NBA Finals 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .
Дека OKC ja заслужија победава и беа убедливи нема дилема, утакмица со 20 разлика во финале на конференција никој не добил на срека во НБА ниту како поклон !

Одлична колективна одбрана на OKC(многу добро се поставуваа на играва на Спарс, напад за напад) и пред се несекојдневната офанзива од Сефолоша (овој ја изигра најдобрата плејоф партија и многу тешко дека ќе ја повтори, што сака нека јаде нека пие деновиве, џабе е !)

обично Сефолоша е препознатлив и одличен во одбраната, а стандардно во напад го нема нигде и Сефолоша се римува со Игралоша (а оваа партија дури во шутот за 3 да му позавиди човек )

многу грешки направија Спарс (тука и OKC се заслужни) меѓутоа пред се стартериве имаа многу слаба реализација, кога ќе видиш дека само 33 поени стартериве постигнаа е многу лошо. Пофалба е само што Спарс многу добро го затвараа рекетот за Westbrook и не му даваа лесно да поентира од неговата омилена позиција од каде и не промашува (делот околу линијата за слободни), се гледа по поените и промашените удари и тука навистина е многу тешко да го запреш !

кога ќе подразмислиш, многу играчи/индивидуалци во лигава се способни да постигнат по 30+ поени на утакмица во плејоф, ама за 5 души, вкупно, тоа е катастрофа, плус и за финале на конференција. Пред оваа утакмица дека имале серија од 10 победи без пораз во плеј и некој да те убедува дека би можел еден тим да игра по таква серија, до волку лошо да падне, не е за верување , ама се случи, НБА за тоа е интересна била и ке биде

е сега реалноста е дека :

1. Сефолоша, за кој премија е во регуларен дел да постигне 10 поени (и е просек негде 5 поени), тешко дека ќе повтори ваква партија (многу битен сегмент, некој кај ОКC да се најде освен Дурант/WEST И Брадата да оди преку 10 поени, 2 утакмици за ред или во серија, не се случило овие 2/3 години !)

2. од 1 = кај OKC маката е недостиг на поентери, особено во рекетот (Ибака + Перкинс се тука утки и многу фалат нивните поени, најчесто).Им треба некој плус да ја растерети тројката на OKC и да им помогне.
Не случајно OKC ја добија и тоа убедливо последнава утакмица Обично кај нив е вистинска реткост преку 3 играчи да одат со двоцифрен учинок , а оваа партија се случи дури 5 да бидат со двоцифрен учинок, а и плус фактот што сите играчи од ОКЦ се запишаа како стрелци со по некој поен е вистинско откровение
фактот што Ибака + Сефолоша имаа повеќе поени од Durant+West многу боде во очи :confused:

3. Попович ќе ги види дупките и сигурно за game 4 нема да седи со к-рот во рацете и ке направи update со најновите patch-ови, а и најбитно не верувам дека стартериве на Спарс ке повторат толку слаба партија, ке видиме !

Наредниве утакмици сигрно ќе бидат тесни и убави за гледање и по темпо и интензитет. Нареднава (4-та) партија е од пресудно значење, OKC мора да ја земат, во спротивно adios!
 
Се навлажнивте :D Поразов не е ништо повеќе од планот на Поп. Погледнете на минутите што ги поминаа Данкан Ману и Паркер на терен и ќе сватите дека се спрема за четвртата утакмица кај што ќе се удри јако :) Да беше Мајами у прашање ќе гледаа да изиграат за статистика за да бидат таму со незнам колку победи по ред у плеј офф ама Поп знае да ја спушти топката кога е потребно, сепак трофејот е побитен од статистиките и рекордите :D
 
Најатрактивно финале би било Оклахома - Мајами.....од 1991 г. кога играа Чикаго - Лејкерси...немало атрактивно финале ( не зборувам за неизвесно...погрешно да не ме разберете )......
 
Добро линкче ??
Сопкаст ..? :)
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 02:44 ---
Едит : еве за сопкаст,страшна слика..само шпански коментатори...
sop://broker.sopcast.com:3912/130168 :/
ако најде некој со англиски нека пастира..
 
Куќата ја оставам на Бостон дека ќе тепа, посигурен не сум бил никогаш.
 
Заеби одбрана, ќе играме само напад :)
Туку рекордот у една четвртина во плејоф е 18 коша така?
 
Ете сеа судиите апла судат за Бостон... да не плачете за тогаш. ;)
 
Браво добра помош добива бостон од судиеве
 
Што беше апла судено за Бостон?
 
Солидна предност за бостон у прво полуврме,него пирс и вејд колку само играат топло ладно,или им иде све или не можат ништо да погодат:confused:.
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 03:56 ---
Што беше апла судено за Бостон?
Ајде сега и ти не се прај на три ипол:)имаше спорни ситуације.
 
Кои де?
Јас се сеќавам само на една спорна ситуација, онаа со Даниелс, која на крај испадна добро пресудена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom