Неоткриената убавина на Умлена, Пехчевско

  • Креатор на темата Креатор на темата IgorGunner
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Локација
Скопје
Веб-сајт
teamripped.com
Неверојатно убав и чист воздух, прекрасна природа, дружељубиви мештани и секако многу убаво место за прошета по длабокиот снег што го има секоја зима по преки половина метар. Ете таква е Умлена.IMG_1008.JPG
 
Attachments

  • IMG_1025.JPG
    IMG_1025.JPG
    1,6 MB · Прегледи: 41
  • IMG_1041.JPG
    IMG_1041.JPG
    2 MB · Прегледи: 42
нешто повеќе за местенцево? ме бендиса снегот.....убајна
 
нешто повеќе за местенцево? ме бендиса снегот.....убајна

Местенцето е на околу 170-175км од Скопје, од таму имам мерено:) Инаку можеш да си отидеш таму само ако имаш некој пријател/роднина што има куќичка или викендичка, соби и вили за рентање нема за жал:( Али јас попрво би идел во Умлена наместо на Маврово, зашто ???? 3 причини:
1. Природата е неспоредливо поубава од Мавровската, нормално ако си отиден за природа и убав воздух, а не за пиење чај на бачило како што се иде на Маврово.
2. Ефтино е до немај каде, ќе ги прошеташ сите локални селца и нивните познати „ крчми “ со прекрасна скара и сиренце, за 500 денари :)
3. За луѓето таму немам зборови, фини, мирни, искулирани и најбитно смешни. Ептен се ок, ние заглавивме во снег, цело село излезе од дома на -15 да чистат патот за да може да си одиме накај дома.

Закон е местенцево, мирно али преубаво е за шетање, санкање, скаричка, друштво. Нема ски патеки али има што да понуди. Топло го препорачувам
 
- убавини,природа што нуди таква е цела Македонија
што му фали на Мариово,Порече,Осогово,Азот,Кожув
Плачковица,Герман,Даутица и да не терам понатаму
или згрешив им фали Рамстор,Веро и Аце на магаре
ама сите тие од таму се начукава овде во Скопјево
да се гушат и дај уште некоја слика за радост и тага.
 
Прав си пријателе, Македонија е мала територијално, но голема во убавината:) Има многу убави места но не сум компетентен да зборувам за сите, али за ова можам да кажам дека е едно од поубавите посетени во мојот живот. Собрав чист воздух за цела напорна и прљава 2012 во нашето мило Скопје.
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 14:02 ---
Прав си пријателе, Македонија е мала територијално, но голема во убавината:) Има многу убави места но не сум компетентен да зборувам за сите, али за ова можам да кажам дека е едно од поубавите посетени во мојот живот. Собрав чист воздух за цела напорна и прљава 2012 во нашето мило Скопје.[/quot

Се обидов да ставам повеќе слики, али повеќето не става да ги постира зашто најверојатно се преголеми за тука :) Жал ми е, има многу поубави слики.
 
Attachments

  • IMG_1263.JPG
    IMG_1263.JPG
    2,5 MB · Прегледи: 25
  • IMG_0938.JPG
    IMG_0938.JPG
    1,8 MB · Прегледи: 24
  • IMG_1039.JPG
    IMG_1039.JPG
    2 MB · Прегледи: 25
Браво за местово и фала што го сподели. На сите ни треба ваква вентило испуштачка идила.
 
убава е сум бил во умлена лани на 1 мај значи пролетска има многу убавини, инаку мајка ми е од село стар Истевник така да имам роднини блиски и далечни долж се до берово(од делчево се до разловци,панчерево,пехчево и др) едно време застанав во пехчево по прочуена риба на скара и за пржење;) и на крај дечкииии не заборавајте да пробате беровско сирење од малешевски крај мммм сладострастие:)
 
Искрено кажано Македонија е преполна со вакви места, не сум бил но можам да замислам. Добро е што полека свеста на луѓето се менува и почнуват да го ценат она што го имаме. На западот на пример се повеќе на вредност добива ваквиот вид на туризам, вистински одмор, место плажа , милион луѓе, врескање, алкохол а како конечен производ сунчаница , главоболки и замор.
Да не ме разберете погрешно не сум против туризмот на плажа но се пoвеќе предност му давам на ваквиот вид на одмарање.
 
Браво за местово и фала што го сподели. На сите ни треба ваква вентило испуштачка идила.

Јас темава ја отворив од воодушевеност, 5 дена си ги наполнив батериите, се одморив, се најадов, напив, прошетав, видов снег, цело стадо овци, вол, крава, коњ, магаре и све тоа во 5 дена:) Шала на страна прекрасно е, секој да отиде ако може
--- надополнето: 30 јануари 2012 во 23:07 ---
убава е сум бил во умлена лани на 1 мај значи пролетска има многу убавини, инаку мајка ми е од село стар Истевник така да имам роднини блиски и далечни долж се до берово(од делчево се до разловци,панчерево,пехчево и др) едно време застанав во пехчево по прочуена риба на скара и за пржење;) и на крај дечкииии не заборавајте да пробате беровско сирење од малешевски крај мммм сладострастие:)

Кој бил и пробал, знаеш што е Малешевско сиренце сосе ќебапите од нивните селски крчми. Врв, не сум јадел подобра комбинација :) Вежбам редовно и ептен внимавам на исхраната, али. . . .
како ли да одолееш на тие ќебапи :) ???
 
Според сликите, не ми е нешто посебно местово. Сепак во Македонија има прекрасни места, и не би сакал секој да има пристап тамо. Несакам туристички места и водичи, жичари, афтобуси, паркинг плацеви.... и други гомнарии кои ке го убијат духот на природата.
 
Секој има право на свое мислење, сепак тука станува збор за вкусови а за вкусови не се разговара, јас напоменав дека не сум во можност да ставам други слики каде што стварно може да се долови сликата за местото, али покрај тоа за мене лично зависи што те врзува за тоа место, мене ме врзуваат убави спомени за местово, и затоа за мене е најубавото место на светот.
 
Неверојатно убав и чист воздух, прекрасна природа, дружељубиви мештани и секако многу убаво место за прошета по длабокиот снег што го има секоја зима по преки половина метар. Ете таква е Умлена.Прегледај го приврзокот 39456
--- надополнето: 7 март 2012 во 11:32 ---
malo preubavo mesto so prekrasna priroda i so najcist vozduh morate da go probate sirenjeto i selsko domasno meso...nema poubavo
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom