NBA Сезона 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата D-Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Дали вечер Мајами може пак да го добие Лејкерс? Ми се чини дека ја имаат вистинската игра за ЛЕјкерси. И ако Вејд постигне 25-26 поени би требало Мајами да слави, според мене:toe:
 
Дали вечер Мајами може пак да го добие Лејкерс? Ми се чини дека ја имаат вистинската игра за ЛЕјкерси. И ако Вејд постигне 25-26 поени би требало Мајами да слави, според мене:toe:

Нормално дека може да победат, само веројатноста е мала. Многу лоша е атмосферата во Мајами, барем според мене, еве Крис Бош на прес конференција почна да плаче како не играл на своја позиција, дека сега ќе почне повеќе да ја бара топката, Вејд вика дека клупата има слаб придонес зашто многу малку минути добиваат резервите, значи почна да се гледа јавно мало незадоволство кај играчите од тренерот. И не може да очекуваат со two and a half man да направат нешто повеќе. Вејд и Џејмс против Портланд имаа 69 поени и пак цело време беа во негатива, може против тимови со помал процент од 50, тешко против посилните тимови. Знам дека се трети во исток и во топ 6 во нба, ама не ми изгледа веројатно да направат нешто повеќе во плејоф, јас мислам дека полуфинале или финале во исток им е максимум, од исток мислам дека Чикаго ќе биде преставник во големото финале.
 
Апсолутно си во право.
Зато и вчера напишав дека му треба психијатар некој поасолен во Мајами. Како бе, прво тренеро излегва на прес и кажва дека тимот му плачел во соблекувална ?? На шо личи то ? После Бош се жали не имал улога во тимот како шо треба да има, па Вејд за резервите ... а да ќутеа малце и меѓу себе да го решеа проблемот наместо да јадат лајна на прес ?
Според мене мали му се шансите да стигнат до финале на Истокот, а камо ли до големото финале. Едноставно премногу се занесија и си мислеа дека се собраја тројцата и ќе газат се пред нив. Епа дечки, жалам, али не оди така.
 
Топ утакмици вечер. Тешко Мајами вечер, Гасол и Бајнам ќе доминираат на центарските позиции. Тешка утакмица за Њу Јорк против Далас. Сега може да се види силата и тоа дали напреднале барем малку после трејдот.
 
Big game tonight ha ?! :)

Натпревар по мерка за Мајами, кој ако го добијат не само што ќе ја прекинат серијата од 5-6 порази по ред, туку и психички доста ќе ги крене и мотивира за финишот на сезоната и бркањето на водечките екипи во целокупниот пласман, пред се на Чикаго кој е втор на Истокот. Ел Еј ќе влезе со добра форма во овој напревар, пред се мислам на убедливиот триумф против СА во неделата.

Сума сумарум, ќе биде интересен и неизвесен меч. Ако судиме по моменталната форма, Ел Еј е далеку во подобра позиција, нооо гостинската победа на Мајами во првиот дуел меѓу овие две екипи го остава отворено прашањето ..

:tv:
 
во колку часот по нашки е ЛАЛ - мајами? :)
 
сигурно од 1.....по шо еден другар ми рече во 3....
И да,кај ќе ја даваат!? :) :smir:
Од 1 ти е друже. Од 3 и 30 е Далас-Њу Јорк па од 4 и 30 Денвер-Феникс. На стрим ќе ја има
 
А да му предложиме на ТНТ да напрат едно студио кај нас и да ги анализираме утакмиците во живо ? Нека дават по двајстина иљади месечно доста се :icon_lol:
Па богами спремна екипа има тука за анализи да ти кажам искрено. Исти сме ко ТНТ секој со различно мислење ама иаме некоја поента( ако се лажеме)

Јас сум Чарлс Баркли, стоп.:pos:

Глеаме до крај вечерва? :)
Сосе анализите на утакмиците ќе не фати 7 сабајле. Who cares :)
 
за некои минути почнува утакмицата... уфф
мислам дека ЛА конечно заиграа како шо треба, се повеќе и повеќе личат на оној шампионски тим, додека Мајами полека влегува во сите оние полемики кои ги имаше на почетокот после потписок на големата тројка... нетрпение, неусогласеност, очаен тренер, мизерна клупа...
вечерва ќе бидат прекинати сериите(ЛА победи, Мајами порази) и продолжени... многу интересен дуел во кој повеќе мотив за победа мислам дека имаат ЛА поради поразот дома на божиќ...
како и да е со среќа и да гледаме прекрасна утакмица а би сакал и продолжение да има...
и да ГОУУ ЕЛ ЕЈ !!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom