Не зборувај, докажи!

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
''Мирна вода брег рони'' ем не испаѓаш пред народот пувач на празно,ем во случај на неуспех нема кој да ти сере за слаба реализација, и битно за човек како мене избегаваш уроци и колнење и се спасуваш од завист во тек на процес на реализација..
се пронајдов во твоите зборови.. .
 
На крај зборовите секогаш се преточуваат во дела, биди трпелив и внимавај добро, за да знаеш потоа кој човек да го зачуваш крај себе.
 
На крај зборовите секогаш се преточуваат во дела, биди трпелив и внимавај добро, за да знаеш потоа кој човек да го зачуваш крај себе.
Не секогаш на крај се појавуваат делата.

Секој би одговорил дека пред се делата отколку зборовите.
Како не се засрамуваат оние кои апла се влечат цел живот на зборови без никакви дела.
 
темава ме потсеќа на ВМРО. Толку еб нападни со ова мото ми здосадија , иако ја обожавав латинската поговорка RES NON VERBA,сеа ми одмили!
 
проблемот не е празното зборување....пробемот е лажењето на сам себе....од утре (не пушам, не пијам. ќе учам, ќе вежбам... итн...итн)....кога човек не е доследен на самиот себе....неможе да очекува другите да бидат доследни на своите зборови...прво и основно се лажеме себеси па потоа останатите.....

.....колку пати после тешко пијанство сте кажале од утре не пијам....за по неколку дена пак да се здрвите?

се трудам да бидам одговорен кон самиот себе....и да ги почитувам одлуките и правилата на игра што самиот на себе ги поставувам....

што се однесува на другите немам намера да им ги исполнувам желбите и животните приказни....не им ветувам ништо....ниту пак имам било какви очекувања од некој друг

ако патишта ни одат во иста насока... добро...ако не ....пак добро
 
Не секогаш на крај се појавуваат делата.

Секој би одговорил дека пред се делата отколку зборовите.
Како не се засрамуваат оние кои апла се влечат цел живот на зборови без никакви дела.
Сакав да кажам дека кога ќе видиш некој какви дела прави, тука може и ќе е крајот, доколку неговите/нејзините постапувања не ти се допаднат.
Некогаш и цел живот ти е малку за да видиш некој човек каков е. Тие вешто знаат да се прикријат. Делата се повеќе од зборови, а факт е дека сите сме јаки на зборови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom