D'antony ги имаше Стадемаер, Неш , Раџа Бел, Грент Хил, Леандро Барбоса па пак отпадна во првата рунда.
Тој готов тим(како што го нарече) треба да се тренира, во тој готов тим секој треба да си ја пронајде својата игра и својата позиција. А кој помага за тоа? Тренерот. Тренерот исто така треба да направи атмосфера за играње и за тренирање. А кога сето тоа ќе се постигни - доаѓаат резултатите и победите. А во кој се победите и титулите - Фил Џексон.
Плус сите знаеме дека таленти како Џордан или Коби е многу многу тешко да се тренираат,стално ја превземаат играта во раце, стално мислат дека се најдобри, такви играчи да имаш е меч со две острици.
Еве ЛА лани отпаднаа во првата рунда, Коби беше добар да , ама тимот пак отпадна.
За човек што има 10 титули а можно е за 2 недели и 11 да кажеш дека е лош тренер за мене е апсурд.
П.С Не е само Џексон тренер на Лејкерс, тука е и Абдул-Џабар(кој работи исклучиво со Бајнам), Меџик Џонсон, Брајан Шо...затоа тој готов тим не е така како што изгледа.