Цел живот слушам за ова во мојата фамилија, и сум била во ситуација кога моите ми збореле за мојот дечко.
Прво не се согласувам со Дајдо во вториот пост од оваа тема, дека ако ги запознаеш родителите дека е најава за свадба. Според мене запознавањето на родителите не значи ништо ни блику до свадба. Сум ги знаела родителите на моите дечковци и моите ги знаеле моите дечковци, и јас еден ден ако имам деца би сакала да знам со кои се тие. Поубаво да го/ја знам на лик и кој/а е и тоа е, а не да го мислам и да не се грижам.
Во мојата фамилија секогаш имало проблем со родителите од на татко ми страната спрема мајка ми и сестра ми, секогаш си вреѓале, поготово мајка ми - како она не носи доволно пари дома, не се грижела за фамилијата, имала афера и секакви глупости. Ова се случуваше со години до каде што на татко ми му пукна филмот и не комуницира повеќе со нив. А јас, од кога бев мала цел живот ми збореа како треба да си најдам некој богат маж, и сека секој пат кога ќе фатам дечко нивното прво прашање е дали има пари. И тоа многу ме лути ама јас го игнорирам тоа.
Сум им рекла на нив и на секој друг, јас не сакам дечко или маж кој има пари и ми купува се што ќе посакам, а нековото внимание никаде го нема, или е некој кретен кој нема никакво однесување. Исто не мора да значи дека ќе биде таков. Сакам да кажам дека не сум ги слушала луќето дека треба да идам по богати луѓе, мене не ми се потребни парите.
Како и да е, дали треба да останат заедно е луѓето што е во врска, затоа што тие ќе живеат еден ден заедно и тие ќе градат фамилија, не родителите нивни или бабите и дедовците. Ако сум јас во таква ситуација, ќе си гледам за себе. Ќе гледам мене да ми биде убаво во животот.