Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Колку се платите точно ?

зависи каде си вработен, во банките од 12-18 000 се пријателиве, во магицини, ноќни клубови од 12-20 000 денари месечно. Се зависи кој си, за кого работиш, како работиш и колку работиш ;)
 
Во банки е поголема платата од 12-18, 18 е дури почетна
 
За државна работа не ни правам муабет. Ако немаш врски или книшка џабе. Сега ни во приватниот сектор неможеш да се вработиш. И таму бараат врски, државава се повеќе тоне. Сеа искочи некој проект на Владата за вработување со субвенции за 8500 плата. И таму поднесов апликации во агенција за вработување ни таму нема одговор. Катастрофа поготово за младите што се без врски.


Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%? Не дека сега е нешто добро, ама е подобро е од катастрофата пред 10 години. Барем се вршат обиди да се донесат странски инвеститори кои ќе градат огромни фабрики и ќе вработуваат илјадници луѓе.

Работа има, само што на денешнава младина не и се работи и сака со седење и неработење да зема 30,000 - 60,000 денари плата, а завршиле некој занат или поминале низ училиште онака, па немаат познавања ниту од една струка, ниту од комјутери, ниту знаат јазици итн.Со седење цел ден по кафулиња, шетање и фантазирање дека во странство тече мед и млеко и да се бега во странство и таму со лежење да земаат 1000 евра плата, ништо не се прави. Кој сака и е вреден и му работи гавата, може да успее и во Македонија.

Факт е дека има безобразни работодавачи, кои не ги плаќаат работниците или ги плаќаат малку или со големи задоцнувања, но факт е дека има и чесни работодавачи. Јас сум работел хонорарно и за чесни и нечесни работодавачи во Македонија, така да ситуацијата не е ниту црна, ниту бела, туку нешто измеѓу.
 
Факултет за безбедност, лиценца за обезбедување, положени испити за државен и јавен службеник со максимум бодови

1604681_638950832821118_1298035862_n.jpg
 
Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%?


Како може државава да имаше 2 150 000 пред 10 години граѓани, а сеа неофицијално да има нешто помалце/околу од 1 500 000 ?!
 
Во банки е поголема платата од 12-18, 18 е дури почетна

Зависи во која банка ;) за таму врски упм треба да имаш скоро секаде по банкиве работат некои истушени што може дете да ги шамари во најмала рака, али имале подобри врски.
 
Не дека сега е нешто добро, ама е подобро е од катастрофата пред 10 години. Барем се вршат обиди да се донесат странски инвеститори кои ќе градат огромни фабрики и ќе вработуваат илјадници луѓе.

Работа има, само што на денешнава младина не и се работи и сака со седење и неработење да зема 30,000 - 60,000 денари плата, а завршиле некој занат или поминале низ училиште онака, па немаат познавања ниту од една струка, ниту од комјутери, ниту знаат јазици итн.Со седење цел ден по кафулиња, шетање и фантазирање дека во странство тече мед и млеко и да се бега во странство и таму со лежење да земаат 1000 евра плата, ништо не се прави. Кој сака и е вреден и му работи гавата, може да успее и во Македонија.

Факт е дека има безобразни работодавачи, кои не ги плаќаат работниците или ги плаќаат малку или со големи задоцнувања, но факт е дека има и чесни работодавачи. Јас сум работел хонорарно и за чесни и нечесни работодавачи во Македонија, така да ситуацијата не е ниту црна, ниту бела, туку нешто измеѓу.
Ситуацијата поцрна никогаш не била. Ако читаш наназад, со една работничка плата се издржуваше семејство. Цените се енормно зголемени, платите реално многу намалени. На сето тоа во најсиромашната држава во Европа заедно со Босна и Албанија, султанот ни се потсмева, давајќи субвенции за шарпланинци.
Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%?
Муабетот погоре беше 200-250 евра се платите на обезбедувачи. Истите земаа пред 10тина години земаа 2/3 повеќе до дупло.Нека ме корегира @Мајмун ама толку беа преку агенции.
 
Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%? Не дека сега е нешто добро, ама е подобро е од катастрофата пред 10 години. Барем се вршат обиди да се донесат странски инвеститори кои ќе градат огромни фабрики и ќе вработуваат илјадници луѓе.

Работа има, само што на денешнава младина не и се работи и сака со седење и неработење да зема 30,000 - 60,000 денари плата, а завршиле некој занат или поминале низ училиште онака, па немаат познавања ниту од една струка, ниту од комјутери, ниту знаат јазици итн.Со седење цел ден по кафулиња, шетање и фантазирање дека во странство тече мед и млеко и да се бега во странство и таму со лежење да земаат 1000 евра плата, ништо не се прави. Кој сака и е вреден и му работи гавата, може да успее и во Македонија.

Факт е дека има безобразни работодавачи, кои не ги плаќаат работниците или ги плаќаат малку или со големи задоцнувања, но факт е дека има и чесни работодавачи. Јас сум работел хонорарно и за чесни и нечесни работодавачи во Македонија, така да ситуацијата не е ниту црна, ниту бела, туку нешто измеѓу.


Значи скоро поливина милион се иселиле од државата од нив 90 % биле невработени во Македонија, и нормално дека ќе падни невработеноста.
Интересно ќе е да се направи статистика колку од тие 45 % невработени што ги кажуваш денес се вработиле а колку се надвор ?

Колку што има мрзливи работници толку има и безобразни газди.
 
Ситуацијата поцрна никогаш не била. Ако читаш убаво, со плата од работа во магацини и стоваришта сум издржваул семејство. Сега ни со 2 факултетски плати не може да се помине месец. Откако дојде коџабашијата па дава субвенции и за чување врапци у олук, цените се енормно зголемени. Муабетот погоре беше 200-250 евра се платите на обезбедувачи, а земаа пред 10-15 години 500 и над 500 евра. Како ќе го објасниш тоа освен со допирање на дното и многу лошо водење економија?

Уште да почнеш да ме убедиш дека странските инвестиции не чинат и дека пред 15-20 години кога се затвораа и разграбаа илјадници индустриски објекти и кога 50% од народот остана без работа било подобро од сега:pos: Продавај ги овие муабети на партиски митинзи, ама јас барем сум искусил како е да се живее со 5000 денари плата на татко ми која ја добиваше на 2-3 месеци во фирма гигант, во времето на транзиција, а друга работа немаше ниту за лек.
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 14:35 ---
Значи скоро помивина милион се иселиле од државата од нив 90 % невработени биле во Македонија, и нормално дека ќе падни невработеноста.
Интересно ќе е да се направи статистика колку од тие 45 % невработени што ги кажуваш денес се вработиле а колку се надвор ?

Колку што има мрзливи работници толку има и безобразни газди.

Да се иселиле 500,000 од Македонија, тоа значи да нема 1/4 од полулацијата во државава, што секако не е точно. Македонија никогаш реално немала повеќе од 1,8 мил. жители, друг е проблемот што се пумпа бројот на албанците во Македонија.
 
Последно уредено од модератор:
Уште да почнеш да ме убедиш дека странските инвестиции не чинат и дека пред 15-20 години кога се затвораа и разграбаа илјадници индустриски објекти и кога 50% од народот остана без работа било подобро од сега:pos: Продавај ги овие муабети на партиски митинзи, ама јас барем сум искусил како е да се живее со 5000 денари плата на татко ми која ја добиваше на 2-3 месеци во фирма гигант, во времето на транзиција, а друга работа немаше ниту за лек.
Што помогнаа тие инвестиции? Инвестиции за вработување поддржани од македонскиот буџет, со плата 8000 денари. Најлоши параметри у Европа, најголем број вработена администрација од партиски штабови и позициски градоначалници, за 5-10 години зголемена дури за 50% и ти збориш за успех? Отиде далеку темата. А таа е лакмус за една од најлошите економии во Европа затоа што со школи, обуки и вештини, лице тешко може да најде пристојно платена работа.
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 14:40 ---
Да се иселиле 500,000 од Македонија, тоа значи да нема 1/4 од полулацијата во државава, што секако не е точно. Македонија никогаш реално немала повеќе од 1,8 мил. жители, друг е проблемот што се пумпа бројот на албанците во Македонија.
зошто тогаш немаше попис кога во повеќето места самите попишувачи изјавуваа дека скоро завршил?

Еве едноставен пример. Дали можеш да најдеш статистички податок колку работници работат во земјоделието?
 
Последно уредено од модератор:
Уште да почнеш да ме убедиш дека странските инвестиции не чинат и дека пред 15-20 години кога се затвораа и разграбаа илјадници индустриски објекти и кога 50% од народот остана без работа било подобро од сега:pos: Продавај ги овие муабети на партиски митинзи, ама јас барем сум искусил како е да се живее со 5000 денари плата на татко ми која ја добиваше на 2-3 месеци во фирма гигант, во времето на транзиција, а друга работа немаше ниту за лек.
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 14:35 ---


Да се иселиле 500,000 од Македонија, тоа значи да нема 1/4 од полулацијата во државава, што секако не е точно. Македонија никогаш реално немала повеќе од 1,8 мил. жители, друг е проблемот што се пумпа бројот на албанците во Македонија.


Значи јас од тие што ги познавам 80 % се иселиле во последните 10 години, од кои повеќето се 4 члени семејства.
Нека се направи попис па ќе ги видиме реалните бројки.
Бесмислено е со тебе да се зборува. Кога веќе владата ти го испрала мозокот.
 
Последно уредено од модератор:
Што помогнаа тие инвестиции? Инвестиции за вработување со 8000 денари. бог да чува, султанска работа. Најлоши параметри у Европа, најголем број вработена администрација од партиски штабови и позициски градоначалници, за 10 години зголемена дуи за 50% и ти збориш за успех?

Македонија имала најложи параметри во Европа според тебе, а светската банка вели дека на Македонија и иде подобро од сите соседи: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=67647

Тие инвестиции помогнаа така што само од еден Дрекслмејер, скоро сите млади во Кавадарци и Неготино добија работа. Камо да се изградија 10 такви фабрики во Скопје, или по една во Паланка, Пробиштип, Ресен, Охрид, Кичево, Мак. Брод, Струмица итн.

А платата од 8000 ден. е обична партизирана пропаганда.
Еве сведоштво на еден вработен за висината на платите во Дрекслмајер.
http://forum.kajgana.com/threads/Дрекслмајер.60142/page-6#post-6432998
 
Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%? Не дека сега е нешто добро, ама е подобро е од катастрофата пред 10 години. Барем се вршат обиди да се донесат странски инвеститори кои ќе градат огромни фабрики и ќе вработуваат илјадници луѓе.

Работа има, само што на денешнава младина не и се работи и сака со седење и неработење да зема 30,000 - 60,000 денари плата, а завршиле некој занат или поминале низ училиште онака, па немаат познавања ниту од една струка, ниту од комјутери, ниту знаат јазици итн.Со седење цел ден по кафулиња, шетање и фантазирање дека во странство тече мед и млеко и да се бега во странство и таму со лежење да земаат 1000 евра плата, ништо не се прави. Кој сака и е вреден и му работи гавата, може да успее и во Македонија.

Факт е дека има безобразни работодавачи, кои не ги плаќаат работниците или ги плаќаат малку или со големи задоцнувања, но факт е дека има и чесни работодавачи. Јас сум работел хонорарно и за чесни и нечесни работодавачи во Македонија, така да ситуацијата не е ниту црна, ниту бела, туку нешто измеѓу.


Пред некој ден имав прилика со еден „спремен дечко и врвен кадар“ да се сретнам кој котира многу добро во партијата и е вмешан во многу владини проекти, но замисли дечкото незнаеше да си пушти ни интернет на телефонот, зборува на стил од некој кој цел живот нема прочитано ни 200страни. Од тие 3-4 саати поминати со него сфатив дека му купиле на приватен факултет една дипломичка и неговите го наместиле на позицијата, а него не го бива носот да си го избрише. Кај одиме со ваквите?
Моментално ситуацијата во државата е повеќе од трагична, невработеноста се намали на многу лош начин друже, сите идиоти се запишаа на факултет па сега имаме повеќе студенти од 10пати поголеми земји од нас, знаеш ли кога ќе се вработат сите тие? Дали е некој свесен да ги блокира факултетите да примаат нови кадри или да ги дигнат критериумите за прием или пак додека народот се лаже и секој фрла пари за студирање е добро, факултетите ќе земаат пари, буџетот се полни и нема криза? Па ми се гади кога гледам школски мои кои незнаеа да читаат до средно и имаа еден куп изостанци да се запишани на факултет и што е потрагично и ќе го завршат.
Како е можно во земја од 2 милиони жители да имаме толку факултети за една иста работа со толкави квоти, со критериум за влез на доволни или добри ученици од средно? Со рекламава за техничките науки гледам во мојата струка му ја прошириле + 60 души квотата (дупло од мојата генерација) и примаат и ќоро и слепо, предметите станале пола изборни и делат дипломи на секоја будала. На правен, економски и ....други факултети кои ги имаш и на приватниве имаме студенти Германија да ја снабдиме со кадар, а камоли Македонија. Мислиш со ова дека е подобрена ситуацијата? Знаеш ли која е загубата да инвестира државата наша во студентите, а после тоа да ги испраќаме надвор од земјава и да работат за други држави? Субвенциите гледам се лажи народот и мисли дека стварно одат како што треба, но што со откупните цени? Еве го годинава тутунот се плаќа според лепота, во Тутунски комбинат правеа договори по лепота и гледам на некои му го платија и по 200 денари од килограм без субвенции, приватниците никој не ги контролира и ни го зедоа по 120 денари од килограм за ист квалитет. Ако отвориш приватен бизнис од казни неможеш да функционираш ни 2 месеци. Нормално е тоа? Цените на сите продукти за нормален живот се отидени до небо, а платата гледам не мрда никаде освен пензиите на пензионерите и единствено се подобрува за нив и администрацијата во владините објекти. Не одиме напред вака пријателе, батките кои се збогатија преку вечер и си возат џипови од 100к не ги чепка никој, а другите неможеме да купиме ни една половна кола од увоз со штедење од 10години, на месечно ниво сметките за струја се поголеми и поголеми, платите во РЕК Битола како да се со златна цицка доени тие, инжењерите во други фирми земаме по 200-250 евра, а таму преку 1000евра месечна плата. „Браќата“ на битпазар не плаќаат ниту даноци ниту сметки, Тетово, Гостивар колку што се движам јас се прават превари секојдневно, но таму инспекциите и контролите имаат наочари со грешен диоптер и никој не одговара за ништо, а на друго место за најмала ситница добиваш катанец на фирма со казна од 10к и одземање на лиценца. Не не бива пријателе, не не бива вака ќе тапкаме уште многу време оти земјава за некој е мајка, а за некој маќеа.
 
Значи јас од тие што ги познавам 80 % се иселиле во последните 10 години, од кои повеќето се 4 члени семејства.
Нека се направи попис па ќе ги видиме реалните бројки.
Бесмислено е со тебе да се зборува. Кога веќе владата ти го испрала мозокот.


Дали тоа би требало да значи дека Македонија има сега 380,000 жители, пошто нели 80% се иселиле од државава ?! :tapp:
 
Македонија имала најложи параметри во Европа според тебе, а светската банка вели дека на Македонија и иде подобро од сите соседи: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=67647

Тие инвестиции помогнаа така што само од еден Дрекслмејер, скоро сите млади во Кавадарци и Неготино добија работа. Камо да се изградија 10 такви фабрики во Скопје, или по една во Паланка, Пробиштип, Ресен, Охрид, Кичево, Мак. Брод, Струмица итн.

А платата од 8000 ден. е обична партизирана пропаганда.
Еве сведоштво на еден вработен за висината на платите во Дрекслмајер.
http://forum.kajgana.com/threads/Дрекслмајер.60142/page-6#post-6432998
Ако ги читаш тие текстови, на Косово му иде најдобро.

Ај пак да те прашам оти спомена попис и намален број невработени...дали можеш да најдеш податок за број на работници во фирми и семејни стопанства во Македонија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom