300 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 11:11)
9. Кога ја донесе Давид Арката на верност? Пред или по победата на Палестинците?
- после (Втора Книга Царства 5 и 6)
- пред (Прва книга Паралипоменон -Летописи 13 и 14)
10. Колку парови чисти животни му рече Бог на Ное да качи на Арката?
- два (Прва Книга Мојсеева 6:19, 20)
- седум (Прва Книга Мојсеева 7:2). Но и покрај последната инструкција, пак само два пара се качиле на Арката. (Прва Книга Мојсеева 7:8-9)
11. Кога Давид го победи Адраазара, колку коњаници зароби?
- 1700 (Втора Книга Царства 8:4)
- 7000 (Прва книга Паралипоменон -Летописи 18:4)
12. Колку штали за коњи имаше Соломон?
- 40 000 (Трета Книга Царства 4:26)
- 4000 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 9:25)
13. Во која година на јудејскиот цар Аса , Васа, кралот на Израел умре?
- 26 години (Трета Книга Царства 15:33 - 16:8)
- сеуште жив со свои 36 години (Втора книга Паралипоменон -Летописи 16:1)
14. Колку надзорници назначил Соломон за градењето на храмот?
- 3600 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 2:2)
- 3300 (Трета Книга Царства 5:16)
15.Соломон изградил објект со колку купатила?
- 2000 (Трета Книга Царства 7:26)
- преку 3000 (Втора книга Паралипоменон -Летописи 4:5)
16. Колкумина од ослободените Израелци од Вавилонско ропство биле Фат-Моавови?
- 2812 (Прва Книга Ездра 2:6)
- 2818 (Книга Неемија 7:11)
17. Колку од нив биле синови Затуеви?
- 945 (Прва Книга Ездра 2:8)
- 845 (Книга Неемија 7:13)
18.Колку од нив биле синови Авгадови?
- 1222 (Прва Книга Ездра 2:12)
- 2322 (Книга Неемија 7:17)
19. Колку од нив биле синови Адинови?
- 454 (Прва Книга Ездра 2:15)
- 655 (Книга Неемија 7:20)
20. Колку од нив биле синови Асумови?
- 223 (Прва Книга Ездра 2:19)
- 328 (Книга Неемија 7:22)
21.Колку биле синови од Ветил и Гај?
- 223 (Прва Книга Ездра 2:28)
- 123 (Книга Неемија 7:32)
22. Ездра и Неемија се сложуваат дека вкупниот број на целиот собир бил 42 360. Но бројките не се ни приближно тие.
- 29 818 (Ездра)
- 31 089 (Неемија)
23. Колку пејачи го придружувале тој собир?
- 200 (Прва Книга Ездра 2:65)
- 245 (Книга Неемија 7:67)
24.Како беше името на мајката на кралот Авија?
- Михаја, ќерка на Уриел од Гаваон (Втора книга Паралипоменон -Летописи 13:2)
- Маха, ќерка на Авесалом (Втора книга Паралипоменон -Летописи 11:20) па имал само една ќерка под име Тамар (Втора Книга Царства 14:27)
25. Дали Исус Навин и Израелците го опседнале Ерусалим?
- Да (Книга Исус Навин 10:23, 40)
- Не (Книга Исус Навин 15:63)
26. Кој беше таткото на Јосиф, мажот на Марија?
- Јаков (Евангелие по Матеј 1:16)
- Илиев (Евангелие по Лука 3:23)
27. Од кој син на Давид води потекло Исус?
- Соломон (Евангелие по Матеј 1:6)
- Натан (Евангелие по Лука 3:31)
28. Кој беше татко на Салатиил?
- Јехонија (Евангелие по Матеј 1:12)
- Нир (Евангелие по Лука 3:27)
29. Кој син на Зоровавел е предок на Исус?
- Авиуд (Матеј 1:13)
- Риса (Лука 3:27) Но седумте сина на Зоровавел се:
Мосолам, Ананија, Асувеј, Оел, Варахија, Асадија и Асавед (Прва книга Паралипоменон -Летописи 3:19, 20).. Не постојат ниту Риса ниту Авиуд.
30. Кој беше татко на Озија?
- Јорам (Матеј 1:8)
- Амасија (Втора книга Паралипоменон - Летописи 26:1)
31.Кој беше татко на Јехонија? –
- Јосија-Јоаким бил (Матеј 1:11)
- Јехолаким (Прва книга Паралипоменон - Летописи 3:16)
32. Колку генерации поминале од егзилот од Вавилон до Христа:
- Матеј вели 14 (Матеј 1:17)
- Но внимателното броење покажува 13 (Матеј 1:12-16)
33. Кој беше татко на Салин:
- Каинан (Лука 3:35-36)
- Арпфаксад (Битие 2:12)
34. Дали Јован Крстителот е Илија кој е најавен да дојде?
- Да (Матеј 17:10-13)
- Не (Јован 1:19-21)
35. Дали Исус ќе го наследи престолот на Давид?
- Да - така кажал ангелот (Лука 1:32)
- Нема, бидејќи е наследник на Јоаким (Матеј 1:11, Прва книга Паралипоменон - Летописи 3:16)
А Јоаким е проколнат од Бога никој од неговите наследници неможе да седи на престолот на Давид (Јеремија 36:30)
36. На колку животни јаваше Исус кон Ерусалем?
- Една – ждребе (Марко 11:7, Лука 19:35)
- две (Матеј 21:7)
37. Како Симон Петар откри дека Исус е Христос?
- преку небеската објава (Матеј 16:17)
- Неговиот брат Андреј му кажа (Јован 1:41)
38. Каде Исус прв пат се сретна со Симон Петар и Андреј?
- Кај Галилејското Езеро (Матеј 4:18-22)
- На брегот на реката Јордан (Јован 1:42). Дури после тоа Исус реши да отиде до Галилејското Езеро (Јован 1:43)
39. Кога Исус го сретнува Јаирус, дали ќерка му била веќе мртва?
- Да (Матеј 9:18) каде вели дека ќерка му само што умрела.
- Не (Марко 5:23 ) каде што вели дека ќерка му е пред смрт.
40. Дали Исус им дозволуваше на апостолите да носат нешто со себе при патувањата?
- Да (Марко 6:8)
- Не (Матеј 10:9, Лука 9:3)
41. Дали Ирод мислеше дека Исус е Јован Крстител?
- Да (Матеј 14:2, Марко 6:16)
- Не (Лука 9:9)
42.Дали Јован Крстителот го признаваше Исус пред крштевањето?
- Да (Матеј 3:13-14)
- Не (Јован 1:32)
43. Дали Јован Крстителот го признаваше Исус после крштевањето?
- да (Јован 1:32)
- не (Матеј 11:2)
44.Според евангелието на Јован, што вели Исус за носењето на сопствено сведоштво?
-„Ако јас сведочам сам за себе, сведоштвото мое нема да биде вистинско“. (Јован 5:31)
- „Макар што сведочам сам за себе, моето сведоштво е вистинско...“. (Јован 8:14)
45. Кога Исус влезе во Ерусалем, дали го исчисти храмот истиот ден?
- Да (Матеј 21:12)
- Не - нестори ништо, туку дури утредента (Марко 1:1-17)
46. Евангелието кажува дека Исус се налутил на едно дрво од смоква кое му се испречило на патот. Дали по проколнувањето веднаш се исушило?
- Да (Матеј 21:19))
- Не. Се исушило преку ноќ. (Марко 2:20)
47. Дали Јуда го бакна Исус?
- Да (Матеј 26:48-50)
- Не. Јуда неможеше да му пријде на Исус за да го бакне. (Јован 18:13)
48. Што рекол Исус за негирањето на Петар?
- „...нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од мене.“ (Јован 13:38)
- „...пред да запее петел двапати, ти трипати ќе се откажеш од мене. (Марко 14:30)
- петелот два пати не запеа, трите негирања не беа сеуште (Марко 14:72) - Предсказанието пропаднато.
49. Дали Исус си го носеше својот крст?
- Да (Јован 19:17)
- Не (Матеј 27:31-32)
50. Дали Исус умре пред да биде искината прекривката на храмот?
- Да (Матеј 27:50-51)
- Не. Пред да биде искината завесата Исус извика: „ Оче, во твои раце го предавам својот дух! И штом го рече тоа издивна.“ (Лука 23:45-46)
Во Јован(4/19-23) стои во разговорот кој го води Исус со Самаријанката:
19. Жената
Му одговори: <Господи, гледам дека си Ти пророк.
20. Нашите татковци се клањаа во оваа планина, а вие
велите дека во *Ерусалим е местото каде што треба да се клањаме."
21. Исус рече: <Жено,
верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот.
22. Вие му
се клањате на она, што не го знаете; а ние се клањаме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците.
23. Но иде време и дошло веќе, кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на
Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние, кои Му се клањаат.
Што мислите кое е тоа место за кое што збори Исус.
Продолжува...:smir: