Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Овие не се за ЧДА. Ова е реалноста бе.извор
- Ако имате премногу отворен и слободен ум - ќе ви испадне мозокот.
- Не грижете се за тоа што мислат луѓето - тие ретко го прават тоа.
- Одењето во црква не ве прави верник, исто како што стоењето во гаража не ве прави автомобил.
- Не се фармерките оние кои ви го прават задникот да ви изгледа голем.
- Вештачката интелигенција неможе да се спротистави на природната глупавост.
- Ниту еден доказ не ја поткрепува тезата дека животот е озбилен.
- За секоја акција постои за и спротивна владина програма.
- Ако личите на сликата од пасошот, веројатно ви е потребно патување.
- Совеста е она што боли кога сите останати делови се чувствуваат фантастично.
- Мажите се од Земјата и жените се од Земјата. Помирете се со тоа.
- Никој никогаш не бил застрелан додека миел садови.
- Средовечност е кога ширината на умот и на струкот си ги заменуваат местата.
- Пропуштените прилики се секогаш подобри од оние остварените.
- Секогаш постои една будала повеќе отколку што сте сметале.
- Искуството е преубава работа. Ви овозможува да ја препознаете грешката кога ќе ја повторите.
- Немој да тежиш повеќе од својот фрижидер.
- Некој кој размислува логично е убав контраст на реалниот живот.
- Ако морате да бирате меѓу две зла, изберете она кое не сте го пробале.
1. Зошто луѓето нарачуваат дупли чизбургер и голем помфрит, а со тоа и диетална Coca-Cola light?
2. Зошто жените не можат да стават маскара со затворена уста?
3. Зошто зборот “кратенка“ е толку долг?
4. Зошто за да го изгаснеме Windows мораме прво да кликнеме на Start?
5. Зошто сокот од лимон се прави со додатоци, а средството за миење садови со мирис на лимон - од вистински лимони?
6. Зошто не постои храна за мачки со вкус на глушец?
7. Зошто иглата која се користи за еутаназија е стерилна?
8. Зошто кога батериите на далечинскиот управувач се скоро испразнети упорно стискаме посилно на копчињата?
9. Зошто ги переме пешкирите кои ги користиме по бањање? Зарем не треба да сме чисти во моментот кога се бришеме со нив?
10. Зошто пилотите-камикази носат кацига?
11. Како таблите со натпис “Забрането е газење на тревата“ стигнале до средина на тревникот?
12. Што се обидувал да направи човекот во моментот кога открил дека кравата дава млеко?
13. Дали вработените во Lipton (ice tea) имаат пауза за кафе?
14. Зошто “одвоени“ се пишува со еден збор, а “сите заедно“ со два одвоени збора?
15. Зошто продавниците кои работат 24 часа имаат брави и клучеви?
истиот извор од 1-от пост
![]()