NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Лошо е што некои од агентите го молеа Били Хантер да го направи ова што денес го направија играчите во Јули, затоа што се осеќаше дека сопствениците ќе сакаат премногу и не бараат фер договор. Сега вака чао НBA сезона, здраво...синхронизирано пливање?
Апсолутно, распуштањето на синдикатот требаше да се направи на првиот ден од локаутот... и сега веќе ќе гледавме наптревари.
Како што изгледаат работите, на Били Хантер најбитна му е фотељата или едноставно лигата го изненади со ненадејниот судски спор летово (превентива на десертификацијата). Сепак ме изненади последнава одлука за disclaimer и распуштање на синдикатот со што барем се избегнува потребата од 30-40 дневна постапка за десертификација.

Уште не готово, можни се чуда... најмногу ако лигата и сопствениците попуштат малку. Па аман бе, цели 7% oд бруто приход и еден куп системски прашања попушти синдикатот на играчите... не разбирам што си мислеа сопствениците, премногу запнаа. Само со тие 7% бруто приход се пополнуваат наводните 300милиони загуба годишно...
 
2u55q1w.gif
 
Half of NBA Owners Willing to Miss Season

Michael_Jordan_at_Bobcats_Town_Hall_Meeting.jpg


http://www.celticslife.com/2011/11/half-of-nba-owners-willing-to-miss.html

да се скапат сите овие по ред, почнувајќи од Џордан. ебати шопако
Player MJ
: The Bulls should pay me 40 million a year & renegotiate Scotty's contract and pay him $20 mil.
Owner MJ
: $7 million for a player? Too much. $3 million? Too much. They should play for free damn it!

ццц ебате тоа лакомите гзови :tapp:
 
ми текнува на времето кога го имав куцањето на картер од олимипијадата покрај другите порничи на телефонот.. а за гарнет ме пука некој депресија лигата нема да биде иста без него башка не верувам дека уште 2 сезони ќе остане .. не се сите типови како шекил па до 40 да играат .. а мојот сон дека бостон и гарнет ќе земат титула станува се поневеројатен..
--- надополнето: Nov 22, 2011 2:22 PM ---
ми текнува на времето кога го имав куцањето на картер од олимипијадата покрај другите порничи на телефонот.. а за гарнет ме пука некој депресија лигата нема да биде иста без него башка не верувам дека уште 2 сезони ќе остане .. не се сите типови како шекил па до 40 да играат .. а мојот сон дека бостон и гарнет ќе земат титула станува се поневеројатен..
 
Нема ништо ново дечки? Нов состанок? Последна надеж???
Јок бе брачко, им се здосади и нив да се лажат меѓусебе.
Сега големите НБА звезди ке одат на турнеи и ке играат хуманитарни натпревари.
А другиве ке фајкет џаде во европа.
 
Што читам ова ќе почне НБА околу Божиќ ама уште не е потврдено од официјални лица?
 
Што читам ова ќе почне НБА околу Божиќ ама уште не е потврдено од официјални лица?

Се преговара, мада со помалку публицитет. Газдите сакаат 66 утакмици, со помалку не им се исплаќало. Според последните информации спремни биле да попуштат за mid-level exception и да го остават како што е сега, додека за другите прашања сеуште нема попуштање од газдите.
Како што кажаа многу новинари од САД - глупаво би било да се изгуби сезона, огромни пари и илјадници работни места кога тимовите и играчите се блиску до договор. Поделбата на приходите е договорена, системските прашања ја кочат работата. Очекувам газдите да се свеснат дека многу повеќе губат, отколку што добиваат и сезоната да почне околу нова година.
 
Што читам ова ќе почне НБА околу Божиќ ама уште не е потврдено од официјални лица?
Или подетално
Се преговара, мада со помалку публицитет. Газдите сакаат 66 утакмици, со помалку не им се исплаќало. Според последните информации спремни биле да попуштат за mid-level exception и да го остават како што е сега, додека за другите прашања сеуште нема попуштање од газдите.
Како што кажаа многу новинари од САД - глупаво би било да се изгуби сезона, огромни пари и илјадници работни места кога тимовите и играчите се блиску до договор. Поделбата на приходите е договорена, системските прашања ја кочат работата. Очекувам газдите да се свеснат дека многу повеќе губат, отколку што добиваат и сезоната да почне околу нова година.

А не ви се чини овој моабет некогаш правен? Едно 10 пати досега, а договор нема:eek:
 
Или подетално

А не ви се чини овој моабет некогаш правен? Едно 10 пати досега, а договор нема:eek:

Точно, ама ова е веројатно последниот push за да се спаси сезоната. Сите предности кои можеа двете страни да ги добијат ги искористија, напоредно на тоа и последнава од страна на играчите кои го распуштија синдикатот и ја тужат НБА. Нема веќе блефирања или изнемоштувачки состаноци.
Направен е некаков компромис околу селари капот, таксата на луксуз, мид-левел правилото, начелно се согласија околу 50-50 делба на профитот, постигнат е консензус за пократки договори со играчите, играчите издејствуваа дел од профитот да оди во пензискиот фонд на лигата... Треба само да се направи последната отстапка од обете страни и толку...
Како што реков и претходно, двете страни се премногу блиску до нов колективен договор за да се откажат од НБА сезона и од милијарди долари на двете страни... Тие го знаат тоа и затоа овие разговори, кои патем се водат многу потајно, се охрабрувачки.
 
Направен е некаков компромис околу селари капот, таксата на луксуз, мид-левел правилото, начелно се согласија околу 50-50 делба на профитот, постигнат е консензус за пократки договори со играчите, играчите издејствуваа дел од профитот да оди во пензискиот фонд на лигата...
Освен сосема малиот дел од приходот што би одел во пензискиот фонд, се од погоре наведеното се екстремно големи попуштања од играчите. Посебно попуштањето од 57 на 50% од БРИ.

Сега со десертификацијата и со судските спорови се зголемија апетитите на играчите. Со неколку отстапки од сопствениците, едноставно потпишување на нов колективен договор... мислам дека не е можно. Сега ќе треба да се согласат сите играчи со тоа, синдикатот повеќе не постои.

Неколку судски постапки се во тек и објективни проценки велат дека играчите имаат подобар случај. Играчите од НФЛ добија многу потежок случај на суд, тука Штерн со последниот ултиматум даде на тацна причина за десертификација.
Мое предвидување е дека играчите ќе добијат судскиот спор и дека сопствениците ќе зажалат што не знаеја кога да застанат, просто неверојатно е колку отстапки добија. Проверете ги само почетните барања на сопствениците од пред Јули со оние што ги бараа во последниот ултиматум... исти се!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom