Небезбедни и скапи кинески возила на нашите патишта?

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Филозофијата дека поцврста/челична конструкција која не го менува доволно обликот при удар се покажа како фатална уште пред 50 години. Тоа што некои источно европски производители фураа со таква градба до раните 90ти е уште поголема утка и голем безбедносен пропуст. Секој модерен (направен од пред 20 години) западен автомобил е направен со технологија каде околината на кафезот е подложна на менување на обликот со цел да го ублажи ударот и да ја абсорбира енергијата. Така што, нит пезетките нит овие кинескиве армоники не се безбедни во ниеден поглед.

Сосема си во право, ама мораме да земеме во предвид една работа, а тоа е дека сите тие челични конструкции никогаш не го сменија системот со кој работеа, само го модернизираа, и тоа само до некаде, а не во целост.
Јас воопшто не помнам некои од последните 101 - и на Застава, кои беа само со малку понов изглед да доаѓаа со барем еден од денешниве системи со кои доаѓа секој денешен автомобил, како ABS, ASR, EBS и уште многу други.
Пред некој месец, некој американски автомобилски инжинер, познат по не знам што, работел во Џенерал Моторс или во Форд, или не знам каде, кажа дека возилата што Застава ги произведуваше ќе имаа прекрасна иднина, ако не беше идиотскиот социјалистички систем во кој живеевме во тоа време.
"На социјалистите", вели човекот "многу поважен им беше квантитетот, отколку квалитетот".
"Да беше поинаку, воопшто не се сомневам дека возилата на Застава ќе се произведуваа и денеска и немаше 101 - от да биде најлош автомобил во светот".
"Многу таленти кои имаа прекрасни идеи за модернизирање на возилата на Застава, ја напуштија прво фабриката, а потоа и државата, затоа што нивните идеи не беа по вкусот на тогашните власти, кои што повеќе беа заинтересирани за побрзо и помасовно производство, отколку за модернизирање на возилата".
И во право е човекот. Јас израснав во 101, вкупно во 4 сум се возел. Првиот беше од постарите, таму негде од почетокот на 1980-те, вториот беше почетокот на 1990-те, тој што мајка ми ми го даде е стар едвај 10 години и единствено кај него има мали измени во вентилациониот систем и во електрониката, а четвртиот е од средината на 1980-те. Првиот пред 1 или 2 години заврши на отпад, вториот татко ми го продаде во 2003 или 2004, третиот јас го возам, четвриот татко ми го вози.
И кај сите 4 автомобили, имам забележано само промена во вентилациониот систем, најновиот 101 што јас го возам има и подготвена електроника за радио и за озвучување така што, нема да мора да се буши и копа, но се останато е кристално исто.
А баш последниве 2 автомобили, тој од почетокот на 1990-те, и овој што јас го возам, се покажаа како најпроблематични.
До душа, и тој првиот од почетокот на 1980-те имаше проблематични кочници.
Тој од почетокот на 1990-те, уште во првите 3 месеци по купувањето, му се скина каишот, а зборуваме за автомобил купен на ново, тазе излезен од производствената линија.
Тој најновиот, што јас сега го возам, пред 3 или 4 години, му умре алансерот, па менувачот се расипа, сега одлично си работи, ама останува фактот дека овие последниве 2 автомобила се покажаа како најпроблематични.
И кај кинезиве ситуацијата е кристално иста, важен им е квантитетот, наместо квалитетот, и затоа онака се кршат како да се од пластика направени, како што се гледа во клиповите во пост #4.
Јас лично верувам дека ако се инвестира во челична школка, но со сите безбедносни системи кои што ги користат кај денешниве автомобили со алуминиумска школка, сепак таков автомобил би бил безбеден.
А бе нека иде во 100 п.м. автомобилот, важно е сите да сме живи и здрави.
Слободно нека се упропасти, но по цена сите да преживеат, а тоа не беше случајот со Ибицата кај Градско.
Е сега, тоа дека ние имаме катастрофа патишта, е тоа си е друга приказна.
Дури и да ги обноват патиштата, ќе стават само тенок слој асфалт за да украдат што е можно повеќе пари за себеси, поради што, за месец дена, повторно ќе си имаш дупки и сообраќајни несреќи.
 
Кинезите често знаат да направат солидна копија. Ако се работи за возила со добар квалитет од поглед на безбедноста кој колку-толку ќе ги задоволи мимнимумот безбедносни барања, тогаш е сосема ок. Но, ако цената му е превисока како за една реплика, тогаш не вреди воопшто да се ризикува со купување таков автомобил. Некако, веќе навикнавме дека се што доаѓа како производ од Кина не е оригинал и мора да е евтино па колку и да се работи за квалитетен производ(што искрено не верувам дека е случај), цената која во предходните постови ја спомнавте е сепак висока.
 
И за мене не е прифатливо да има жртви во сообраќајките (Само 0 е прифатлив број), НО тоа се постигнува најмногу со превентивата, а не можеме да воведеме тенкови по улиците.

Слободно нека се упропасти, но по цена сите да преживеат, а тоа не беше случајот со Ибицата кај Градско.
Не. Тој случај е класичен пример на некомпатибилност на две возила кои учествуваат во сообраќајка. Нереално е да се очекува дека еден патнички автомобил (~1 тон тежина) при судар со автобус или камион (~15 - 40 тона - шлепер) има некакви шанси воопшто. Камионот при таа маса и брзина има огромна енергија која едностано ќе го збрише автомобилот па колку сака тој нека бил безбеден. (треба и колата да е 20тина тона за да правиме споредби)

Проблемот на некомпатибилноста постои не само помеѓу патнички автомобили и товарни возила туку и помеѓу самите патнички возила. Најденоставен пример е споредба Џип vs Автомобил. Еве еден тест, Range Rover vs Honda Civic, направен од страна на Fifth gear.
И додека на џипот внатрешноста не е чепната, повеќе од половина автомобил исчезна.

Но, да се вратиме на споредбата на судари на автомобили со камиони. Еве едно видео на таа тема.
Енергијата на камионот руши се пред себе. Просто како да нема препрека. Мислам дека нема потреба од дополнителни објаснувања.
(Бонус прашање: Најдете го спачакот по сообраќајката. И од зелениот автомобил, мислам дека е некое ауди, не остана баш многу)
 
Уште една сообраќајка несреќа со жртви.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=130433

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=67369

31 годишната возачка на Пежо 206 загинала, а нејзиниот сопатник е повреден и префрлен во болница.
Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Градско-Росоман, така што жената што го возела пежото се обидела да престигне камион, удирајќи притоа во друг камион кој доаѓал од спротивната лента. Иако возачот на камионот кој доаѓал од спротивната лента намерно излегол од коловозната лента и удрил во банкината, оставајќи му простор на пежото да помине, се претпоставува дека поради паника, жената што го возела пежото, удрила странично во камионот што било фатално по нејзиниот живот.

А Пежо 206 е француски бренд, а не кинески шкарт.
А замислете каква би била ситуацијата доколку сударот би бил со кинески шкарт, а не со Пежо 206.
 
А Пежо 206 е француски бренд, а не кинески шкарт.
А замислете каква би била ситуацијата доколку сударот би бил со кинески шкарт, а не со Пежо 206.

Не е грешката во колите, грешката е во управувачите на колите. Вчера имаше и судир кај Лозово, на патот Штип-Велес, 3-ца загинати.
Трагично само како се вози. :smir:
 
Е да, и ова заборавив да го додадам.
Регионалниот пат Градско-Росоман, на кој се случила сообраќајната несреќа, според тамошните жители, како и луѓето кои возат по истиот, е премногу тесен и лошо одржуван.

Значи, поентата ми беше, надвор од Македонија, проблемот можеби е исклучиво кај возилата и возачите, но во Македонија, дефинитивно, проблемот е и кај македонските патишта.

Како што пишав во пост #61, живееме во крадачка држава, која што, или не е заинтересирана за обновување на патиштата, или ќе глуми интерес за обновување на патиштата така што, ќе собере толку пари колку што се потребни за обнова, но најголемиот дел од истите тие пари, нешто помеѓу 50% и 60%, ќе завршат во рацете на крадците кои се нарекуваат себеси градоначалници, советници, министри, заменици министри, вицепремиери и така натаму, а остатокот од парите ќе отиде на поставување на тенок слој асфалт, како и на одбележување на сообраќајните ленти, чисто колку да изгледа дека станува збор за тазе обновен автопат, или за нов автопат, а всушност, за 1 месец, ако не порано, патот ќе изгледа како да не е обновуван со години.
 
Е да, и ова заборавив да го додадам.
Регионалниот пат Градско-Росоман, на кој се случила сообраќајната несреќа, според тамошните жители, како и луѓето кои возат по истиот, е премногу тесен и лошо одржуван.

Значи, поентата ми беше, надвор од Македонија, проблемот можеби е исклучиво кај возилата и возачите, но во Македонија, дефинитивно, проблемот е и кај македонските патишта.

Дали тој истиот пат, кој е некаде околу 4м. широк, е означен со знак дека по него треба да се минува со брзина помала од 40км/ч?
Колку се почитува ограничувањето на брзината на такви патишта?

Не дека и јас по вакви патишта кога возам ја почитувам сигнализацијата во целост, но кога се случуваат несреќи, тогаш размислуваме. :)
 
до кога бе со колски патови ке се правиме дека имаме инфраструктура? накај западна и јужна македонија се е ок, се си фуче, ама источна македонија.... па тоа е беда до беда бе... да идам било каде треба да возам со 40 на саат... СО ФАКИНГ 40-60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС треба да извозам некоја релација од 350 километри денеска... идам на монтажа у делчево... ми се смркна денот додека стигнав... мали улици, кривулави патчиња, козји узбрдици, максимални ограничувања, црни точки на секои 2-3 километри, ДУПКИ И КРАТЕРИ ПО ПАТОВИТЕ поготово после кочани натака... ма у три лепе пиз*е материне... КАТАСТРОФА!!!
 
Јас лично верувам дека ако се инвестира во челична школка, но со сите безбедносни системи кои што ги користат кај денешниве автомобили со алуминиумска школка, сепак таков автомобил би бил безбеден.

Очигледно не разбираш зошто колите се прават од алуминиум и помеки материјали а не од челик. BTW килограм алуминиум е прилично поскап од килограм челик.
 
Очигледно не разбираш зошто колите се прават од алуминиум и помеки материјали а не од челик. BTW килограм алуминиум е прилично поскап од килограм челик.


не бе, не е многу поскап... мала е разликата... што се 15 пати поскап кило алу наспроти кило челик...:vozbud: ситница..
 
Многу се гине на патиштата кај нас. Патиштата се катастрофални и тоа е јасно.
Најголемиот дел од сообраќајките се поради неприлагодена брзина на условите на патот, не почитување првенство на минување и поради престигнување. Мора да се делува и на полето на превентива. Нека се поправаат критичните делници, РСБСП нека превзема било какви мерки, полицијата почесто нека ги контролира критичните делници... било што да се прави само да се намалат сообраќајките... човековиот живот е бесценет.
Само лани загинале 160 лица, а вкупно за десет години преку 1600...

...се обидела да престигне камион, удирајќи притоа во друг камион кој доаѓал од спротивната лента...
Ситуација од која и тенк тешко го спасува човек...
 
Очигледно не разбираш зошто колите се прават од алуминиум и помеки материјали а не од челик. BTW килограм алуминиум е прилично поскап од килограм челик.

Мило ми е бидејќи е лесен, и многу поскап, а многу е поскап само затоа што многу го бараат.
И токму бидејќи е многу полесен и помек, еве ти на клиповите прикажани во пост #4, убаво ти е прикажан квалитетот на кинескиот алуминиум.
Патем, ако веќе толку е поскап алуминиумот, зошто мостовите и облакодерите и понатаму ги прават од челик ?
Затоа што е поевтин од алуминиумот, или затоа што челикот е посигурна инвестиција ?
А да, па затоа што челикот е посигурна инвестиција.
Инаку, доколку не си забележал, не помнам точно кои модели на автомобили, но сепак помнам дека некои германски производители на автомобили, како АУДИ и Фолксваген, се вратија на производство на автомобили со челична школка.
Не помнам конкретно за кои модели на автомобили станува збор, но помнам дека даваа, не во една, туку во повеќе различни документарни емисии, на повеќе различни европски сателитски телевизиски канали, а и во повеќе европски списанија за автомобили прочитав, ова беше негде пред 3 месеци кај пријател кој се занимава со рентање мерцедеси, како се врши компресија врз челикот за да биде тенок и цврст и еластичен истовремено.

А како мало потсетување, кога станува збор за германски брендови од калибарот на АУДИ и Фолксваген, тука тешко дека некој би рекол дека грешат или дека не знаат што прават.

Така да, побратиме, челикот не е никаква гаранција, ама секогаш е посигурна инвестиција, барем кога станува збор за производството на автомобили.
 
едно да разграничиме.. алуминиумот е мнооогу полесен и поскап од челикот. една од причините зашто е прејдено на алуминиум е зашто алуминот е полесен за обработка, а возилата стануваат скоро за половина полесни па со самото тоа и многу по економични... мислиш дека се дошло до некоја толку јака технологија што моторите од 1600 кубика од времето што трошеа 20 литри бензин сега трошат помалку од пола? да има иновативност и решенија, мегутоа, тоа се мали ситници и детали кои не менуваат повеке од 10% во потрошња... инџекш моно или фул, турбини бла бла бла.. добиено на снага ама на економија многу малце... штосот е во упола по лесна кола-автомобил и подобра аеродинамика... е тоа е тоа.. затоа се употребува алуминиум...
 
Еве една кинеска убавица, со која имав шанса да се запознаам на факултетот на кој студирам,Машинскиот, каде професорот за време на час ни направи една кратка презентација во живо :).
Фирмата се вика Cherry, а моделот А3 Hatchback. Мене лично ми се допадна на прв поглед, колата има интересен екстериер и интериер, добра јачина на моторот 1.6 120hp, како и привлечна цена од 7000е.
Исто така изненаден сум од добрите резултати на crash тестот, на истиот модел само Sedan верзијата (не можев да најдам crash тест на hatchback-от).

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom