Crazy in Love
Here's looking at you kid.
за на крај да си кажам самата на себе "Абе не се замарам и онака претера, а јас ништо погрешно не кажав."
Мислиш дека ваквата ситуација е вредна за замарање?-
Не е!
Па тоа е тоа, ти всушност се убедуваш самата себе дека не се замараш, односно дека не треба да кажеш, но совеста сепак те јаде и кога ќе ти текне на ситуацијата не ти е сеедно. Најчесто самите себе се убедуваме дека не ни е сеедно, премногу се ретки ситуациите кога навистина ни е сеедно. Најчесто кога ни е сеедно, кога сме рамнодушни, воопшто не ни мислиме на ситуацијата, ниту пак помислуваме на тоа.
Не зборам јас за дали ситуациите се вредни за замарање или не. Тоа е веќе друга тема. Може и да се работи за најголема ситница, па како луѓе да ја анализираме и да се нервираме.
За жал сигурна сум дека секој од нас се замарал за работи кои воопшто не биле вредни, но во таа дадена ситуација било значајно за нас и затоа и сме се замарале.