Непотребни навики...

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Не можам да пијам од друга чаша освен од мојата. Си ја имам потпишано со лак за нокти во разни бои, таква шарена ја напраив убава и на сите дома им е совршено јасно дека таа чаша е само моја и никој друг не смее да ја чепка. И само од неа пијам. Еве прееска мама ми ставила јогурт во друга чаша и не сакав да го пијам:kesa:
 
лоша навика ми е шо морам да држам цигара во раце и да не ми се пуши....:toe:
 
Собата мора редовно да ми е во хаос. Ќе ја исчистам и не поминал ни саат пак сум растурила се :toe: на крај се навикнав да функционирам во хаос па сега ме нервира ако ми е премногу средена. Друго пред да седнам да учам мора да сварам кафе па дури и да не ми се пие и исто мора да имам вода до мене инаку не седнувам да учам.
Ако дома нема јадење направено не ни земам да јадам и се заборавам ако не ме викнат нема јадење.
Списание разгледувам прво отпозади, па го вртам од напред па на крај читам тоа во средина.
Најглупа навика ми е што се правам во последен момент и после паничарам и се каам зашто не сум почнала порано (е оваа навика многу ме нервира ама мрза сум ебаго)

скроз исто :pipi:
 
Непотребни навика за мене е да ја наместам собата, аман не за друго само јас и брат ми и мајка ми ако влезе еднаш дневно. Кој ќе ја види собата. Комшијеве? НЕ ВЛАГАА КЈ НАС У СОБА МОРИИИ! Тоа и викам ама џабе пак ја средувам и пак за неполно 4 часа пак истиот неред.
 
ако собата не е растурена ни јас ни брат ми не можеме да функционираме, така да не ја средуваме(освен мајка ми или татко ми кога викаат) и премногу тупам мозок на непотребни работи:tapp:
 
Грицкање нокти....не мозам да ја искоренам таа навика никако ..:toe:
 
Дали имате некоја навика која постојано ја практикувате,т.е. дали имате нешто со што прекумерно се оптеретувате и ако не го направите не ви е мирна душичката?

Јас на пример сум преголем хигиеничар и ако допрам и најмала ситница морам да ги ги измијам рацете,зашто во спротивно нема да можам воопшто да си го допрам лицето, а уште помалку да јадам.
Или пак ако некој сака да ми ја фаќа косата или лицето,прво му препорачувам да си ги измие рацете.

Па имате ли вие некоја ваква навика која ја излудува околината?:)

Ахх, Мањечко, и јас исто ко тебе! :) И не, не е тоа непотребна навика туку грижа за себе, па и горда сум на таа моја навика. :bip: :helou:
А баш непотребна навика ми е што милион пати проверувам дали сум исклучила се пред да излезам од дома. :pipi:
 
Џвакање мастика нон стоп, безредие во шо и да правам :toe:
 
Непотребна навика фаќање на уши на луѓе околу мене.... сега во друштво избегавам сепак глупо е да ги држам за уше тие околу мене, ама членовите од семејството не ги оставам раат да седат... исто тоа што не сакам да пијам од исто шише од кој пиел некој... тоа е тоа можеби имам уште нешто ама не ми текнува..
 
Ауф и ја грицкам нокти и тоа ми е дефинитивно најлошата навика.:uvo::uvo::uvo:
Губам ситници многу лесно,на пр. клучот од дома едно 10 пати можда го изгубив во рок од неколку месеци :kesa:,заборавена сум скроз на скроз...:nesum:
 
кога учам морам да имам маркери и пенкала у различни бои и цела книга да ја ишарам и ја гризам косата кога сум нервозна.
 
Да читам весник од задната страна се додека дојдам до насловна!!! Поглупа навика здравје!:jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom