коа одам по поплочен под (само со симетрични квадрати) несвесно постојано се обидувам да стапнам само во квадрат, никако да ми дојде стапалото измеѓу 2 квадрати или во еден помалце а во друг повеќе.
хахаа исто! сакам да се качувам и да одам по работ на тротоарот .. оние околу 7 сантиметри покачените. И на било што повисоко, тесно .. обожавам да се качувам и одам по тоа
не можам да пијам вода, сок или алкохол од сад за друга намена - шоља за кафе, на пример.
Не можам од шоља за кафе да пијам вода или сок. Или од пластична чаша да пијам јогурт. И секогаш пијам од стаклени чаши, освен јогурт и слични пијалоци.
Многу често кога се нервирам,плачам.
ех .. ама е глупо. Многу често кога ќе се изнервирам ми се плаче .. од бес, нервоза ..
Собата 7/8 во текот на годината ми е растурена(ја собирам секоја недела и после до сабота ја растурам
Мојата соба е средена само кога треба да дојдат гости. Во текот на годината постојано е ненормално растурена, рипам преку предмети некогаш да дојдам до компјутер, кревет .. ама не ми смета. Се чувствувам поубаво во растурено, несакам многу слободен простор околу мене. Што да правам бе, ќе ја средам и за 3 дена пак ко атомска бомба да паднала е ...
Паа.. имам навика да кажувам каде одам дури и во WC кога одам кажувам.. ..
нон стоп ми се ладни дланките..
Хах, седиме во дневна, во ресторан, кај другарка, во двор .. било каде и кога ќе тргнам накај веце морам да кажам каде одам. Секогаш

И рацете ми се секогаш ладни.
и јас

Кога сме излезени на секоја фонтана ги запирам за да се напијам вода
Друго .. понеобично ..
Секогаш кога спијам мора вратата да биде околу 10 см отворена.
Летно време скоро секогаш ролетните ми се до доле спуштени во соба.
Не можам мирна да стојам, исправена, со рацете спуштени мирно. Не можаам
