NBA

2007/2008 НБА шампион


  • Вкупно гласачи
    125

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Вчера се одиграа 8 натпревари во НБА лигата

Милвоки го совлада на Кливленд со 111-108

Лејкерси ја прегазија на Индијана со големи 134-114

Вашингтон ја совлада на Филаделфија со 116-101

Сан Антонио ја победи на Атланта со 95-83

Голден Стејт издвојува голема победа врз Њујорк со 108-82

Далас го победи Торонто со 105-99

Денвер го совлада на Чикаго со 112-91

и за крај Феникс тесно го победи Сакраменто со 100-98
 

Сапун

. . .
Член од
10 јули 2007
Мислења
1.642
Поени од реакции
4
И Орлaдно(10 : 2) и Орлеaнс(9 : 3) требa дa се стaвaт нa aнкетaтa,a дa се тргне мaјaми мислaм декa немaaт шaнсa овaa годинa дa стигнaт ни до плaј-оф
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Многу натпревари се одиграа вчера 21 ноември во НБА лигата

Вашингтон го совлада на Шарлот со 114-111

Мајами пак изгуби сега од Атланта со 82-79

Бостон победи врз Голден Стејт со 105-82

Далас го совлада на Хјустон со 100-94

Детроит издвојува победа врз Њујорк со 98-86

Кливленд ја победи на Минесота со 97-86

Милвоки ги совладаа Лејкерси со 110-103

Индијана го победи Њу Орлеанс со 105-93

Торонто го совлада на Мемфис со 95-89

Сан Антонио го победи на Орландо со големи 128-110

Феникс издвојува победа врз Сакраменто со 127-111

Њу Џерси го совлада на Портланд со 106-101

и за крај Лос Ангелес Клиперс го победи на Денвер со 101-90
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Вчера не се одиграа натпревари во НБА лигата.Во овој пост ке ги напишам победите и поразите на сите тимови до сега.

Во Источната конференција ова е распоредот на тимовите

Во Атлантик Дивизијата овака се поредени тимовите

Бостон ( 10 победи и само еден пораз )
Торонто ( 6 победи и 6 порази )
Њу Џерси ( 5 победи и 7 порази )
Филаделфија ( 3 победи и 7 порази )
Њујорк ( 2 победи и 9 порази )

Во Централ Дивизијата овака е распоредот

Детроит ( 7 победи и 4 порази )
Милвоки ( 6 победи и 4 порази )
Кливленд ( 6 победи и 6 порази )
Индијана ( 5 победи и 7 порази )
Чикаго ( 2 победи и 8 порази )

Во Југоисточната дивизијата овака е распоредот

Орландо ( 10 победи и 3 порази )
Вашингтон ( 6 победи и 5 порази )
Шарлот ( 6 победи и 5 порази )
Атланта ( 4 победи и 7 порази )
Мајами за разочарување оваа година ( 2 победи и 9 порази )


Во Западната конференција овака стојат тимовите

Во Југозападната дивизија овака е распоредот

Сан Антонио ( 10 победи и 2 порази )
Далас ( 9 победи и 2 порази )
Њу Орлеанс ( 9 победи и 4 порази )
Хјустон ( 6 победи и 6 порази )
Мемфис ( 3 победи и 8 пораза )

Во Северозападната дивизија распоредот е

Денвер ( 8 победи и 4 порази )
Јута ( 8 победи и 4 порази )
Портланд ( 4 победи и 8 порази )
Сиетл ( 2 победи и 10 порази )
Минесота ( 1 победи и 8 порази )

Во Пацифик дивизијата овака е распоредот

Феникс ( 10 победи и 2 порази )
ЛА Лејкерс ( 7 победи и 4 порази )
ЛА Клиперси ( 6 победи и 4 порази )
Сакраменто ( 4 победи и 8 порази )
Голден Стејт ( 3 победи и 7 порази )
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
545
Браво скарфејс за резултатите што ги постираш и за распоредот шо го викаме :)
Него најголемо изненадување за мене се Мајами и Бостон оваа година! Од Мајами очекував подобро резултати од овие занигде се 2-9 до сега :(
Бостон се засили доста, ама ваков одличен почеток не очекував..тоа е тоа.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Браво скарфејс за резултатите што ги постираш и за распоредот шо го викаме
Него најголемо изненадување за мене се Мајами и Бостон оваа година! Од Мајами очекував подобро резултати од овие занигде се 2-9 до сега
Бостон се засили доста, ама ваков одличен почеток не очекував..тоа е тоа.
Прво фала за пофалбите ај и јас да дадам еден коментар за некој тимови

Па да Мајами оваа година многу разочара со игрите ај првите натпревари не играше Двејн Вејд и мислев дека тоа е причината за поразите ама он се врати во тимот и они пак губат за жал многу лоша промена.

За Бостон само пофални зборови оваа година растураат се пред нив изгледа најдобар потег им беше доведувањето на Кевин Гарнет и Реј Ален многу јако се вклопија со Пол Пирс.Имаат мотивација имаат желба за успех да се вратат како во времето кога Бостон беше непобедлив и резултатите се очигледни.

Сан Антонио и Далас си се во стабилна и добра форма и си се горе во табелата исто така и Детроит и Феникс си се во својата добра форма.

Пак ме изненадуваат позитивно Орландо супер играат исто така почнаа и минатата сезона али после им падна играта али нека продолжат овака супер им иде.
 

Ted Dettman4e

Real Optimist
Член од
25 јуни 2007
Мислења
1.697
Поени од реакции
56
А бе се знае,оваа година главни екипи за тронот се САН АНТОНИ,ДАЛАС и мислам оти оваа година некој збрка може да напраат ОРландо!!!!
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Досега го гледав натпреварот помеѓу Бостон и Лејкерси многу убаво од МТВ што го даваат тој натпревар.Прв пат ги гледам Бостон во новата сезона и морам да признаам многу јака игра имаат.Како се слагаат триото Кевин Гарнет Пол Пирс и Реј Ален тоа е за пофалба.Сите тројца се со над 20 поени просек.Лејкерси уште од почетокот немаа никакви шанси да победат едноставно немаат игра Коби Брајант колку и да е јак не може ништо сам да направи а никаква подршка нема од тимот и нормално и цело време до крај на натпреварот губеа со голема разлика за на крај Бостон убедливо да победи со 107-94
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Резултати од вчерашните натпревари во НБА за 23 ноември

Орландо го совлада на Шарлот со 105-92

Голден Стејт го победи Вашингтон со 123-115

Детроит ја совлада на Филаделфија со 83-78

Индијана изненадно го победи на Далас со 111-107

Сан Антонио го порази на Мемфис со 101-88

Денвер ја совлада на Минесота со 99-93

Јута го прегази на Њу Орлеанс со 99-71

Феникс ги победија Лос Ангелес Клиперс со 113-94

Портланд тесно го совлада на Сакраменто со 87-84

Њу Џерси го победи на Сиетл со 98-93

Мајами издвојува победа врз Хјустон со 98-91

за крај како што пишав погоре Бостон ги победија Лос Ангелес Лејкерс со резултат 107-94
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Вчера се одиграа 10 натпревари во НБА 24 ноември

Кливленд тесно го победи на Торонто со 111-108

Њујорк го совлада на Чикаго со 85-78

Голден Стејт во продолженито ја совлада на Филаделфија со минимални 100-98

Бостон продолжува со победи и тоа вчера издвојуваа победа против Шарлот со најминимални 96-95

Атланта ја совлада на Минесота со 94-87

Мемфис го победи Вашингтон со 124-118

Хјустон го совлада на Денвер со со големи 109-81

Милвоки изненадно го победи на Далас тесно со 97-95

Њу Орлеанс ги совладаа Лос Ангелес Клиперс со 98-89

и за крај Орландо му нанесе тежок пораз на Мајами со 120-99
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ај едно прашање за поупатените. Знам дека е рано ама сега ми текна и да не се мислам по 4-5 месеци :)

Значи. Во нба има Дивизии, Конференции бла бла бла. Дали некој ги знај убо правилата кој се пласира во плеј офф. Некако не ми излегва математиката првите 2 или 3 да одат од секоја дивизија натаму (веројатно се по рангирањата по конференција). Значи освен дека одат најдобрите 8 од конференција и дека 1 со 8ми игра и тн. знам то ми е јасно (кажвам да не се залета некој ова до го објаснува).

Значи дали имаат различни тежини противниците од иста дивизија?
Дали се играат ист број на мечови (мислам 4 беа (2+2)) со секоја екипа?
Дали имаат некаква врска дивизиите или се клаени само за поубав распоред (шо не вервам).
Значи ако има некој шо знај убо како оди редот во нба-та нека напиши нешто (регуларен дел (за плејоф знам фала))
Или барем линк некој со правила.
ФАла
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Извините што не ги постирав резултатите на време ради оправдани причини не можев

Резултати од натпреварите во НБА лига за 25 ноември

Торонто го совлада на Чикаго со 93-78

Јута го победи на Детроит со 103-93

Кливленд ја совлада на Индијана со 111-106

Сан Антонио го победи на Сиетл со 116-101

Њу Џерси тесно ги совладаа на Лејкерси со минимални 102-100
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Резултати од натпреварите во НБА 26 ноември

Њујорк ја совлада на Јута со 113-109

Минесота го победи Њу Орлеанс со 103-94

Вашингтон го совлада на Далас со 110-98

Сакраменто изненадно го победи на Сан Антонио со 112-99

Орландо издвојува победа врз Портланд со 85-74

Хјустон ги совладаа на Лос Ангелес Клиперс со 88-71

и за крај Голден Стејт го изненади на Феникс победувајки го со резултат 129-114
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Еве ги резултатите од натпреварите во НБА за 27 ноември

Мемфис ги совладаа на Њу Џерси со 110-103

Мајами ги победија на Шарлот со 110-90

Филаделфија издвојува победа против Милвоки со 114-99

Чикаго ја совладаа Атланта со 90-78

Индијана минимално го победи Денвер со 112-110

Лос Ангелес Лејкерс ги совладаа на Сиетл со 106-99

и во најинтересниот натпревар што се одигра таа вечер беше помеѓу Бостон и Кливленд.Кливленд на чело со Леброн Џејмс ги совладаа на Бостон после одиграно едно продолжение со резултат 109-104
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.784
Во среда 28 ноември се одиграа 10 натпревари во НБА лигата

Јута ја совлада на Филаделфија со 106-95

Торонто ги победија на Мемфис со 103-91

Атланта го совлада на Милвоки со 96-80

Сан Антонио го победи Вашингтон со 109-94

Далас ја совлада на Минесота со 109-103

Хјустон го победи на Феникс со 100-94

Голден Стејт го совлада на Сакраменто со 103-96

Индијана го победи Портланд со 95-89

Орландо го совлада на Сиетл со 110-94

Детроит го прегази Кливленд победувајки го со голема разлика со резултат од 109-74
 

Kajgana Shop

На врв Bottom