NCAA Division I Men's Basketball Tournament (March Madness)

Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Еден од најголемите годишни турнири во САД, што го одбележува месец Март, се ближи извлекувањето на ждрепката во Недела(Selection Sunday), па ете реков време е да се отвори тема за сите оние кои планираат да го пратат, за оние што не знаат ова е турнир кој одлучува за победникот во НЦАА Колеџ лигата во кошарка, еве линк од Вики https://en.wikipedia.org/wiki/NCAA_Division_I_Men's_Basketball_Tournament
Всушност се работи за победниците од 32 Дивизији (замислете само колку Универзитети има УСА за да има 32 посебни лиги), кои добиваат директни покани и 36 останати Универзитети кои се одбираат на големо - At-large bid кои се всушност најконтроверзниот дел од овој турнир а нив ги одбира NCAA selection committee и ќе ги дознаеме во Недела, тие се контроверзни затоа што се случува некој Универзитет да имал лоша сезона, и да не успеал да победи, а да има голема традиција како на пример UCLA каде имаат играно многу НБА ѕвезди, овие дивизии имаат и свои телевизии каде ги пренесуваат своите натпреварување (запамтете не е само кошарка има фудбал, одбојка, сокер, бејзбол, мечување, Лакрос, тенис, софтбол но овие не се толку популарни и нема толку Универзитети кои ги нудат во својата програма), некои поголеме лиги кои добиваат вакви Ат Ларге покани се ACC, Big Ten, Big 12, Pac-12, и SEC. како и Atlantic 10, Missouri Valley, Mountain West, original Big East Conference, current Big East ,The American. In recent years, the Horizon League, Mid-American Conference and West Coast Conference have also received more than just the automatic berth several times. https://en.wikipedia.org/wiki/At-large_bid .Да не го заборавиме и најинтересниот дел за нас гледачите а тоа е пополнување на бракетот и погодување кој ќе стигне до финал фоур и секако кој ќе победи, ова е многу тешко ретко кој ќе успее, кладилниците зимаат многу пари од ова, лани имаше многу изненадувања и никој не погоди фаворитите попаѓаа како крушки во првите 2 кола Инаку бракетот се дели на 4 дела и тоа Запад, Југ, Исток и МидВест(СреденЗапад) кои даваат по еден учесник во Финал Форот, доколку имате Виндоус 10 или 8 во Виндоус сторот, би требало да ја имате https://www.microsoft.com/en-us/store/p/ncaa-march-madness-live/9wzdncrfjcmh апликацијата за следење, многу помага а исто така достапна е и смартфоните и за крај едно видео од Џон Оливер на оваа тема од поинаков аспект:
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Испаднаа Виланова и Мустанзите... какви увек изненадувања има на Мерч меднесот, лудница. :D

Вечерва на арена UCLA - Cincinatti (y)
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Испаднаа Виланова и Мустанзите... какви увек изненадувања има на Мерч меднесот, лудница. :D

Вечерва на арена UCLA - Cincinatti (y)
Најнатпреварувачки бракет годинава, прво нема ги Syracuse минатогодишните финалфористи, исто така Дјук втор носител пред Виланова :shook:.
Очекувам Дјук да победи растур направија дечките во регуларната сезона, југот е посебно интересен таму се УЦЛА, Норт Карол, Кентаки, а што им е дилов на овие Ксавиер им кажал ли некој дека се 11 носители хахаха. Навистина многу моќен турнир, не е за џабе толку популарен. Многу НБА тивови се уклучени сега како увертира за NBA драфтот во јуни, ќе има многу јаки рукија оваа сезона, сите тимови играат повеќе претпазливо за разлика од лани.Sweet 16 почнуваат наредната недела па ќе видиме, сега игра Норт Кар. па одам да гледам и се надевам ќе има уште по некој коментар да си промуабетиме малце.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Најнатпреварувачки бракет годинава, прво нема ги Syracuse минатогодишните финалфористи, исто така Дјук втор носител пред Виланова :shook:.
Очекувам Дјук да победи растур направија дечките во регуларната сезона, југот е посебно интересен таму се УЦЛА, Норт Карол, Кентаки, а што им е дилов на овие Ксавиер им кажал ли некој дека се 11 носители хахаха. Навистина многу моќен турнир, не е за џабе толку популарен. Многу НБА тивови се уклучени сега како увертира за NBA драфтот во јуни, ќе има многу јаки рукија оваа сезона, сите тимови играат повеќе претпазливо за разлика од лани.Sweet 16 почнуваат наредната недела па ќе видиме, сега игра Норт Кар. па одам да гледам и се надевам ќе има уште по некој коментар да си промуабетиме малце.
Мене не ми се свиѓаат Дјук нешто баш многу...имам чуство дека ќе отпаднат, како Инграм да им беше премногу важна алка...океј Тејтум стои дека игра одлична сезона, ама Грејсон Ален е дно од играч... не знаеш кога ќе му фркне тоа лејката и ќе направи нешто, не бадијала јадеше суспензија од „Coach K“...

Норт Каролина многу ми зависи некако од Џоел Бери...со него и без него како да не се ист тим на паркетот, сега во конференциското финале што го играа, со него на паркет играат феноменално имаат двоцифрена предност, но кога го доби третиот фаул, следеше преокрет...мора да научат да ги контролираат фауловите. Секако, да и Џастин Џексон си ја испоручи својата порција.

Кентаки некако како да немаат квалитет како минатите сезони....Малик Монс игра сезона пар екселанс...преку 20 поени во просек и веќе го гледаат како топ10 на претстојниот драфт, многу тежок ждреб имаат Кентаки...ја добија Вичита стејт, па најверојатно идат на UCLA па на North Carolina, пеколен жреб. :D Али ако ги пројдат сите овие, верувам дека освојуваат на Ф4.

Според мене прв фаворит после Duke е UCLA, од февруари наваму пораз само од Аризона. Еден од новите wannabe Kim Kardashian браќа, Лонзо Бол уште во првата година го покажа целиот свој талент и на драфтот го чека една од првите 3 позиции, покрај него уште екипата ја носат и Алфорд Хамилтон, а и T.J Leaf ми се гледа како некој Х фактор во некоја густа завршница. Главна карактеристика им е што не зависат од еден играч и сите можат да го затрпаат кошот на противникот, али имаат ментол за тренер, Стив Алфорд кој нема ништо направено во кариерата... :D па ќе видиме...

Мој фаворит - Аризона

На Шон Милер ова му е осма година како тренер и редно беше да му се погодат коцките и нему еднаш. Alonzo Trier и Lauri Markkanen им се ударни игли и на двајцата им се предвидува прва рунда на претстојниот драфт, тука е и Дуле Ристиќ кој би можел да има солидна европска кариера, оваа сезона е на просек од некои 10 поени и 5 скока по натпревар...за нив навивам на овој „Маrch Madness“, па ќе видиме.... :icon_mrgr:

Секако NCAA не би било тоа тоа, да нема толку многу изненадувања, кој знае што уште не чека до Sweet 16... :)
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.731
Поени од реакции
1.063
Годинава не пратев скоро ич НЦАА, обично барем Дјук си ги гледам од време на време, ама годинава тоа што го видов од Лонзо Бол... Дечкото е ѕвер, прегледност на игра, шут (иако чудна механика), асистенции. Искрено се надевам дека Лејкерс ако си го зачуваат пикот, да го селектираат него, јас лично и прв пик би го земал пред Фулц и Џексон. Иако татко му е ретардиран, мислам ќе се смири кога ќе заигра во НБА, преочигледно е дека пробува да донесе внимание на син му, ама на Лонзо не му треба татко му за да видиме дека е топ3 талент на драфотов. За другите 2 сина дефинитивно ќе треба да збори за да бидат забележани, мислам скалило под Лонзо се до сега од оцените на скаутите.
За вечер 2 интересни утакмици играат Дјук и УЦЛА, се надевам на две победи на фаворитите, па после да гледаме крвави битки до крај :D
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Овие Бејлор индијанциве освен физикалија, појма немаат. И вечерва а и пред некој ден со Њу Мексико чисто на сила добиваат, треба да ги тресне некој асално.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Каква утакмица, беше ова НК си го покажа квалитетот, само како прокоцкаа 17 поени водсво и губат 5 разлика на 3 мин до крај, и уште поголема глупост на Арканзас страшна завршница, Џоел Бери си ја покажа вредноста иако под ниво според мене, Justin Jeckson мајсторски одиграна цела партија, одличен тајминг за тајм аут на крајот, многу промашени зицери на Арканзас и тоа е тоа првиот носител на југот и вице-шампионот оди во Свит 16.[DOUBLEPOST=1489969810][/DOUBLEPOST]И да во УСА го сменија саатот (daylight saving) минатата недела, додека ние го менуваме наредната и сега се 5 часа разлика што е многу поподносливо за гледање, иако сепак УЦЛА веројатно нема да ја гледам, го заборавив ова и за малце немаше да го гледам Сандеј Селекшан. Сега на ред е Орегон 3тиот носител на мидвестот, одам да ја испратам па очекувајте репорт:)
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Каква монструозна партија одигра Џастин Џексон 15п,8ск, 5 ас. и 5 украдени топки...

Бери очајно шутираше... 2/13 FG :confused:
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Каква монструозна партија одигра Џастин Џексон 15п,8ск, 5 ас. и 5 украдени топки...

Бери очајно шутираше... 2/13 FG :confused:
Се загреваат работите ќе го видеме Орегон како ќе изигра, колку лош веб-плејер имаат овие ТНТ/ТБС тоа е чудо, станува супер интересно.[DOUBLEPOST=1489973515][/DOUBLEPOST]Каква неверојатна утакмица беше ова, Рамс го имаа водството од 11 поена и таму негде на 10 мин до крајот почнаа да промашуват, и мислев ќе завраши како Арканзас, но предводени од неверојатниот Робинсон со 21 поен. Тарел со 15, Метјуз со 13 и неверојатниот Иверсон во одбрана, повторно го враќаат водството, но тука е Дорси кое е играчиште со 27 ебани поени и Дорси вс Робинсон игра се поен за поен, тука е и Брукс со 19, се прават грешки и Орегон оде понатаму со неверојатна тројка за крај, а искрено се надевав за Лонг Ајленд упсет, но ништо, фаворитите одат натаму, а убаво ќе беше после 2риот носител Луизвил да се направи уште еден подвиг.
 
Последно уредено:
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Ucla пешки до титула...

Каков пораз на Дјук мајко мила...
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Ucla пешки до титула...

Каков пораз на Дјук мајко мила...
За жал си легнав после Бејлор и Орегон и неможев да ги гледам Дјук и УЦЛА, сабајлево видов што се случило. Каква игра од Торнвел, мајко мила, Грејсон Ален добар со 20поени, но недоволно. Шок за мене и веројатно сите во УСА, не верувам дека некој типуваше на пораз на Дјук волку рано, ова е тоа што го прави овој турнир толку добар, Орегон и Норт Каролина се извадија, но Дјук не успеа.
http://www.msn.com/en-us/sports/ncaabk/is-this-the-worst-ncaa-tournament-loss-in-duke-history/ar-BBypiWn?li=BBmkt5R&ocid=spartandhp
[DOUBLEPOST=1490013619][/DOUBLEPOST]Сите го очекуваа Западот како најслаб Бракет, но тоа испадна Истокот хахаха, слободен пат за сељачааната Бејлор (за кој искрено ни не верував дека ќе успеат да стигнат до овде).
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Што ве нема бе :D
Мичиген-Орегон добра утакмица, Ирвин вс Дорси, во различен период во мини серии влегуваа двајцата и трпаа. Причард е сеоски Кевин Пангос, копија :D
Гонзага класика, очекував да догураат до тука, ништо чудно и Ксавиер да го испратат дома, единствена мана им е недостигот на уште 1-2 физикалци.
Мејсон треЌи ги стопи Прдју, одличен е, иако за нијанса послаб од другите star плејмејкери низ годиниве што прошле. Прдју се распаднаа во второ како кула од карти, нереални се овие 30 разлика на крај.
Аризона лузери на вечерта, иако не беше преголемо изненадување , бар за мене.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Za zal ColdSky, ispadna Arizona, bas steta za Son Miler :(, Xavier 11ti nositel inznenaduvanje na turnirot, kako minatogodisniot Syracuse, se na se interesni i vozbudlivi dueli imase sinoka, vozbuduvanjata prodolzuvaat i vecerva na jugot koj uste od start bese najinteresen i kade 4te nositeli si pominaa dalje, prv pogolem predizvik za UCLA i Lonzo Ball (najepsko ime) mnogu dobar long shooter protiv Edrice Adebayo i sekako Istokot kade posle Vilanova i Duke najveke sansi im davam na seljacaanata Baylor, jas ke gi gledam NK vecerva i najverojatno malku i Beylor pa ke videme, za zal ovie kasnite termini so UCLA vs. Wildcats se mnogu zafrknati i ova e posledna sansa da gi gledam pred da go smenime saatot i da se vratime na +6 vo sabota(pa ke pocnuvaat vo 4). Im davam prednost na Wildcats no ova e klasika na jugot se moze da se sluci, nijansi ke odlucuvaat, za Florida neka kaze nekoj sto gi gledal, Nigel Hayes bese strasen protiv Villanova i imaat tradicija na posledovatelni nastapi vo MM, taka da moram da im dadam prednost ovde pred Florida, kade osven David Robinson se prosecni igraci so dobra odbrana (ne sum gledal ni edna utakmica na FL).
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Ауу каква завршница на Норт Каролајна и Кентаки, маестрална партија на Џастин Џексон, Џоел Бери и Лук Маје, против рамноправен противник, колку работи се случија во оваа утакмица, каков крај, суша од 5мин без ниту еден поен, за на крај да се решава се во еден потег. Ме мрзи да пишувам сега, утре ке правам рекап на Елите 8 дуелите и моја прогноза за Фајнал форо.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.677
Поени од реакции
1.555
Да ја освежиме темата да не правиме нова, вечерва во 6 часот Источно време или 11 часот наше време (не сум сигурен ама мислам го мењаат саатот Америте денеска, -1 час) ќе се одржи Селекшн Сандеј на телевизијата ТБС, за овој највозбудлив, најинтересен и најнеизвесен турнир. Koи се вашите очекувања?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom