Необични карактеристики

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Јадам макарони со млеко и тоа на сите им е чудно :toe:
после кога читам книга обавезно првин ќе ја прочитам крајта. Не можам да ја читам книгата ако не сум ја прочитала крајта...едноставно ме копка:) Неможам да гледам кога нешто е растурено...На пример не е убаво затворена некоја фиока, морам да станам да ја затворам... Ако одам на пример по улица секад одам по средината и по тие лентите...тоа ми е како навика.
 
За нашево поднебје необична моја карактеристика е што не јадам ајвар...како и пиперки во било каква форма...
друго и не знам баш...може некој од страна треба да каже...
 
Кога сум пред компјутер ич не ми се спие.
 
Читам весник од последна кон прва страна,
Јадам смоки Стоби-флипс со чоколадо
Кога спијам едната рака ми е под перница-обавезно...
 
Имам чудна особина: лето, зима, пролет, есен, топло, жешко, пекол, смрзнувачка- јас морам да спијам со чорапи на себе. :icon_lol: Најверојатно имам слаба циркулација, па нозете секогаш ми се мраз, и пред легнување обавезно си облекувам чорапи.:)
Имам капацитет на меморија до 5 телефонски броја максимум. :icon_lol: Дури и мојот до пред некое време не си го знаев, па си го имав запишано во именик. :)
Јадам бурек со млеко, наместо со јогурт, и особено ми е вкусно ако млекото е чоколадно. :pos:
Кога јадам дома едната нога обавезно мора да ми е качена на столчето на кое што седам. Мајка ми ми ја мрази таа навика.:)
Кога менувам програми на ТВ, секогаш одам од 0 па наназад, се до прва програма. Наопачки родена :pos:
Во недостаток на време, навикната сум да пушам цигара додека јадам. :icon_lol: Ова е најчесто во школо, кога цел одмор ми оди во чекање ред за тост во „Сласт“, па после немам време за цигара по тостот, и затоа морам истовремено да јадам и да пушам. :)
Не можам да мочам во т.н. „чучавец“ зошто ми се прскаат патиките и фармерките. :pos: Исто не можам да мочам пред некој друг, дури ни кога е од другата страна на вратата. :icon_lol: Некако имам трема во такви ситуации, и затоа ретко мочам во јавни вециња. И поради „чистотата“ плус.
Насабајле кога сум прва смена во школо, исто од недостаток на време, кога одам во веце, мијам заби додека седам на шоља :pos:
Секогаш заспивам на лева страна, и во текот на ноќта скоро воопшто не се помрднувам, што на крај резултира со здрвена цела лева страна од телото :pos:
Толку. :)
 
Не можам да заспијам додека не легнам на стомак,секогаш ја читам прво последната страница на книгите,многу често мијам раце не знам зошто,стално морам да имам мастики у џеб,секогаш кога се враќам од факултет си фаќам автобус на втората автобуска,јадам исклучиво во соба и не ми текнува што уште
 
Обожавам мрачно и врнежливо време(ко ова денес), а силно сонце не ме расположува. Никогаш не сум се сончала на плажа(освен што не сакам да ме "пржи" сонце, немам ни нерви да лежам и не правам ништо). Од 8 месечна возраст сум почнала да одбивам млеко, и до ден денес повраќам и од самиот мирис на млеко и млечни прозводи (lactose intolerant, I guess). Имам многу слаба циркулација и дланките и стапалата ми се ладни и на +40 степени, па и у пролет знам да носам ракавици, а секогаш спијам со чорапи. Ставам чили во прав на секое солено јадење(буквално сум зависна од луто). Не можам да убијам инсект као мува или комарец, а камо нешто друго. Имам страв од висини(живееам на 5-ти спрат и со години не сум погледнала доле од балкон пошо ми се лоши). И веганец сум(што за многу луѓе е чудно):)
 
PSYtisfaction напиша:
Имам чудна особина: лето, зима, пролет, есен, топло, жешко, пекол, смрзнувачка- јас морам да спијам со чорапи на себе. :icon_lol: Најверојатно имам слаба циркулација, па нозете секогаш ми се мраз, и пред легнување обавезно си облекувам чорапи.:)
Имам капацитет на меморија до 5 телефонски броја максимум. :icon_lol: Дури и мојот до пред некое време не си го знаев, па си го имав запишано во именик. :)
Јадам бурек со млеко, наместо со јогурт, и особено ми е вкусно ако млекото е чоколадно. :pos:
Кога јадам дома едната нога обавезно мора да ми е качена на столчето на кое што седам. Мајка ми ми ја мрази таа навика.:)
Кога менувам програми на ТВ, секогаш одам од 0 па наназад, се до прва програма. Наопачки родена :pos:
Во недостаток на време, навикната сум да пушам цигара додека јадам. :icon_lol: Ова е најчесто во школо, кога цел одмор ми оди во чекање ред за тост во „Сласт“, па после немам време за цигара по тостот, и затоа морам истовремено да јадам и да пушам. :)
Не можам да мочам во т.н. „чучавец“ зошто ми се прскаат патиките и фармерките. :pos: Исто не можам да мочам пред некој друг, дури ни кога е од другата страна на вратата. :icon_lol: Некако имам трема во такви ситуации, и затоа ретко мочам во јавни вециња. И поради „чистотата“ плус.
Насабајле кога сум прва смена во школо, исто од недостаток на време, кога одам во веце, мијам заби додека седам на шоља :pos:
Секогаш заспивам на лева страна, и во текот на ноќта скоро воопшто не се помрднувам, што на крај резултира со здрвена цела лева страна од телото :pos:
Толку. :)


ајде бе..!!!!!:tapp: :kesa:


а за тоа заборавив и јас нонстоп лева нога на стол дали јадам или на компј. или на ''сколија''.
 
Пишувам со лева рака,ако го сметате како карактеристика тоа:)
Во ден знам да сменам 8957395733 различни расположенија.Повеќе сакам зима отколку лето.
Кога спијам,најчесто наутро се наоѓам на земја до креветот.:)Многу мрдам додека спијам.
Кога се смеам,автоматски и плачам,солзи рониме било на арно било на лошо.
Имам некое фотографско памтење,точно знам што на која страница се наоѓа и во кој агол.Не заборавам лица,само имиња:)
Дома седам цело време по пижами оти ме мрзи да се облекувам по 100 пати на ден:kesa:
 
Пред да си легнам мора буквално секое светло да е изгасено у собата дури го гасам и мониторот да не ми свети :)
Неможам да учам (ништо не ми влага у глава) ако не си седам на бирото а нозете да ми се испружени на кревет
Јадам во многу мали залци, ми треба околу 20 мин. да се најадам ......
 
не јадам кајгана и никад не сум пробала да јадам :jaj:

не знам да возам ролерки, а и со точакот тешко ми иде :pos:

ставам кечап на све, дури и на богата палачинка од амати (цела со шлаг), ако дома неам храна, обавезно имам кечап и го цуцам :)

секое сабајле се будам у 5:00 - 5:10 и идам да пијам вода (у последниве месеци си ставам шише вода до креветот за да не морам да идам до веце)

алармот мора да ми биде подесен у некое бош време на пр. у 6:28, 8:02(никогаш у 6:30 или 8:00)... и скоро секогаш се будам точно една минута пред да заѕвони алармот

кога сум се родила сум искачала со папочната врвца напред што се дешава еднаш во 1000 породувања, и при такви пораѓања бебињата обично умираат

погаѓам коа глеам на кафе, а во мојот филџан НИКОГАШ немало фигури

нема шанси да заспијам цела ноќ ако само еднаш си помислам дека не ми се спие

не можам да заспијам без музика, и потсвесно у сон си ја слушам, па некад ми се дешава коа ќе слушнам некоја песна што ја сакам, да станам од кревет сред ноќ, да играм низ соба, и пак да си легнам и да си заспијам

алергична сум на безброј ствари па пола живот ми е поминат у кивање и кашлање

предните 2 заба ги скршив на 1 септември коа бев прво одделение

ако некој забар ми ја утне пломбата - нема везе, моите заби ионака ќе го исфрлат вишокот на пломба

сама се шишам, и скоро никад не се чешлам

обожавам да дишам хелиум и понекад купувам хелиумски балони, ги кинам и дишам....

си зборам со животни, а понекад и со предмети

имам керамичка овца - Станка, па и со неа си зборам :)

пијам пиво и кока - кола
вино и степ од шумско овошје

можам да мрдам со ушите (горе-доле и лево-десно) :pos:
 
Забележав дека секогаш ги кинам фискалните сметки по должина, на четири дела а потоа сите делови ги виткам во спирала :) Појма неам што ми е финтата ама ете, навика...
Не можам да заспијам ако вратата од собата ми е отворена... И друго не ми текнува сеа за сеа...
 
Секогаш при влегување во куќа/стан ги соблекувам чевлите/папучите/ влечките - нон стоп одам бос низ дома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom