NBA Сезона 2011/2012

  • Креатор на темата Креатор на темата GreenRoot
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ке започне НБА лигата со натпревари?

  • ДА! Ке се одиграат сите натпревари.

    Гласови: 19 16,8%
  • НЕ! Нема да со одигра ниту еден натпревар.

    Гласови: 24 21,2%
  • ДЕЛУМНО! Ке се играат помалку натпревари од предвидените 82 натпревари за секој тим.

    Гласови: 70 61,9%

  • Вкупно гласачи
    113
Уфф, објективно за ЛеКвин... тешко е тоа.

Ама ајде да пробам. :)
Момакот е извонреден кошаркар, но се губи кога има притисок... ова не се случува спорадично туку многу често.

Џејмс пред последниве две утакмици?
На пример, Џејмс во финалето на плејофот '11та? Дап, релативно добра игра и исчезнување во последните четвртини... што доведе до пораз на Мајами.
Или бројните слични ситуации во Кливленд?

Неможноста да игра под притисок, нешто што ги дефинира великаните... тоа е тоа што му фали на Џејмс.
И подобар, константен шут. Сега е млад и во врвот на кариерата, но што ќе се деси кога ќе подостари и ќе го изгуби атлетицизмот?
Не може да шутира како Коби, МЏ, Реџи... нема пост игра како Данкан... не, момакот нема фино да остари како добро вино и како жива легенда туку како еден Винс Картер... бледа сенка од некогашниот играч кој го имаше на сите неделни топ10 кошеви.

Нема порекнување дека станува збор за супер играч, но играч кој е сепак не може да се споредува со легендите како МЏ, Меџик, Реџи Милер, Лери Бирд, Ајзеа Томас, (извинување на некулкуте што ги пропушатам, а ги има уште)... и секако Коби.
Со вакви соиграчи секако ќе освои некоја титула, ама никако „не 1, не 2, не 3... не 6, не 7„ ... шампионати, како што се фалеше. ;)
Не е убаво на нероден Петко капа да кроиш. До некаде си во право дека игра слаба последна четвртина, али што правеме ако освојат прстен, дали ќе го има истиот притисок како сега? Затоа не е убаво предвреме да се зборува. И овде нека заврши муабетот за Џејмс :)
 
Тренерите на екипите кои се во водство до тој момент, мислам дека така беше правилото.

Сигурен сум дека беше до пред некоја година, незнам сега дали и за нив се гласа

И ја мислам дека е така
 
Вечер има многу интересни дуели како Бостон всЧикаго, Хорнетс вс Минесота, Спарс- Портланд, Лејкерс против Кливленд, Денвер вс Мајами.. Супер интересни дуели
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 18:39 ---
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=4439

Колку неписмени се боже ,боже,провери НБА сајтот,не трескај зелени,мајсторија на

Кајл Ирвинг :facepalm:
Кај ја најдоа таа Л ама ич не ми е јасно :icon_lol:
 
Не е убаво на нероден Петко капа да кроиш. До некаде си во право дека игра слаба последна четвртина, али што правеме ако освојат прстен, дали ќе го има истиот притисок како сега? Затоа не е убаво предвреме да се зборува. И овде нека заврши муабетот за Џејмс :)
Зошто да заврши муабетот?
Една од позабавните работи во НБА се шегите на сметка на фалбаџиите... ;)

Сериозно, се разбира дека ЛеКвин некогаш ќе освои титула... со ваква екипа скоро не е возможно Мајами да не освојат титула. Ама кога ќе биде тоа и колку титули ќе бидат... тоа е сосема друго прашање.
Она што е сосема извесно е дека нема да бидат 8 титули (како што батето се фалеше) и дека цел свет колективно ќе му се смее на неуспесите (минус фановите, иако добар дел и од нив знае да го цени хуморот).

Леброн не можел да се споредува со Ајзеа и Реџи :pos: Ај сеа и ти не заебавај...
Во топ10 хајлајтс да, нема споредба.
Ама во категорија на муда, срце и остали делови од телото кои се асоцираат со можноста да се ебава матер кога притисокот е најголем... е тука горенаведените двајца се ебачишта во однос на ЛеКвин.

Ајзеа Томас бе, невиден лузер како тренер и менаџер, ама играчиште со големо срце. Со скршена нога има играно (буквално) и дадено 40+ поени. Мудоња!

Реџи факинг Милер. Притисок? Индијана губи со 10+ во последна минута? Реџи ладно иде на линија за 3ка и ...СВИШ, без коски...
Еднаш, двапати, трипати... колку пати треба толку пати. Никогаш нема предавање! А ако изгуби, изгубил обидувајќи се... а не со свиткан опаш, барајќи изговор во тимот и во тренерот, како Леброн.

Туку ајде, можеби не си прател НБА тогаш па простено ти е... :)
 
Абе сега не збораме за кој имал муда повеќе, туку кој бил подобар кошаркар.
Реџи само 5 пати бил олстар,само еднаш се нашол во 3 тим Ол Нба и само еднаш играл во финале. Реџи ти е во рангот на Реј Ален.
Ајзеа има подобра кариера од Леброн, ама не за долго. Индивидуално Леброн е подобриот играч.
 
Абе сега не збораме за кој имал муда повеќе, туку кој бил подобар кошаркар.
А за што збориме тогаш?
За топ10 хајлајтс во првите 3 четвртини во регуларниот дел од сезоната?

... или со други зборови што му вреди на тимот колку и да е добар играч ЛеКвин (ако не е под притисок и кога го чуваат дустери), кога никаде го нема во плејофот и во моментите кога се решава утакмицата. Во тие специфични ситуации јас а верувам и многу тренери, за решавачкиот шут секогаш би го одбрале еден Реџи Милер во врвот од кариерата, а не ЛеГушачот.
И не правам тука споредби на разликата во игра на shooting guard сo forward позицијата, туку споредуваме кој од овие двајца може да донесе победа кога е густо и влогот е голем.

П.С. Повеќе муда е секогаш подобро! :)
 
Ама очигледно е дека Мајамскиот Леброн ти го натрупал умот со вакви работи.
Во Кливленд ко играше беше друга приказна, ај да не ти пуштам клипој сега колку утакмици има решено пред се во плејофот.
 
Да :)
...и јас имам еден другар со 100% успех кај женски. Се ожени со првата и единствената на која и побара! :D
...ај да не ти пуштам клипој сега колку утакмици има решено пред се во плејофот.
Да, немој...
... не за друго, премногу утакмици има решено ЛеКвин, кој ќе гледа сега толку долг филм! ;)
 
На тема решавачки шутеви, две видеа со мислењата на легендите, првото видео е за тоа кој би одбрале они да го шутираат последниот шут, второто е општо за целата “филозофија“ околу изведувањето на тој шут.

видео 1

видео 2

ви препорачувам да ги изгледате (траат по 10ина мин) ако ги немате изгледано до сега...
 
Да :)
...и јас имам еден другар со 100% успех кај женски. Се ожени со првата и единствената на која и побара! :D

Да, немој...
... не за друго, премногу утакмици има решено ЛеКвин, кој ќе гледа сега толку долг филм! ;)
:facepalm:
Kobe 36 / 115
Lebron 23 / 69

Не се бламирај.
Мело е најдобар во clutch.
Има 21 / 44
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom