Нема повеќе бесплатно гледање на Англиската Премиер лига!

  • Креатор на темата Креатор на темата Timmy_SR
  • Време на започнување Време на започнување
Тринг спорт пренесува со сигурност, за другиве 3 канала немам проверено, немам време кога да проверам, доле на ТВто кај што е сателитската Бандини се гледа 24/7 :@

Епа ако таа пренесува тогаш не ми треба Спорт клуб.Тие што се на кејбл тел можат да гледаат.Во тој мини дигиталниот пакет ја има оваа тринг спорт.
 
Епа ако таа пренесува тогаш не ми треба Спорт клуб.Тие што се на кејбл тел можат да гледаат.Во тој мини дигиталниот пакет ја има оваа тринг спорт.

Знам и јас го имам тој пакет, недај боже да ја скинат и оваа само.
 
Добро бе неможат ли тхоум, бумтв, кејблтел и телекабел заедно да го откупат преносот?
 
Нешто имаше на официјалниот форум од Sportklub дека наскоро ќе ја има на сите кабелски оператори во МК, знае нешто некој за ова, од кога ќе ја има и сл.???

ова беше објавено на форумот:
"SK ce uskoro biti emitovan nadamo se na svim kablovskim operaterima.
Obavesticemo vas o detaljima narednih dana.
Molimo za vase strpljenje.

Vas SportKlub"
 
Од мој агол:

Зошто отсуството на Премиер Лига во нашите домови е добра работа?

Дан испаднит сеа дека Ѕинго ми е брачед или дек навивам за Реал не дај Боже, па сум се нашол јас лајна да јадам овдека за то шо пола Македонија се спремат бунт да кренит заради то шо имаме неспособни телевизиски куќи. И јас радо би се оптегнал секоја сабота/недела на кауч дома, со нозете тро погоре качени и никој нишо да не ми речит. Усфари можда мајка ми ќе ме искарат, ама куќава не е кафич за да мојт да ме избркат, па не и е валиден гласот во муабетов. Доброто е шо како-така, ојме напред. Не бев излезен да киснам по кладилници одамна, а вчера седнав и Челзи си го глеав уз пивце и двајца другари, пола литар точено пиво шеефче, ладно макијато четириесет, да ти е мерак да пијаш и плус да частиш една тура.

Освен ефектот на „принудна" социјализација и подобрената атмосфера за време на натпревар (со исклучок на тие шо уплатиле помалце од 11 корнери па се нервирет на секој можен напад, и на двете страни), имат уште две поголеми придобивки.

Прво, децава од по 13-14 години ќе слушнет муабет дека на сателитска ги имало сите утакмици, па после тридневно распрашвење дали е то сфарно така(џанам сателитскава урбан мит е), ќе ги убедет кутрите родители да оптегачет бааги евриќи за антената. Детето добиват фудбал во својот удобен дом (и порничи 24/7, шо сепак не е мала работа), а родителите за возврат добивет среќен син со појак десен бицепс.

Второ, во цел свет овие работи функционирет на PayPerView принцип, односно „плати, па клати". Дури и во Англија се плаќа за да го гледаш нивното домашно првенството на телевизија колку шо знам, а со оглед на то шо информацијава ми е од енглез, така ќе да е. Значит ојме напред...

Три пати ура за европска Македонија и за светски принцип на емитување на спортски содржини. Три пати ура и за Бандини, Шехерезад, и секако, НА ВАШЕ БАРАЊЕ, Не дај се Нина. Фудбал ќе гледаме по кладилници или со стримој, пошо голем сум за да клавам сателитска за фудбал и порничи само, а не планирам да пратам првенство на Лајвскор.

Уште една добра страна - на стримојве имаш англиски коментатор, во полош случај кинески, руски или арапски. Во секој случај, го немаш Игорче Трпевски со неговите „инквизиции“.

П.С. Организирано гледање на Премиер лига, во Охрид засега во Премиер кладилница. Само да знајте, ретко врвит келнерка.
 
Мене пак една работа не ми е јасна.

Како е можно еден медиум, со добар капитал и одличен менаџмент да направи таква глупост со откупување на телевизиски права за Македонија, а притоа да не согледа дека во земјава Премиерлигашки фудбал нема да се гледа. Лани Сител платил повеќе од пола милион евра за права, значи СпортКлуб дале брдо више новца летово, досега гледано за џабе.

Или можеби сопственик на СпортКлуб е грк, па сака тој да не заебе. Теорија на заговор, ха!
 
Колку шо разбрав ја на Сител им барале миљонче за права и овие не дале :toe: Јас на сателицка иам Премиер лига на 3-4 канали...Кои има а неможе да најде можам да му ги кажам фреквенциите да си ги најде каналите
 
Кабелскиве оператори кај нас ја сменија Спорт Клуб Србија со Нова Спорт (Бугарска ТВ) иначе на оваа Нова Спорт даваат Германскион Куп,Лига на Шампиони и што е најважно ПРЕМИЕР ЛИГА. :)
 
Ќе се среди за неколку дена работава ако треба и на диво ќе стават кабелскиве оператори зашто без Премиер лига сите ќе им откажат.За во другиве градој ова сигурно ќе бит ама Скопјанчињата нека му ја мислат.
 
нема некодирани канали на сателитска кај што може да се следи англиско, ни италијанско, ни германско, ни шпанско. не лупајте глупости!!! со кардшеринг може, амо тоа се системи што коштаат околу 300 евра, но и тие не се сигурни затоа што провајдерите секојдневно наоѓаат нови начини како да го спречат кардшерингот, денес работи од утре не!!!. затоа не се залетувајте со купување на скапи сателитски системи стрпете се уште малце, ќе има Премиер лига во МКД.
 
Не брзајте бе, кај и да е ќе уклучат кабелскиве оператори, едноставно мора да уклучат ако сакаат да ги задржат муштериите. Ќе се снајдат некако, немајте гајле. Додуша јас имам Тринг Спорт па си гледам, ама на вас тешко ви е ве сфаќам, посебно за вас што навивате за некој од англискиве клубови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom