НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро е. Освојуваат Спрси со 4:2 титула против Мајами, можам мирно да спијам летово.
 
Eve ja sansata da ja ispravat greskata od lani..uste mi ekrivo za toa finale ahh.. Samo da ne e seriozna rabotava so Parker.
 
Паркер ептен се повредил, го пропуштив тој дел?!
 
Секоја чест за Данкан и Спарси,,и против публика и против судии извадија мадиња и победија на невозможен начин..секоја чест за Данкан каде на крајот го издоминира 15 години помладиот и далеку физички посилниот Ибака и преку двајца го погоди најбитниот шут:cuc:..

Иначе судиите ја претераа малце..како да гледав реприза од Мајами-Оклахома во 2012 на 3-тиот дуел каде судиите правеа криминал во корист на Мајами овој пат за Оклахома..ама кога не се способни кој му е крив
 
Ne se vrati vo igra taka da mozno e da e poseriozno. Kolku sto pokazaa mraz na zglobot drzese..Za kolku vreme pocnuva finaleto?
 
Ако инстантно му отекла и треба да му се мести од 7 дена до 2 недели минимум.
 
Паркер и онака ланското финале одигра испод очекувањата , дури и потфрли на повеќето натпревари против Мајами одигра послабо од очекувањата , само на почеток од серијата одигра добро . На негова и на душа на Џинобили оди поразот и губењето титула Паркер имаше слаба реализација од поле а Џинобили се претвори во Турнобили со изгубените топки , само Данкан и Ленард одиграа цела серија на ниво против Мајами , а Дени Грин први 5 натпревари збеснуваше со шутот за три поени а во 6 натпревар Мајами му го подзатвори шутот за 3 поени додека во 7 натпревар Дени Грин беше целосно отсечен со неговиот шут за три поени и верувам дека Мајами нема да прави грешки од ланското финале и дека уште од старт на серијата ќе настојуваат да го затвораат добро шутот на Грин за 3 поени како што и направија лани во 7 натпревар . Ќе мора да изиграат многу подобро некои играчи на Сан Антонио ако сакаат титула бидејќи Мајами многу лесно учат на минимални грешки што ги прават на претходни натпревари и сигурно уште од старт Мајами ќе знае каде да одигра подобро во однос на ланското финале . Сетете се само како лани Индијана одиграа одлично против Мајами а годинава многумина истото го очекуваа а потфрлија Пејсерси поради одличниот менеџмент на Мајами кој си ги знаеше ланските грешки и ги исправи тие грешки . Ако сакаат титула во Сан Антонио тогаш мораат повеќе нивни играчи да го дадат максимумот ( мислам на Џинобили и Паркер пред се ) бидејќи немаат класичен поентер во тип на Коби Брајант , Леброн Џејмс , Дурент и слично .
 
Баш ми е мило за САС, како што рече некој погоре, шанса да се поправата за минатата години, и мене уште ми е многу криво како ја изгубија таа серија. Овој тим на Попович заслужува титула.

А за ОКС, со подобар тренер и уште 1-2 добри role players, ќе бидат најсериозни кандидати за титула.

Тие се новото трио во НБА, вчера Ибака покажа колку е само битен за ОКС, за Дурант и Вестбурк да не збориме, во моментов се подобро трио од она ''big three'' на Мајами.
 
Како само му ја собра Леонард топката на Вестбрук пред да поентира во последната минута од продолжението :drk:
Страшен играч ќе стане.
 
И мене Ленард ми е еден од најомилените играчи моментално, али дечкото мислам дека има максимум да стане некоја верзија на Андреј Игуадала, ништо повеќе, едноставно нема доволно офанзивен репертоар за да биде суперстар.
 
Многу добра тимска одбрана изиграа спарс, кој знае колку пати тргнаа во транзиција ама не можеа да завршат, затоа се мачеа од почеток.
Каков колектив се спарс, значи никој нема просек повеќе од 30 минути и цела екипа ветерани, а пак доминираат. Поп е невеојатен кошаркарски мозок.
 
Баш ми е мило за САС, како што рече некој погоре, шанса да се поправата за минатата години, и мене уште ми е многу криво како ја изгубија таа серија. Овој тим на Попович заслужува титула.

А за ОКС, со подобар тренер и уште 1-2 добри role players, ќе бидат најсериозни кандидати за титула.

Тие се новото трио во НБА, вчера Ибака покажа колку е само битен за ОКС, за Дурант и Вестбурк да не збориме, во моментов се подобро трио од она ''big three'' на Мајами.
Во моментов не се тие подобро трио од она на Мајами . Во иднина за некоја година можеби ќе бидат но тоа е за во иднина . А и во таа иднина Вејд нема да биде ништо помлад од сега и Бош и Леброн исто и не би била тоа некоја споредба, но моментално тие се најдобро трио во лига . Бош е се уште класа кога би играл сам во некој друг тим секој натпревар би имал преку 20 поени и 10 скока што не може истото за Ибака да се каже , се знае што тој Бош правеше во Торонто кога беше лидер таму а Ибака е подобар од Бош само во блокади тоа е реалноста . Забораваш многу лесно кој лани го бранеше Хиберт во 7 натпревар со успех , заборавашкој на Дени Грин му делеше блокади во 6 и 7 натпревар и го затвораше шутот на Дени Грин . Можеби со бројки и учинок по натпревар Бош не е најдобар но со придонесот во најважните моменти е најкорисен крилен центар во лига . Многумина само зборуваат за Кевин Лав , Блејк Грифин , Алдриџ и слични крилни центри но тие тројцата кога би играле место Бош во Мајами тогаш за Мајами би било тешко бидејќи тие тројца не се некои дефанзивци . Статистиката некогаш знае и да лаже во овој случај со Бош .
 
Другар, кои ти се овие аргументи, прво ми викаш дека у секој друг тим Бош би имал 20 и 10, после викаш дека статистиката знае да лаже. :)

Што правел Бош во Торонто, еве го глеам еден куп титули освои со нив, што да ти кажувам.

Ми вадиш тука одредени утакмици, а што да се каже за тоа што е подпросечен играч во напад(Хиберт) у просек им брцаше по 25 коша на Мајами? Го направија како Чембрлен да изгледа, не ме заебавај.

Малку е неблагодарно да се споредува, али моментално мислам дека Ибака е далеку покорисен играч од Бош, дефанзивно се небо и земја, а офанзивно не е тој Ибака од пред неколку години, многу е напреднат.

Кога повреден имаше вакво влијание во серијата со САС, можам да замислам како ќе биде кога ќе биде здрав.

Мајами е подобар само ради системот што го имаат развиено овие неколку години, и углавном истите играчи што играат во него и го имаат навикнато. Тука би го споменал и тренерот, може на моменти Спо може да се изгуби, али сигурно е подобар од еднодимензиналниот Брукс, кој ако не го сменат незнам дали ОКС ќе можат многу да напреднат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom