имаме зборувано со мајка ми на оваа тема, и неможеш ни да замислиш колку беше тешка таа ситуација.. до сега сеуште се немам соочено со толку тешки и потресни зборови, но како ми вели таа : не дозволи другите да градат споменик на среќа на нашава несреќа.
секако дека ќе ја послушам,
највеќе од се..не би сакала да паднам во депресија и таа да ме гледа таква,
мислам дека со тоа ќе направам да се чуствува виновно..а јас едноставно сакам таа да е среќна,без разлика на нејзините болести
Види вака, прво мора да се запознаеш од опасните стресни ситуации, посебно оние кои се долготрајни!!!! Научно е докажено дека оние кои се изложени на долготраен стрес животот им се намалува значително, намалена е можноста за концентрација, депресивност, непродуктивност, дебелеење или слабеење, многу рано се појавуваат бели влакна на косата, прерано стареење и уште што ли уште не!!!
ЗАТОА! СЕКОГАШ ПРЕД СЕ СТАВИ СЕ
ТИ НА ПРВО МЕСТО! Колку и да е тешко за што и да станува збор! Бидејки некои работи навистина се неизбежни како смртта за жал.
Вистина ти велам, премногу си млада да дозволиш да поминуваш низ овие стресни ситуации (иако се неизбежни) добар начин е да се искажеш а уште подобар е ако го имаш мојот карактер кој секогаш става се пред себе - а со тоа јас се здобив бидејки целиот мој средношколски живот па до скоро (сега сум 22г) ми беше полн со стресови скоро секој ден.. сватив дека другар ниту роднина, брат, сестра, мајка или татко, не е поважен од мене!
Ова можеби ти изгледа премногу себично но не е така. За да се докаже спротивното ти можеш да направиш се што е во твои раце за да реално помогнеш, но тагата низ која минуваш нема никому да помогне- ЗНАМ како сум се чуствувал не сакав да ја пуштам тагата, бидејки ако ја пуштев осеќав чуство на вина! Ова мора да го поминеш ако сакаш да имаш здрав живот, фамилија и деца покасно. Верувам истото го сака и твојата Мајка.
Се надевам ќе оздрави и ќе доживее внуци од тебе

p.s. немој и ти да стануваш толку млада мајка

- одживеј го животот додека можеш а мажењето не ти бега

).
Поздрав,
И размисли на ова што ти го реков!