- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.282
- Поени од реакции
- 13.025
Филозофијата дека поцврста/челична конструкција која не го менува доволно обликот при удар се покажа како фатална уште пред 50 години. Тоа што некои источно европски производители фураа со таква градба до раните 90ти е уште поголема утка и голем безбедносен пропуст. Секој модерен (направен од пред 20 години) западен автомобил е направен со технологија каде околината на кафезот е подложна на менување на обликот со цел да го ублажи ударот и да ја абсорбира енергијата. Така што, нит пезетките нит овие кинескиве армоники не се безбедни во ниеден поглед.
Сосема си во право, ама мораме да земеме во предвид една работа, а тоа е дека сите тие челични конструкции никогаш не го сменија системот со кој работеа, само го модернизираа, и тоа само до некаде, а не во целост.
Јас воопшто не помнам некои од последните 101 - и на Застава, кои беа само со малку понов изглед да доаѓаа со барем еден од денешниве системи со кои доаѓа секој денешен автомобил, како ABS, ASR, EBS и уште многу други.
Пред некој месец, некој американски автомобилски инжинер, познат по не знам што, работел во Џенерал Моторс или во Форд, или не знам каде, кажа дека возилата што Застава ги произведуваше ќе имаа прекрасна иднина, ако не беше идиотскиот социјалистички систем во кој живеевме во тоа време.
"На социјалистите", вели човекот "многу поважен им беше квантитетот, отколку квалитетот".
"Да беше поинаку, воопшто не се сомневам дека возилата на Застава ќе се произведуваа и денеска и немаше 101 - от да биде најлош автомобил во светот".
"Многу таленти кои имаа прекрасни идеи за модернизирање на возилата на Застава, ја напуштија прво фабриката, а потоа и државата, затоа што нивните идеи не беа по вкусот на тогашните власти, кои што повеќе беа заинтересирани за побрзо и помасовно производство, отколку за модернизирање на возилата".
И во право е човекот. Јас израснав во 101, вкупно во 4 сум се возел. Првиот беше од постарите, таму негде од почетокот на 1980-те, вториот беше почетокот на 1990-те, тој што мајка ми ми го даде е стар едвај 10 години и единствено кај него има мали измени во вентилациониот систем и во електрониката, а четвртиот е од средината на 1980-те. Првиот пред 1 или 2 години заврши на отпад, вториот татко ми го продаде во 2003 или 2004, третиот јас го возам, четвриот татко ми го вози.
И кај сите 4 автомобили, имам забележано само промена во вентилациониот систем, најновиот 101 што јас го возам има и подготвена електроника за радио и за озвучување така што, нема да мора да се буши и копа, но се останато е кристално исто.
А баш последниве 2 автомобили, тој од почетокот на 1990-те, и овој што јас го возам, се покажаа како најпроблематични.
До душа, и тој првиот од почетокот на 1980-те имаше проблематични кочници.
Тој од почетокот на 1990-те, уште во првите 3 месеци по купувањето, му се скина каишот, а зборуваме за автомобил купен на ново, тазе излезен од производствената линија.
Тој најновиот, што јас сега го возам, пред 3 или 4 години, му умре алансерот, па менувачот се расипа, сега одлично си работи, ама останува фактот дека овие последниве 2 автомобила се покажаа како најпроблематични.
И кај кинезиве ситуацијата е кристално иста, важен им е квантитетот, наместо квалитетот, и затоа онака се кршат како да се од пластика направени, како што се гледа во клиповите во пост #4.
Јас лично верувам дека ако се инвестира во челична школка, но со сите безбедносни системи кои што ги користат кај денешниве автомобили со алуминиумска школка, сепак таков автомобил би бил безбеден.
А бе нека иде во 100 п.м. автомобилот, важно е сите да сме живи и здрави.
Слободно нека се упропасти, но по цена сите да преживеат, а тоа не беше случајот со Ибицата кај Градско.
Е сега, тоа дека ние имаме катастрофа патишта, е тоа си е друга приказна.
Дури и да ги обноват патиштата, ќе стават само тенок слој асфалт за да украдат што е можно повеќе пари за себеси, поради што, за месец дена, повторно ќе си имаш дупки и сообраќајни несреќи.