Не сум наивен за да верувам дека со разговор може да се реши се, со сегого, и било кога. Има работи за кои и нема што да се разговара и решава, има луѓе со кои е безнадежно да разговараш и има време кога веќе се е доцна. Но и обратно, има проблеми кои се решаваат, со луѓе со кои може да се разговара и да се дојде до компромис, во време кога не е доцна. Е такви, проблеми кои се решливи, многу често се причина за развод оти се измешале суета, инает, гордост, филмање, јас големиот мачо и ти освестената феминистка, да не беше ти јас ке бев у холивуд, одма ке најдам замена оти сум кур ипол а ти пичка ипол.... и чаре - развод, жртва - децата. Јас у биртија каде последно женско што влегло е келнерката Лепа од Чачак во далечната 87ма и се жалам како жената ме сјебала и не ми ги дава децата а ти некаде напучена за еден коњак оти секој сака за кецање а никој не ги сака проблемите.... а можело се да се реши, се можело поинаку.