The IBAKA "Effect"
Ако некој се осудеше да прогнозира и да предвидува, колку лоша ќе биде
одбраната на OKC во текот на целиот меч (
game 6), врз база на првиот напад на Spurs и првите неколку минути,
нормално не би го сфатил многу сериозно (а и не само јас, било кој, сепак ова е NBA).......
ама баш и така испаднаа работите game 6 за OKC !
Следи одличен
клип (направен од мене лично,
trt limited production 
) компилација на акции и потези во траење од 8+ минути , или вкупно 25 напади од Spurs, обработени, со многу ситуации кои прикажуваат како се се одвиваа работите на терен за OKC дефанзивно во текот на целиот меч. Нема аудио ( не оти сум глув па не ми менува многу), затоа и е посочена конкретна минутажа од клипот (за полесна навигација, се извинувам оти нема chapteri

blu-ray изданието ќе биде обавезно

) и коментар за секој напад (хронолошки од почеток на меч до крај со OT). Клипот сам по себе е доволен и без коментар и текстуален опис, за да се види
одбраната на OKC и сите пропусти и недостатоци во тој сегмент од играта кај нив, како тимски/колективно така и 1на1 !!
Прв напад од клипот, воедно и прв напад за Spurs, Lenard на влез се шета буквално во рекет на OKC, лоша одбрана на Durant, ги мина практично тројца(велеслалом) и бидејќи крајот го краси делото = фантастичен фото финиш, едно постерче (
рим протекторе кажи "птичка")
На 0м 40s (секунди) - дуел на Diaw и Ibaka (1на1), фаул од Ibaka, доста спор = 2 слободни за Diaw.....Diaw може стави 10-тина+ кила последниве 2-3 години и може личи на трудна жена, ама на низок пост/ под кош се уште е доста снаодлив и заебан за чување!
На 0м 50s - трет напад од клипот...лоша одбрана во транзиција (Adams нешто се расправа со Lenard на страната на Spurs =провокаторче е тоа познато и од случајот со Randolph документирано) Spurs со вишок човек во контра, Ibaka мора да испадне на Manu, а овој ги сече
со додавање кон Tim (Adams може само да го дише чадот од ауспухот на Duncan, кој иако 38 години не остава таков впечаток во контрава на Spurs)
1м 10с Westbrook штурчето се бори со Diaw прасенцето, под кош и не се дава, и чиниш OKC играат 1на1 и секој си го чува човекот за кого е задолжен....и на 1.12
чичко ти Fisher се успива= "
Другарче кај е бе тоа Ману 
?! "(не мислам на Македонска Академија на Науки и Уметности

)туку на
Џинобили, бе Fisher !!! Ману сече долж аут линија како дух + одлично се снајде Diaw =супер се прочитаа. Да не заборавам ....и Паркер во тие моменти е буквално сам за 3 и му капат лигите за шутче!!
1.22 - нареден напад за Spurs=
1.29 Ibaka другарче кого тоа ти чуваш бе под кош??!! 
Спие........Diaw ќе го казни, па нормално !!! OKC ми игра тој напад со многу ниска постава (Lamb, Derek, Durant, Ibaka , Reggie) и барем се очекува да биде малку поподвижна играта и агилна во одбрана 1на1, со подобро затвoрање на рекет и да не оставаат толкави дупки и простор или барем навремено превземање од блокови ...во теорија да=жртвуваш висина да добиеш во брзина ...ама не е така на терен за OKC!!
1.38 ...IBaka задолжен за Diaw .... Timi ги залажува демек ќе игра Pick&roll со Lenard, тука е грешката кај Adams (до некаде и Durant кој е
ни ваму ни таму )кој го остава Timi,
па IBaka мисли дека он треба да го превземе Duncan и така и остава огромен простор на Diaw -буквално сам 1.46 ....среќа Diaw промашува , но тоа не го побива фактот дека Adams, Durant и Ибака не беа добро "синхронизирани" и е одличен пример случајов за катастрофална тимска одбрана и лошо читање со премногу простор оставен при одбрана 1на1 долж линија за три, школски пример како не треба да се брани Pick&roll ...очигледно OKC беа премногу фокусирани само да го затвараат рекетот без да обрнуваат многу внимание на периметар!!
1.58 ..Reggie го брка Green кон ќошот и е барем доволно брз и таман го следи и е доволно залепен до играчот, и одеднаш
непотребно ми удвојува Ibaka на 2.03 ...Нормално,
Boner после неколку тикви, кога тогаш ќе ги казни и ќе платат...
кажи "птичка" IBaka ....AGAIN! (Ibaka само за филм оваа партија колку потроши

!!!)
Во тој момент Spurs беа 3/14 за три и пак водеа со 33-29!
2.16 IBaka му сигнализира, со рака на Durant= "
Другарче, превеземи го Boner, не го оставај сам !" Ај и Reggie можеби "пази" на Green и е на место, но погледнете ги и Durant и Westbrook...
Кого реално чувате бе вие ??!!

Хаос кај Thunder !!!
Или си викаат на Boner му се трефна таа пред тоа..лоша одбрана повторно ...Boner баш не е за потценување кога е сам за три !! Среќа па Boner промашува!
2.43 Ману организира напад.....IBaka другар, ама озбилно кого ти од Spurs чуваш под кош

?!
Оди Manu на влез и цела екипа на OKC буквално ја навлекува и на 2.50 Boner и Lenard отворени патролираат за 3 и никој не ги рецка! Арно за OKC ништо од овој напад не испадна !
3.00 напад за Spurs , Tony го води орото, Тими и Perk се буткаат, се направи малку гужва ...Тими оди накај Parker да постави блок ...на 3.09 Perk исфрустриран(очигледно) му го "мести"
на Westbrook Тими на pick (со тоа што го подбутна Duncan малку) и го потчукнува по газето Russell(тоа значи , "
ајде Rusell превезмај го Tоny, да те видам и немој да ти избегал !" )
3.16 Tony го користи блокот и буши на влез сам (IBaka е немоќен и касни како по обичај)
Погодува Паркер ....ама она што е битно плус на 3.16 погледнете ја
отворената игра на Spurs =Тројца играчи Lenard , Ману, Boner сами за три ..Паркер дури и можеше да врати кон некој од овие, немаше да згреши, Durant по секако не може тројца да ги покрие, лесно ќе го издуваа 2 на 1 и можеше пак да биде чиста ситуација за 3 !
Катастрофа колективна одбрана по којзнае кој пат !!
Spurs го завршува полувремето со само
42 поени ...најмалку за прво полувреме оваа сезона во плејоф !
Катастрофален шут на Spurs прво полувреме а OKC води само 7 разлика !!
Ако едно нешто беше јасно како ден , тоа е дека Spurs сигурно не може да продолжат да пуцаат толку неефикасно и наредно полувреме, колку и да не им бил денот погоден.
Прашањето беше
може ли OKC да продолжи да игра толку лошо во одбрана до крај на меч ??!! Па дали може, уште и прашуваш!!!
==========================================================================
3.29 повторно многу простор за Boner остава IBaka ...нормално, ќе платите OKC...не може цела вечер отворени шутеви да промашуваат ...
Boner храбро (ја има поддршката и вербата од Popovich, сигурно не го стави џабе прва постава и џокер)
3.43 Green му ја избива топката на KD....3.49 контра...
никој од екипава на OKC не го забележува Lenard 
(бар така изгледа) Тука треба еден спринт Rusell најлогично(ќе го ебаа, он само сака да си пуца) Или пак он си мисли IBaka Ќе превземе ?!....Па дури и IBaka кој е сепак прв, доцни многу и не му се трча и запнува многу... ..Тешки им се нозете на OKC !
3.58 Durant го брка и чува Lenard, напад за Spurs ...на "блок"/разминување од Diaw, го превзема Ibaka (ги менуваат играчите со Durant, се менуваат чуварите) и се дига лесно на шут Lenard,Ибака со многу простор 1на 1,повторно "изненаден", Lenard го казнува!
4.13 напад за Spurs ..Lenard ја води и префрла топката на страната на OKC и блок од Duncan на 4.17...Lenard сеќава дека му оди , Ibaka повторно лошо, не навремено превземање од блок и касни .
Lenard го дупна пак дефанзивецов. Durant нормално во оваа ситуација се лути и е во право (иако и тој многу грешки направи овој натпревар со доста незалагање дефанзивно и летаргија и пасивност )
4.28 напад за OKC , Regie кон Durant, Green му ја избива 4.40.. Spurs можност за контра....Тешки му се нозете на KD и непотребно објаснува и се бунтува (за грешката) наместо да згазне на гаста...Го достаса и закачи сепак Green (кога овој е глуп и сака да забива место да оди на положување на втор обрач од десна страна) ИМАА пак ксмет

!!!
4.50 напад за Spurs, Ману го организира нападот ...на 4.54 Durant им вика на Reggie и Ibaka "
Пазете на Splitter !" Се тоа убаво,на збор, ама тогаш кој играч бе другар KD ти го чуваш во тој момент и ми дремеш во рекетот сам ко свирец ??!!!Ману ли го чекаш да влезе ?! Пази а и Ibaka му вика на Regie да внимава на Tiago. Ако е така, тогаш кого чува Ibaka тогаш ??!!!! =(НИКОЈ)
Manu пак ги пресече (секоја чест,
нема да ги чека да се договорат 
) кога толкава дупка му оставаат и логично лесни поени за Tiago (Reggie не може да помогне тука многу , треба тука IBaka или Durant ) Тројца од OKC го чуваа рекетов празен и го исчуваа на крај . СЕКОЈА ЧЕСТ !!
Оваа сцена е како на Бени Хил !!!
5.10 Ману го води нападот..... и Тими испаѓа на линија на 3 и оди кон Ману демек ќе прави блок/P&R за него (Adams и Fisher повторно се заглавија и самите си направија зид)
Adams к-ре неикусно касни назад али тука за ова ситуација крив е пред се Fisher бидејки кога иде Тими за блок, мора Fisher да се "залепи" до Ману доста порано пред блокот од Тим, да не остави толку простор! Тими им бега, пас кон Милс, овој назад,ги прошиша и мислат OKC ќе оди Тими на влез ама враќа кон Diaw и им ја прават на OKC
"Вртелешка" со Весна "Бејби Davis"




Основи за добра кошарка = несебична игра со многу додавања и
ТРПЕНИЕ најчесто е рецепт за шут од изградена позиција!!
Првите поени од клупата на OKC дојдоа при крајот на трета четвртина (Derek Fisher,
аирлија OKC , да частите треба!!

да ви се множат

)
Spurs пред последната четвртина имаат 10 разлика (плус играа без Паркер !!)
И тогаш
Brooks на интервју на пауза пред почеток на последна четвртина си ги кажа маките но и дел од
желбите !!! Барем за искреноста си срцка
ДЕ ПОВТОРИ BROOKS што викаш ?? Нешто
слободни фрлања а?!

Линија за слободни фрлања?? Со лопата да ринеш нешто вика ?!

Колку повеќе толку подобро

!
И судиите одма го прочитаа како селски буквар

!! Немаше ни потреба ти да им кажуваш бе !!! И одеднаш OKC станаа "
агресивни"

, тие прикаски од типот "
attacking the rim" и мислиш не се чуваат.
Spurs за 4 минути отидоа во БОНУС 
....абе ТОЛКУ ЛИ СМЕ НИЕ ГЛУПАВИ БЕ ?!?!!! Е КАЈ БЕА OKC три четвртини и оти не го правеа тоа минатите 36 минути

?!
И во последната четвртина, особено првите 3-4 минути Spurs премногу форсираа и играа исклучиво со шут за 3 (имаа и добри ситуации и отворени шутеви на моменти, ама се изнапромашија бааги и се коцкаа непотребно а имаа +11)
5.23 Lenard јури (Гагарин) во контра и повторно на OKC не им се трча баш многу во
транзиција ...овој пат Green ја научи лекцијата и положува на втор обрач

(го заеба KD од лева страна

) за лесни поени преку Fisher !
5.40 напад за OKC, сечат Spurs, фураaт во контра со полна пареа...на 5.43 види како одма се местат снајперите на Spurs (Mills и Green)....и во бркотницата Reggie додека се освести ....
....
го заборавија Belinelli (кој е овој бе стварно?!) кој во ептен битен момент збрца 3 ...5.55 Reggie аман те молам, поштеди го од банана ....и само кажи "птичка" !!
6.08 Spurs офанзивен скок со доста среќа, Marco се заигра малце, пак се колеба и лакоми за три (ама знае дека глаата Попович ќе му ја скрши

оти и веќе промаши шут од неизградена позиција, ептен без врска шут, претходниот напад!) На 6.13 забележете ги
Durant, Ибака и Rusell = Прво , кого чува Durant ?! Второ, кого чува Russell свртен со грбот ??? Сите тројца околу Lenard , и толкава дупка во рекетот .... при што
Ману една ракета до Diaw
....и по којзнае кој пат ваков хаос кај OKC и не се знае кој и што чува и никој не си ја знае улогава дефанзивно !!
6.26 Ману води напад......
mismatch =
Diaw со мевот vs чичко ти Fisher со бицепсот 
....Durant се стрча за кратко , колку да се рече ( не испаничи за џабе)...ги казни Diaw!!
OKC играат со многу ниска постава во последните минути (Fisher, Russell, Reggie, Durant, IBaka)
OKC ќе игра small,ама ќе го прими BIG !!! Одиме !!
6.47 Повторно истата шема ја тераат Spurs, во дуелот Diaw/Fisher, сакаат да ги насамарат OKC, да дојде некој на помош ....Durant оди на помош/мора (запали финтата на Spurs!) ама прави катастрофална грешка и го остава Lenard
АПЛА сам на крило (кој го е-е нека крши глаааа, рече KD) ...KD се стрча (имај милост KD...аман не го лепи) .....Lenard од чиста позиција и имаат многу среќа OKC...Spurs се отепаа од промашување за три овој меч , особено последната четвртина !!
7.10 Повторно
mismatch Duncan/Fisher ...7.19 и логично Fisher може само да прави груб фаул во немоќ (малку фалеше Timi една глааа да му удри, ама не е таков он.....)
7.31 Во битни моменти, кога се решава мечот, мора Тими да превземе ... класика Тими 1на1 и пак го дупнаа овој рим протекторот = Дефанзивец на годината де, ме разбираш!!!!! ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ на овој меч!!!!!
7.51 Чичко ти Тими , во
mismatch со Reggie, иде на помош и Russell тука .......имаше среќа доста Duncan , ама влезе ! Во тој дуел Duncan можеше и да оди со пас кон Green на другиот крај, кој OKC го заборавија (секако, тоа што Russell дојде на удвојување си има цена , често прашање е колку ќе им наплатат во таква ситуација за компромисот!)