Kaко за фанови на Бостон би требало да ви е јасно, што значи темпирање на форма низ регуларна сезона и играње со повреди и без клучни играчи.
Малку да бевте реални ќе си кажевте дека сите очекувавте Лејкерси да бидат згазени без Бајнам, без Одом, со нов тренер наместо великанот Фил Џексон, со Коби кој не се знаеше дали ќе игра -а
играше со пред два дена целосно скинати лигаменти на десната шутирачка шака... и „засилени„ со тројца белци од кои еден грееше клупа и кај вас.
Ова е Коби Брајант, дами и господа.
Во кариерата има дадено и премногу вакви решавачки поени од неверојатни ситуации, за да биде свесен за лимитите на сопственото повредено и остарено тело. Похрабар е одколку што е тоа добро за него...
Факт е дека ако Лејкерси не промашеа 4-5 слободни фрлања во последната минута, ако судиите не досудија фаул врз Денг кој го немаше, ако се досудеше травелинг на Денг непосредно пред победничкиот шут на Роуз... Лејкерси немаше да изгубат.
Но тоа е веќе барање влакна, без разлика што навивам за ЛА, Чикаго победи и го заслужи тоа.
ЛА ако веќе потфрли, потфрли како тим.
Одбраната на Чикаго, а посебно во последните минути беше одлична. Не знам дали го слушнавте Тибодо како инструктира да се направи замката и која потоа Булси совршено ја изведоа врз Коби... ама за мене ова е знак дека Чикаго е спремен да стигне далеку оваа сезона. Имаат добар тренер, одлична одбрана и лидер кој може да го носи тимот во одлучувачките секунди.
Да повторам,
браво и честитки за Булси.
П.С. Лејкерси секогаш губат на Божиќ, а да не биде дека напамет зборам, еве и еден клип за травелингот на Денг: