Нервоза - колку се нервирате и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
Еве во моментов на пример способна сум да ја искршам тастатурава од шо се нервирам.
Во принцип се нервирам, некогаш и за работи кои не се баш за изскажување нервоза ама тоа сум јас. Нешо шо сакам е само да не се преокупирвам многу со разни работи зошто тоа ми создваа нервози ама едносттавно неможам
 
Често ке слушнеме или и самите ке кажеме-Нервозна сум,остај ме на мира!!!!!Зошто се нервираме,која е вашата најчеста причина за нервоза???Јас лично ретко се нервирам,а и кога сум нервозна не се истурам на други личности,може ке си поплачам малце и ке ми помине нервозата,но има некои,уфффффф!како вие се справувате со нервозата ваш и на другите окулу вас!јас кога ке видам некој дека е нервозен,само ке го прашам зошто е нервозен,и ако ми се раздере или не ми каже ке си покутам,да не го нервирам уште повеке!
Ме нервираат песимисти, мислам дека треба да си живеат во нивна "песимист-ленд" и да не` остават нас другите да поживееме на раат. Да не се сфатиме погрешно, мене ме нервираат песимистите, затоа што својата негативна енергија ми ја префрлаат на мене. И после јас разглабам за нивните проблеми и се замарам. Некои луѓе мислат дека ќе живеат овде бескрајно... Жално е што најголемиот подарок ќе го поминат кукајќи, не можејќи да се справат со сопствените животни проблеми и труејќи ги другите со истите. Кога се нервирам, тоа е најчесто затоа што по пат на домино ефект, мене некој ми пренел негативна енергија која самиот ја чувствувал. Лошото само ќе си дојде ако му се доаѓа, треба да го чекаме доброто... Со својата нервоза се справувам со плачење и вриштење, но сама! И брзо ми поминува. :smir:
 
Помирен сум со се...нема зошто да се нервирам.
Ако некој проблем треба да се реши,ќе се реши,ако не пак колку и да се нервирам,џабе ми е.
Башка не сакам после внуците да ми се смеат дека сум бил склерозен.

Хммм...никој нема да го доживее тоа задоволство да види како се нервирам заради него.

Едноставно сум ајс-колд(читај мраз-ладно т.е. ладно-глав) и не се замарам со никој.
 
Многу лесно може нешто да ме изнервира! Буквално за ситници се нервирам, ама што да правам кога сум таква... :nesum: Тенки живци имам :wink:
 
Не нервирам скоро ич... тешко може некој да ме изнервира и ако некој сака тоа да го направе големи се шансите дека ја ќе го изнервирам што не се нервирам додека он сака да ме нервира.. :smir: ..разбра некој?
 
Леле им симнувам капа на тие што не се нервират, што убаво би било и јас да не се нервирам ама се нервирам, мене може да ме изнервира и најмала ситница а да не зборуваме за големи работи, а лоша сум во нервозата се може да изнакажам, лелее а после кога ќе се сетам што сум направила:kesa::kesa::kesa:
 
Нормално дека се нервирам.. ретки се оние во денешно време кои не се нервираат..
 
ЈАс се нервирам за ситници...На пример најмногу кога ќе кажам нешто (што ме мачи) и ќе ми рече „е сега што да правам јас?“ Е тоа од такт ме вади значи, небаре јас побарав да направи нешто:tapp:
 
...Слабо се нервирам...А ако се изнервирам, тоа е зашто има некои луѓе што се ограничени ненормално многу, а се праат како се да знаат...:toe:
 
Се нервирам за ситници ама то е што можам да правам.
 
Се нервирам само кога некои луѓе што ги знам и почитувам нема да ми обрнат малце внимание кога знаат и самите дека ми се потребни во тој момент.
 
...па знаа да ме изнервираа глупости, ама ретко и кој ќе се случи тоа нервозата брзо ми проаѓа.
а знам и гадно да се изнервирам, тоа се дешава кој е нешто у врска со "битни" личности, за "небитни" не се замарам, шо сакаа нека праа :pipi:
 
Море едно време ми беше гајле што како се дешава мене не ми беше гајле ич скоро не се нервирав, ама нешто последниве година две некако почнав многу да се нервирам и бурно да реагирам , незнам навистина зошто:toe:
ама добро е во последниве месец дена почнав да се смирувам пак за ништо да не ме боли цевка :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom