Добро е , може Лејкерси читаат Кајгана

Не се исполна се, но задоволен сум од изданието.
Штета што ја гледате кошарката само на офанзивниот крај. Ајде прво да се фатиме за нападот, како што сите го гледате и со душа чекате да го коментирате.
Коби постигна 29 поени (10-29 шут = 30 %) со 7 скока, 4 асистенции, 2 украдени топки, 3 блокади и 1 загубена топка. За негови стандарди и за на стандрадите на Лејкерс ова е
лоша шутерска изведба, што
не смее да се повтори...но ако внимателно ја гледавте утакмицата, на премногу секвенци се случуваше истото - нема движење на топката во нападот, па има уште 10 секудни во нападот, ај ќе му ја дадеме топката на Коби, па што знае нека прави со неа. Нормално Коби ќе мора да упатува неизградени,форсирани шутеви од периметар, затоа што нема време, ќе пропадне нападот. Ова се случуваше цела утакмица вчера.
Но она што е побитно, не ја спомна одбраната на Коби. Не знам дали знаеш или запримети, ако можеш да затвориш некој тотално и ги контролираш скоковите - ја победуваш утакмицата. Одбраната и скоковите ја добиваат секоја проклета утакмица. Ај да видиме што Коби направи во одбраната...
Прво да објаснам како го гледам Бостон...Бостон ти е чудовиште со една глава.
Таа глава се вика Реџон Рондо. Ако ја сечиме таа глава, и чудовиштето умира. Тоа Коби го направи вчера. Го лимитира Рондо на само 3 скока. 3 скока Рондо ги прави само во првата четвртина а на со 42 минути на парктетот - колку што одигра вчера. Неговиот шут беше ок 5-10, не е лошо. Но и малите деца знаат дека поените на Рондо не се проблем, туку
неговата пенетрација кон обрачот, која ствара конфузија во протвничката одбрана и прави
лесни поени за шутери како Реј или Пирс, или цепелини за Перкинс и Гарнет,
чувањето негово во транзиција или полу транзиција, и
нормално постирањето негово околу обрачот за да не можи да направи офанзивни а ни дефанзивни скокови.
Тоа Коби вчера го направи 100 %. Неговата одбрана беше феноменална.
Неговата одбрана беше клучот. Тоа и херојското издание на Фишер.
Плус судиите му дозволија на Коби да биде поагресивен вчера.Затоа што по фантомските фаули во втората утакмица, Коби не можеше да биде агресивен, знаејќи дека има проблеми со фаули. Па така Реј Ален не ни се замори чувајќи го Коби, па затоа сите знаеме што следеше - 8 рекордни тројки. Ама Коби кога е на паркет , без проблеми со фаули и дозволена по машка игра - тоа во напад значи Коби повеќе може да сили пост-игра. А кога Коби сили пост игра или едноставно игра нон стоп агресивно тоа значи многу повеќе
трошење енергија за Реј Ален т.е многу повеќе притисок на старите нозе. Е таа изгубена енергија и тоа бранење на агресивен Коби си го зедоја д
анокот во нападот на Реј Ален. И сите знаеме како тоа заврши
0-13 на еден од најдобрите шутери некогаш видени. И тоа беше Коби, и тука е заслужен Коби. Не целосно, но проклето многу.
Е сега нормално Коби - трн во око, прв пост после утакмица ...аАаааАа Коби се покака. АаааААаааАа. Зошто? Стварно се покака???
Дали?? Стварно не знам дали и има смисла тука да продолжам да постирам, кога грото од постовите стварно немаат смисла, или може едноставно не сум јас за тука.