NBA Fantasy | сезона 2013/14 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Sledge Hammer
  • Време на започнување Време на започнување
Само еден тим фали бе. (n)


Не фали комплет сме, ама типов уште не го потврдил меилот, незнам шо да праемо... Некој друг да стаемо место него нема смисла, меѓу првите се пријави...:unsure:
 
Мооооре а тамам седнав на компјутер во 9 и 29 ... нареден термин кога ? утре накај 3-4 поручек ?
 
Дај средете работа , таман брзав да стигнам за во 21 и 30 и сега ништо . Ајде ако биде вечерва 23 и 30 ок , јас не можам во 2 или 3 наутро , а и не е фер поради еден тип сите да трпиме , кој му е виновен ако се пријавил меѓу први , да не може да потврди еден мејл цела недела тоа не е наш проблем .
 
Јас си отидов на спиење , утре ќе навратам околу 21 и 30 навечер , преку ден не ни отворам интернет , ќе си учам за колоквиум , па нема да губам време чекајќи го Годо нели ? Ако има драфт компјутерот нормално ќе ми одбере непотребни играчи .
 
Дечкото ми пишал, имал проблеми со регистрацијата, драфтот сега за сега е утре 1.30 пм ЕТ, по мене тоа би му дошло 18,30, до утре напладне ако не среди Спасев, ако се пријави некој друг ќе му го дадемо местото и тоа е тоа...
 
Дечки ја се враќам од факс кај 1 , до тогаш ако не среди дечково, ако сака некој да игра нека се пријави као резерва, ќе го стаем него у лига
 
Дечкото ми пишал, имал проблеми со регистрацијата, драфтот сега за сега е утре 1.30 пм ЕТ, по мене тоа би му дошло 18,30, до утре напладне ако не среди Спасев, ако се пријави некој друг ќе му го дадемо местото и тоа е тоа...
19:30 мислам дека е, 6 саати разлика мислам дека сме со источно време.
 
19:30 мислам дека е, 6 саати разлика мислам дека сме со источно време.

5 е сеа со променава на саатов чинам...

еве New York 7.40am
 
Пиши му на Sledge Hammer.


Пријавен е Слеџ, незнам кој ми спомна дека имал другарче што не е од кгн, ми беше преоптоварен инбоксот, ги бришев пораките дека...
--- надополнето: 30 октомври 2012 во 18:45 ---
Инаку имам еден тим у една лига влегов отворена, али го пропуштив драфтот еве аутоматски шо ми одбрало:

Чонси Билапс
Брендон Џенингс
Руди Геј
Крис Бош
По Гасол

Мо Вилијамс
Џејсон Тери
Пол Џорџ
Пол Пирс
Ал Џеферсон
Елтон Бренд

Тони Ален
Лу Вилијамс
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom