Isto kako vie od DPMNE. 2-te se protiv Makedonija.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AA11D ... D9CB41902F
Заборавени бранители
Се сеќавате ли на 2001 година? Војната, конфликтот или што и да беше, одамна заврши, барем за најголем дел од нас. Но, таа се' уште трае за оние што ја бранеа својата земја и за семејствата на оние што никогаш не се вратија. Тие не ја заборавија татковината, но таа веќе седум години покажува дека ги заборави нив.Типично македонски, Македонија од самиот почеток како да им го сврте грбот на оние што ја бранеа. Во истиот манир, ги заборави и сега, кога политичките првенци во екот на предизборната кампања му се обраќаат на секој сегмент од општеството, ветувајќи ридови и долини. Но, не и на тие војници и полицајци.Формално, ветераните на АРМ и на МВР требаше да бидат задоволени со закон што им гарантираше посебни права. Во практика, законот на најголемиот дел од нив им донесе парче хартија со кое се потврдува дека како припадници на војската или на полицијата учествувале во конфликтот, понекое ветување, кое до денес не се оствари и - ништо повеќе. Згора на се', државата сега со камата им ги зема парите што им ги досуди како надомест. Тоа ли е честа што една држава им ја укажува на своите бранители?По поразот што го претрпеа од сопствената држава, ветераните сами си подготвија закон за правата што сметаат дека им припаѓаат и тргнаа во нова битка - против заборавот. Но, во кошницата од изборни ветувања на политичарите нема ниту еден збор за нив.
Додека македонскиот политички блок ни „по грешка“ не ги споменува своите борци, партиите на македонските Албанци ги величаат своите ветерани од ОНА. Прашањето за нивните права стана и дел од мерилото за ефективниот „политички дијалог“ и безмалку критериум за внатрешна стабилност на патот до евроатлантските интеграции. Бројот и спомен-обележјата за борците од секоја од страните и не вреди да се споредува.Партиите од македонскиот блок, затечени од револтот на ветераните, се правдаат со „тивка поддршка“. Но, ако во практика ги поддржуваат, зошто тогаш бранителите од АРМ и МВР со години се принудени да си ги бараат правата? Зошто самите предлагаат закон? Зошто трчаат да ги соберат потребните потписи? Ако партиите ги поддржуваат бранителите, каде е онаа дисциплина со која се полнат автобуси за митинзи и протести, и плоштади за говори? Ако во „мајскиот“ или „мартовскиот“ договор е предвиден социјален пакет за борците на ОНА, а за бранителите од МВР и АРМ е предвидено да и' враќаат на државата пари со камати, тоа воопшто нема да придонесе за унапредување на меѓуетничките односи. Напротив, ќе придонесе за нов револт и незадоволство. Така не се гради мултиетничко општество, ниту се промовира принцип на еднаквост на граѓаните. Така се прави груба дискриминација, со висока цена за мирот и стабилноста. Тоа на земјава во овој момент најмалку и треба.
Игор К Илиевски