Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе паметњакович , те фати некој за гуша да одиш. Ако ти се оди оди , ако не не.
Стална работа денес има само во државно, се друго е мање више на договор од еден месец до година.
И јас имам работено не ваква работа туку бетер и тоа со договори на еден месец. Па што, сум паднал во криза, ми требале пари и тогаш не прашуваш каква е работата туку дали има. И што ако има ѓупци, ти нешто националист ми глумиш. Тие не се луѓе??
Инаку моментално не сум во работен однос ( од пред некој месец) но работам приватно и крпам некако. Така да немој мене да ми објаснуваш што е сезонска и тешка работа. Кога ке размислам уште лавот во золошката што го немам рането.[DOUBLEPOST=1394023693][/DOUBLEPOST]
Исто збораме ама реакциите не ни се исти. Ти си инвестирал во себе но сега засега инвестицијата не ти се има исплатено. Ете ке речиме дека си направил погрешен избор дали од наивност или од желба за повеќе или нешто друго. Тука треба да се кривиш сам себеси и никој друг пошто никој со сила не те натера да направиш било што. Државата можеби ти овозможила но не те натерала да студираш. Тоа било твој и само твој избор што значи и твоја грешка. Или можеби не, се врти тркалото.
Ај не лажи
 
Немам попаметна работа тебе ке те лажам. А и што фактор си ти па да те лажам воопшто.
толку си се снашол нели ? Пошо има работа за секого па работиш безвезе
 
толку си се снашол нели ? Пошо има работа за секого па работиш безвезе
Сега ако веќе морам да ти цртам, сум останал без работа пошто си дадов отказ.
Зошто дадов отказ е сосем друга работа.
Зошто сум моментално без работа има неколку причини од кои нити една не е поврзана со тоа дека нема или неможам да најдам работа. Далеку од тоа дека ми е дојден нож до коска или седам со скрстени раце.
Едноставно чекам ајде да речам да се поклопат некои коцки па да видиме што ке испадни ако испадни нешто. Во случај да дојди нож до коска одма можам да најдам работа но таа за жал нема да биди добра работа.
Друго што те интересира. Кој број чевли носам ?
 
Добар си. Првин ме правеше неспособен да најдам работа, па после сам си кажа што си работел. Ете тоа е мој заклучок за оваа сјајна држава
 
Добар си. Првин ме правеше неспособен да најдам работа, па после сам си кажа што си работел. Ете тоа е мој заклучок за оваа сјајна држава
Незнам што ти си заклучил.
Јас никаде немам речено дека сум работел директор или државно како многумина тука што мислат.
Работата е дека работа има, сега тоа што не ти се допаѓа каква е и колку е платена е сосме друга работа , а не дека нема работа како ти што тврдиш. Малце глупо е да речиш дека нема работа или неможиш да најдеш работа кога бараш одреден тип на работа. Како јас да фрлам дрвја и камења и да се акам од земја и да тврдам дека нема работа а никаде да не спомнам дека јас барам да бидам уствари космонаут. Е таква нема, барем не тука. Можеби во НАСА.
Така да што работа ти бараш што толку неможеш да најдиш?
Сакаш да бидеш шевче, менаџерче , државно , нешто до кај 1000 евра ако може и затоа плачиш дека нема работа.
Спушти си ги малце критериумите и засукај ги ракавите, ке најдиш нешто како и најголемиот процент на луѓето.
Сега ако се сметаш за нешто посебен и имаш пари на страна или има кој да те рани, барај си таква работа каква си наумил. Незнам што да ти речам.
Можам само еден совет да ти дадам вака од искуство. Никогаш немој да дозволиш да се доведиш во ситуација да неможиш да бираш работа или да мораш да ја прифатиш првата работа што ке ти се понуди пошто секогаш таа работа без исклучок би била најтешката и најмалце платената.
 
Едно време памтам Спиро рече "Работа има, ама нема млади за да работат", многу му се смееа дека збори глупости но ако го видиш уште еднаш ке видиш што е проблемот. Јас имам многу другари кои моментално бараат работа, јас им пратив некои линкови за работа и тие ми рекоа "Нормален ли си ти, јас ли ке работам физичка работа за 15,000". Епа што да ви правам, сите барате 20,000 а нејкете да се помачите.

Кај мене во фамилија сите се со факултет тоа е традиција па исто и јас. Татко ми и мајка ми се со факултет и зимаат плата од 31,000 а мајками од 28,000. Баба ми и дедо ми исто така се со факултет и двајцата зимаат пензија од прилика 20,000.

Бидејки бев студент и од секогаш сум сакал сам да правам пари барав работа. Ми требаше многу малце време да најдам работа да истоварам во магацин за 15,000. Немав искуство ниту струка па тоа работев, не барав ништо над тоа. Се си мислев дека ке си останам со таа работа. Студирав компјутерска форензика на приватен курс и завршив, исто така студирав компјутерско инжинерство на ФИНКИ. Имав диплома од ИЕЛТС со 7.3 резултат за Англиски Јазик.

Кога го завршив курсот за компјутерска форензика кое траеше 3 години и криптација кое траеше 2 год и факултетот јас одмна добив понуди за работа. Добив работа да работам во Бугарското МВР за 2030 лева (64,000 денари) или во нашето МВР за 94,000 ден месечна плата. Иако имав другари кои студираа од Германија со мене кои ми викаа да дојдам во Германија да работам како компјутерски форензичар во нивното МВР за над 7,000 евра плата. Бидејки скоро секаде во светот се бараат компјутерски форензичари.

И после сето тоа денес пак гледам некои како се бунат дека сакаат да работат и да зимаат плата од 20,000 а едвај со врски завршиле средно. А и па некои викаат дека е срамота со тоа што во други по развиени држави чистачи зимаат 2,000 евра а кај нас 100 евра. Тоа е штета разбирам но мала и нова што трпевме инфлација немаме економија како Германија или Франција за да ги качиме платите толку високи.

ИТ секторот секаде цвета пријателе. Денешното живеење се сведува на технологија такада најдобра инвестиција што може некој да ја направи во Македонија е да почне да студира во таа област.

Проблемот е што во Македонија многу такви сектори имаат потреба за квалификуван кадар, научници, менаџери, сметководители, секој според своите можности да го работи тоа што го бива. Ама кога луѓе како што викаш со едвај завршено средно, врска си немаат од струката завземаат место каша попара настанува.

Се додека не зависиш од Македонската економија со интернет услугите можеш многу убаво да живееш. Јас без факултет, без никакво знаење за кодирање, се пробав во Интернет Маркетинг и вадев солидни 20-25.000 денари. Да знаев нешто од програмирање верувам дека ќе стигнев плата како твојата. Ако ти се пружи шанса оди во германија, пошто мноогу добри услови им се дава на работниците од овој сектор.
 
Спасот е само иселување. Ко ќе подразмисли чоек два пати тоа не е иселување. Не е нити емиграција. Евакуација е.

ako mislele tvoite doma taka , nemalo da se rodes vo makedonija, sepak mislam deka treb da se borime ovde porano starite nemale za jadenje a kamoli za drugi luksuzi , da e teska ziveackava teska e
ama izlez nadvor nema nikoj ne te ceka so sirum otvoreni race !!![DOUBLEPOST=1394086858][/DOUBLEPOST]
Едно време памтам Спиро рече "Работа има, ама нема млади за да работат", многу му се смееа дека збори
a probal li toj minister da raboti za 6000 den ili za 8000 denari
ili op odma minister. treba da se ima sens dobro mu odgovori Antonio miloski nego !!!
 
Последно уредено:
Исто збораме ама реакциите не ни се исти. Ти си инвестирал во себе но сега засега инвестицијата не ти се има исплатено. Ете ке речиме дека си направил погрешен избор дали од наивност или од желба за повеќе или нешто друго. Тука треба да се кривиш сам себеси и никој друг пошто никој со сила не те натера да направиш било што. Државата можеби ти овозможила но не те натерала да студираш. Тоа било твој и само твој избор што значи и твоја грешка. Или можеби не, се врти тркалото.
Не зборував лично за мене, јас сум вработен на струката. Овозможување и стимулирање не е исто. Од моите најблиски колеги само минимален дел работат тоа што го учеле, останатите кој што се снашол или седат дома. Тоа е мизеријата за која што ти зборував.
 
Сепак пак стојам на моето. Високото образование не е задолжително, секој на свој ризик. Државата им овозможила или им олеснила да завршат факултет но не ги натерала. Да ги натерала или да беше задолжително друг муабет ке беше, ама вака секој имал избор дали ке потроши уште неколку години на дообразување или ке си го бара чарето поинаку. И твоите колеги зошто не работат по струката. Дали причината е тоа што нема потреба од толкав број на такви кадри или е нешто друго во прашање. Дали тие пред да решат да се запишат на тоа што се запишале провериле колкава е потребата од таков кадар. Или ајде сите на факултет одат дај и ние ке одиме.
 
Немало работа бухахахахахахахахахахаххахахаахахахаха...
Можам во моментов да набројам 20 бизниса кои можете да ги почнете со буџет не поголем од 2 илјади евра.
 
Немало работа бухахахахахахахахахахаххахахаахахахаха...
Можам во моментов да набројам 20 бизниса кои можете да ги почнете со буџет не поголем од 2 илјади евра.
Е тоа!
То мајсторе
мал бизнис, тоа му е сега мајката

Еве, како човек кој со години се занимава со таканаречен мал бизнис, можам отворено да кажам дека сега е најтешко од било кога да се занимава некој со ова.

Кога ќе ми текне на кампањана "Осмели се" (пред неколку години) - ми се поврзуваат полека коцките. Они ги охрабруваа малите луѓе да ги вложат тешко спечалените (или позајмените) пари, во мал бизнис, за сеа по неколку години да им ги соберат и тие и све што имаат.
Мора некој да работи три смени за 9000 у индустријскине зони.
 
Немало работа бухахахахахахахахахахаххахахаахахахаха...
Можам во моментов да набројам 20 бизниса кои можете да ги почнете со буџет не поголем од 2 илјади евра.
Aјде наброј еден од тие 20 бизниси
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom