Нормално дека може да победат, само веројатноста е мала. Многу лоша е атмосферата во Мајами, барем според мене, еве Крис Бош на прес конференција почна да плаче како не играл на своја позиција, дека сега ќе почне повеќе да ја бара топката, Вејд вика дека клупата има слаб придонес зашто многу малку минути добиваат резервите, значи почна да се гледа јавно мало незадоволство кај играчите од тренерот. И не може да очекуваат со two and a half man да направат нешто повеќе. Вејд и Џејмс против Портланд имаа 69 поени и пак цело време беа во негатива, може против тимови со помал процент од 50, тешко против посилните тимови. Знам дека се трети во исток и во топ 6 во нба, ама не ми изгледа веројатно да направат нешто повеќе во плејоф, јас мислам дека полуфинале или финале во исток им е максимум, од исток мислам дека Чикаго ќе биде преставник во големото финале.