Cousins не е воопшто спор туку тој самиот се влече по теренот кога не е заинтересиран, а не е заинтересиран горе долу секогаш кога ја нема топката. И тоа како знае да трча во контра со топката. Тоа е најјаката работа што можеш да ја имаш за добар напад со брзо темпо.
Инаку генерално се согласувам дека Ty Corbin е убедливо најлошиот тренер во лигата, стварно не знам што е поентата со него, испаѓа дека го ставија за да танкаат и да си го задржат пикот. А и да треба да се прилагоди стилот на игра на играчите. Cousins може да игра во сите стила на игра, ама кога еве веќе ова функционира и кога е очигледно е дека тешко ќе можеш да го убедиш да трча по цел натпревар, и јас мислам дека правилно правеше Мелоун.
П.С. Jason Thompson мислам дека воопшто не е битен за тактиката. Тој игра повеќе оти нема кој друг да игра, а не дека е толку битен.