Штотуку си најдовте нов партнер. Го сакате, убаво ви е заедно. Со тек на време почнувате да се отворате и да зборувате за свашта. После подолго време одење, решавате дека е време да се запознаете со родителите. Се дешава и тоа. Но, после средбата вашите или родителите на вашиот партнер, почнуваат да му наоѓаат мани на партнерот, да серат за него, да ви кажуваат дека не е за вас - а зошто? Само затоа што тој спаѓал во понизок ранг на опшеството. Одеднаш сфаќате дека вашите родители се материјалисти, и дека сакаат да најдете партнер од богата фамилија или некој кој би бил ( според нив ) достоен за вас.
Како реагирате кога вашите родители, пријатели, браќа и сестри ви кажуват дека треба да си најдете партнер со кој би биле на ист ранг?
Што би направиле доколку ви се деси нештво вакво? Би ја прекинале врската? Би им објаснале дека вашата врска не е толку сериозна и дека тој нема да ви е доживотен сопатник ( иако и вие не знаете )? Би му кажале на партнерот? Не? Зошто? Како реагирате едноставно?