Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Од пред 8 10 години до сега цената на струјата е зголемена за 100 % може и повеќе со тиа 200 евра што ќе си ги земал тогаш и сега не е исто пред 10 години струја сметката беше 800 до 1000 денара за 300 kwh сега како што се зголемува цената толку ќе почнат да ни идат за вода сметките за 3 члено семејство работа за некои со 25 + години стаж нема за џабе се одвојувале толку пари за агенцијата за вработување . А да не збориме за младиве 8050 денари минимална плата па ќе ти се изживуваат врз тебе како ти си под тиа менаџери газди директори итн. Кратат на дневници како нив им одговара дури по 100 евра замисли одиш 28 дена на работа треба да земиш околу 13 илјади 14 илјади а ти даваат 8000 денари .
 
Дали тоа би требало да значи дека Македонија има сега 380,000 жители, пошто нели 80% се иселиле од државава ?! :tapp:


Јас ти кажувам од тие што ги познавам. Не зборувам за статистика , можеби од твоите познаници никој не се иселил.
Јас сум иселен веќе неколку години и бројот на Македонци кој што доаѓаат постојано се зголемува.
Нема смисла да дискутираме кога сме на различни фреквенции , за тебе во Македонија тече мед и млеко и ситуацијата е многу добра, инвестиции колку што сакаш. Па незнам зошто би биле дел од Европска унија кога веќе имаме милионски инвестиции и сите ќе се вработат на минималец. :pos:
 
А платата од 8000 ден. е обична партизирана пропаганда.
Еве сведоштво на еден вработен за висината на платите во Дрекслмајер.
http://forum.kajgana.com/threads/Дрекслмајер.60142/page-6#post-6432998

Имам и контра ова како може на некој 6000 денара да му скратат од плата ? А работел и сабота и недела еве кажуваат кавадарчани напуштале дури по 4 души на ден толку не примаат они дневно.
Мој братучед ќе напушта кога ќе му истече договорот и заминува правец Австрија.
Комшија исто така ќе напушта ќе отиде у Италија 3 месеци ќе донесе 2500 до 3000 евра другата година пак . А да и уште немам сознанија како се осигурани во пензиско дали се на целосна плата што им ја даваат на некои по 14 илјади ден. 13 илјади ден. по 10 илјади ден. можно е и тиа да се осигурани на 8050
 
Зар Латас и ШИТел не ги гледате!.Во МК тече мед и млеко вработувања на секаде, се отвараат фабрики абе земјава е најдобра во регионов (по катастрофа и невработеност:place:) и т.н. А најако е што владава се рекламира по светов дека имаме и најевтина работна сила дури и кинезиве ги изедове. Ех! оваа Македонија.
 
За странство размислувам подолго време исто и за бугарски пасош само проблемот е што и тука треба кеш. Неќам да се жалам али се што подработувам дома оставам. Како на пример правење семинарски, дипломски, кафичи и други глупости. И bitushanec да државата се поеќе тоне. Мајка ми остана без работа од времето на Бранко и подобро се живееше тогаш. Работеше нешто приватно, поевтини беа цените не беа скапи комуналиите. Сеа е катастофа. Ако нешто се каам тоа е што гласав за ВМРО во 2008 и 2011 год.
 
Кинезиве одамна не изедоа, таму се инвестира во државата, т.е. лугето...таму минималната плата е веќе 200 евра загарантирана....ние не сме мрднале со децении...лугето гледаат само за леб и манџа да има....не знам кој ќе ги остави политичариве мирно да си го живеат животот кога ќе остарат....се кладам дека ќе се најдат будали што ќе им го уништат удобниот живот тогаш. Се собрале стотина ѓубриња и управуваат со два милиони народ....
 
Кинезиве одамна не изедоа, таму се инвестира во државата, т.е. лугето...таму минималната плата е веќе 200 евра загарантирана....ние не сме мрднале со децении...лугето гледаат само за леб и манџа да има....не знам кој ќе ги остави политичариве мирно да си го живеат животот кога ќе остарат....се кладам дека ќе се најдат будали што ќе им го уништат удобниот живот тогаш. Се собрале стотина ѓубриња и управуваат со два милиони народ....

Па нашиов народ ќе ги брани коа им гарантираат државна работа и плата од 25 000
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 18:51 ---
И за во агенција за обезбедување треба врски?

За чувар треба врски пошто е огромна невработеноста. До сеа 10 огласи имам пратено за чувар џабе
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 18:55 ---
Вакви кадри ни требаат, ептен дефицитарни се. Посебно за државен службеник.
Јас не би ти препорачал да заминиш од земајта. Јас просто те молам аман замини од земјата. Јазик успат ке научиш, гледам способно и снаодливо дете си.

Тоа е моја грешка и си признавам. Боље електро да завршев ќе го учев 6 год барам ќе имав работа. Али другше размислував на 18 год и сеа на 24
 
Последно уредено од модератор:
Има работа во приватниот сектор, но треба да умееш да работиш нешто, да си стручен.
Условите се лоши, преваранти, мала плата, пријавување на пола работно време.... но сепак има работа...
Ако незнаеш ништо да работиш, и немаш работно искуство, нормално дека потешко ке најдеш работа..
 
Тоа е моја грешка и си признавам. Боље електро да завршев ќе го учев 6 год барам ќе имав работа. Али другше размислував на 18 год и сеа на 24

Работа има колку да сакаш, само нема легачка. Тоа е маката.
 
Во кој приватен сектор? Има многу приватни сектори.

Најдолната работа како чувар, обезбедување, работа во приватна фирма преку агенцијата за вработување и други.
 
Најдолната работа како чувар, обезбедување, работа во приватна фирма преку агенцијата за вработување и други.

Јас си мислев општо бараш работа, а не по струката.
 
Работа има колку да сакаш, само нема легачка. Тоа е маката.

Точно, има работа посебно во IT сектор за ептен солидни плати но треба да те бива. Други сектори кои моментално поминуваат добро се архитектура, машински, медицина и горе долу сите занаетчиски (фризери, шминкери, столари...)

Незнам што сите се фатиле за обезбедување и чувари, седнете, разгледајте што пазарот нуди и остручете се.

Бегање надвор е најлесно но имајте на ум дека таму ќе ве третираат како граѓани од најнизок ред, ќе чистите wc-а за 2-2500 евра или ќе мешате малтер

Не е најсјано тука но со упорност ќе се снајдеш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom