NCAA Division I Men's Basketball Tournament (March Madness)

Член од
7 април 2015
Мислења
2.782
Поени од реакции
1.696
UCLA и Syracuse у квалификации :)
Еве кратко интервју со чаирменот на комитетот за тоа зошто некои тимови имаат подобар сид од другите и зошто некои појаки тимови не упаднаа
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Го нема @ColdSky , останавме само двајца ко мрднати на темава да пишуваме. :(
Сиракјуз ја победи Аризона во квалификациите, едниот брат испадна против 2-3 зоната на Сиракјуз, класика :D.
Трае Јанг 28,7,6 ако не се лажам (ме мрзи да проверам), одлична партија иако изгуби на продужеток Оклахома, така и претпоставив дека ќе се деси. Гонзага на мускули, Дјук лаганица, Лојола Чикаго со гејм винер за да ги пројде Мајами. Досега другото без изненадувања, горе доле очекувани резултати.
 
Лојола не ми беше толку големо изненадување, дури ја имав да тепа во некој бракет. Виланова си газат стандардно, Кентаки со Дејвидсон малку потешко ама водат сега за сега, за утре очекувам мојте фаворити Норт Каролајна да си тепаат лагано.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
И мене не ми е изненадување Лојола, ама само 25% од бракетите ги имале да пројдат тука.
Дејвидсон се врати на почеток од второ, ама толку им беше силата, плус Кентаки колку и да изгледа нестабилно во текот на сезоната, во март влегуваат измотивирани и стандардно солидни, си знае Калипари како иде работа.
 
Очекувам лесна победа и за Мичиген со Монтана, инаку најголем фаворит според Бракетите биле Виланова :)
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.155
Поени од реакции
7.858
Ајде сите бракети у бестрага отидоа :D Првпат во историја 16 seed да го избаци првиот, и тоа overall прва беше Вирџинија. Не ја гледав за жал, ама видов дека 20 добиле UMBC, неверојатно.
Алабама и Секстон го преживеаа првиот тест за мое изненадување, очекував уште во прво коло да си пакуваат куферите, сега имаат х10 потешка задача со Виланова..
Сиракјуз рутински, зоната си работи :kafence:. Спартанс потешко од очекувањата некако, не ме импресионираат до сега со играта, ќе видиме како ќе биде. Мило ми е за Невада што се вратија од -14, интересна екипа се.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.782
Поени од реакции
1.696
PAC-12 стана ПАК-0, после испаѓањето на Аризона, значи која мизерија стана една од најпознатите и финансиски најстабилните лиги, најслаба сезона евер.
Интересни беа коментарите на Твитер после поразот на Вирџинија :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom