НБА сезона 2021/22

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    75
Ијаааа луд натпревар во Сан Франциско.
Да не спојлеришам ќе гледате утре, овај веќе денес хајлатси ;)
 
аууу ама јак крај, вреди да се погледне хајлајтс од ГСВ - ДЕНВЕР.
 
Исто и Лејкерс-Јута страшно добар натпревар и луда завршница исто како и ГСВ -Денвер. Колку и да се лоши сезонава тек сега со повредата на Дејвис немаат никакви шанси да направат нешто во Плеј Оф. Штета за Дејвис колку нема среќа.



А да и како што пиша погоре @Partizanen banditen ако не добие Јокич мвп и сезонава ќе е трагедија. Каков само IQ има момакот не е хумано како си ги вози независно против кого и да игра. Буквално на грб го носи цел тим и е 90% заслужен за резултатите и успехот на Денвер. Без него би се бореле на дното со Хјустон. Нека му се враќа Мареј барем да имаат некакви шанси да замрсат сметки на Запад.
 
Реално лани Фила сама го прогласи Ембид за МВП (цигански потез од цигански клуб), додека разликата беше голема во гласањето. Така да не гледам кој би можел сега да му се приближи. Игра сам, ја турка целата екипа...И да ако остане во Денвер ке испадне глуп, затоа што е курац од франшиза.
 
А да и како што пиша погоре @Partizanen banditen ако не добие Јокич мвп и сезонава ќе е трагедија. Каков само IQ има момакот не е хумано како си ги вози независно против кого и да игра
Не дека не сакам да земе МВП или дека не заслужува ама реално МВП ниту се дава на играчот со најголемо IQ ниту на најдобриот играч во лигата (општо земено), него на најкорисниот за тековната сезона.
 
Не дека не сакам да земе МВП или дека не заслужува ама реално МВП ниту се дава на играчот со најголемо IQ ниту на најдобриот играч во лигата (општо земено), него на најкорисниот за тековната сезона.

Па кој е најкорисен во регуларнава сезона според тебе?
 
Не дека не сакам да земе МВП или дека не заслужува ама реално МВП ниту се дава на играчот со најголемо IQ ниту на најдобриот играч во лигата (општо земено), него на најкорисниот за тековната сезона.
Фала богу друже. Мене ме боли таквото за дали ќе земе или не. Ниту сум негов фан нити ништо ама и тоа како заслужува и сезонава да си земе МВП. И те како најкорисен играч. Тоа што го игра Јокич е едноставно уметност. Единствено нешто што малку му фали е да подобри одбраната иако и тоа е за нијанса подобар. Ама во напад нема играч што може да го сопре. Најважното нешто во сето тоа е што не брка ни трипл-дабл нити ништо буквално игра за тимот и никогаш не форсира тоа. Едноставно бројките сами си се билдаат и мислам дека ние како фанови на НБА повеќе сакаме и сме за тоа да земе МВП отколку самиот тој. Штета ќе е ако не си отиде од Денвер и проба да освои прстен во некоја подобра екипа затоа што во Денвер тешко дека ќе му склопат екипа за да дојде до тоа иако мислам дека тоа нема да се случи и додека е во НБА нема да игра за ниту еден друг тим.
 
МВП ќе земе играч од тим што е на првите 3 места на исток или запад, како и секогаш. Шанси нема Јокиќ да земе у случај Денвер да завршат 6-ти на запад.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom