Како може сега државата да тоне, кога пред 10 години невработеноста беше 45%, а сега е 29%? Не дека сега е нешто добро, ама е подобро е од катастрофата пред 10 години. Барем се вршат обиди да се донесат странски инвеститори кои ќе градат огромни фабрики и ќе вработуваат илјадници луѓе.
Работа има, само што на денешнава младина не и се работи и сака со седење и неработење да зема 30,000 - 60,000 денари плата, а завршиле некој занат или поминале низ училиште онака, па немаат познавања ниту од една струка, ниту од комјутери, ниту знаат јазици итн.Со седење цел ден по кафулиња, шетање и фантазирање дека во странство тече мед и млеко и да се бега во странство и таму со лежење да земаат 1000 евра плата, ништо не се прави. Кој сака и е вреден и му работи гавата, може да успее и во Македонија.
Факт е дека има безобразни работодавачи, кои не ги плаќаат работниците или ги плаќаат малку или со големи задоцнувања, но факт е дека има и чесни работодавачи. Јас сум работел хонорарно и за чесни и нечесни работодавачи во Македонија, така да ситуацијата не е ниту црна, ниту бела, туку нешто измеѓу.