Души...Чувари на јавниот ред и мир...Да не знаев кај ми е сонцето, ќе мислев дека е во нив. Единствената причина заради која полицијата приведува е полнење на државниот буџет. Ништо поврзано со јавниот ред и мир не е загрозено. Паркот е јавно место, а на јавно место е забрането да се пие. Океј, а тогаш дискотекиве, кафичиве и сличните тракатанци, што се? Тие не се јавни места? Дали се скривници каде се криеле Евреите за време на Втората Светска војна? И ако веќе спроведуваат акција ,,Распуст"(имево вришти и ме плени), тогаш зошто баш за време на истиот, го продолжуваат времето за продажба на алкохол? Пак за да лапаат кеш? Апсолутно.