NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ќе ми експлодираше главата со се што се случуваше вчера, толку непредвидлив драфт никогаш немало. Друг пат ќе коментирам за другите пикови, само накратко за Филаделфија:

Се на се го трејдаат Холидеј, а добија:
Нерленс Ноел (најдобро рангираниот играч за оваа година)
Мајкл Картер-Вилијамс
Арслан Каземи
2014 пик од орва рунда од Њу Орлеанс, заштитен 1-3 (што и онака е тешко веројатно дека ќе се случи)
2 пика во втората рунда еден од Бостон и еден од Далас

- Мислам дека можеби можеше и повеќе да се добие за Холидеј, макар шт се зависи од тоа колку ќе биде јак Њу Орлеанс, ама трејдот има многу смисла и засега наидува на одлични оценки од аналитичарите и блогерите на Филаделфија. Причината е едноставна: Филаделфија ќе танка наголемо во најдобриот драфт во изминатите 10 години. Тоа е она што огромен дел од фановите на 76ерс одамна го чекаа (уште од оној катастрофален трејд на Ајверсон за Андре Милер наместо за пикови). Насоката во која се насочува Филаделфија е онаа со кој евентуално може да се стигне до титула. Со статус кво-то од последните 10 години се виде цело време ниту добар ниту лош (најлоша можна ситуација). Вака и 76ерс конечно ќе пробаат со тактиката на Оклахома Сити и останатите кои преку драфтот изградија тим за титули.

- Мајкл Картер-Вилијамс не ми се допаѓа искрено но дечкото има потенцијал. Ќе видиме можеби ќе изненади

- Ноел ми беше втор на листата мене (после Ноел). Повредата е загрижувачка, но е еден од ретките во овој драфт кој има легитимен талент да стане алстар. Не е за потценување што цела година е рангиран како број 1 од оваа генерација и одличен пик на позиција 6.

П.С. Повеќе во фан делот ќе постирам деновиве...

http://www.libertyballers.com/

Овде има одлична анализа за се за сите оние кои се заинтересирани да читаат повеќе за Филаделфија.

Инаку и Бостон слично како и Филаделфија направи сериозен потег кон танкање. Гарнет и Пирс се селат во Бруклин.
 
Денвер добар трејд, Руди Гоберт(центар) 27 пик за Ерик Грин(бек) 46 ти пик со Јута Џез.
 
Kufos го трампаа за Ловерњ и Дерил Артур од Мемфис :)

Тоа башка, за драфтот ми беше муабетот, дека Грин е супер играч што знае да погоди и тројка и добра пенетрација има (y)
 
Мене не ми се јасни навивачите на Бостон што кренаа толкава паника што ги трејдувале Пирс и Гарнет. Јас мислам дека паметен избор направија челниците на клубот што се ослободија од нив додека уште имаат некоја вредност, зошто реално дали уште 2 сезони можат да изиграат и двајцата. Вака ќе почнат да си градат тим околу еден од најдобрите плејмеркери во лигата, а сега имаат и место во салари капот да купат уште некој добар играч. Бруклин, од друга страна, АКО се уиграат наредниве сезони може да имаат добар тим и да направат некој позначаен резултат, но што им вреди кога старциве што ги донесоа од Бостон ќе мора да се пензионираат набрзо. Според мене тоа не е некој паметен потег, ама тие си знаат.
 
Тоа башка, за драфтот ми беше муабетот, дека Грин е супер играч што знае да погоди и тројка и добра пенетрација има (y)

И Ловерњ е од драфтот :) Вреден играч и добра „грбна техника“ како што сакат да кажат нашите коментатори :)
 
Не знам зошто толку многу хејт за Бенет. Со право го избраа Кливленд. Иако има голем ризик и има повреда на рамото поради која пред некое време мораше да ја оперира, Бенет има најголем апсајд заедно со Лен. Значи тотално не предвидливи, може да игра 3ка или како ниска 4ка со што ќе надополни со силата и скокот. Плус 40% имаше за тројка. 17 поена 8 скокаи 1 аситенција и 1.2 блокади. Во Кавс ќе игра како 3ка пошто Тристан е 4ка. Значи Ирвинг-Веитерс-Бенет-Томпсон-Варежао
Да земат добар бек ап центар (Оден), да го вратат Шон Ливингстон и Мајлс и Џи да останат. Млада екипа со огромен потенцијал.
Лен имаше 12 поена 8 скока и 3 банани, иако играше без класичен плеј во Мериленд. Плус не е многу агресивен со само 6 обиди за шут по утакмица. Има брзи нозе и агилен е на пик ен рол и дабл тимови. Му треба само малку мускули да го појача јадрото а останатото е психа. Со големината, атлетичноста што ја има може да биде многу доминантен. Има повреда на зглобот и поради опрерацијата се очекува да биде отсутен до септември, за да биде дел од тимот за тренинг кампот.
Според мене Лен > Ноел.
Најголем стил на драфтот ќе биде Рики Ледо кој како пик од втората рунда заврши во Далас преку трејд. Имаше 24 поена и 6 скоак просек како сениор во средно и иако не играше во Провиденс тој е еден од најчистите шутери и поентери во овој драфт.
Најголеми победници од овој драфт се Јута и Њу Орлеанс. Јута си замина со најдобриот плеј од оваа класа.
 
Бенет не може да игра одбрана против "3ки". Ќе биде класична 4ка. Проблемите кај него не се со талентот туку со огромната веројатност да се здебели до ниво до кое нема да биде веќе добар.

А за Рики Ледо, на многумина им се допаѓа, ама има огромни проблеми со карактерот колку што. Проблеми од криминалан тип. Исто беше и суспедниран и ја пропушти целата сезона во колеџ. Не знам детали...
 
Бакс добиле неколку понуди за Џенингс. Останува да видиме каде ќе го трејдуваат. Би сакал Ерик Гордон или Дени Грејнџер да дојдат во Милвоки.
 
Бакс добиле неколку понуди за Џенингс. Останува да видиме каде ќе го трејдуваат. Би сакал Ерик Гордон или Дени Грејнџер да дојдат во Милвоки.

Ух и двајцата со огромни проблеми со колената. Опасно се приближуваат до ситуацијата на Бајнам и не дај боже Рој. Тие не се добра опција за Милвоки според мене...
 
Ух и двајцата со огромни проблеми со колената. Опасно се приближуваат до ситуацијата на Бајнам и не дај боже Рој. Тие не се добра опција за Милвоки според мене...

Нема трет. најмногу 4 милиони вреди Џенингс. + да го дадат во пакет со Удох или Муте.. Нема добри PG
 
Кога сме кај Рој, пред 2-3 дена имаше интервју каде изјавил дека деновите во кошарката му се избројани.:(
Многу ми е криво што таков талент беше уништен поради повреда. Ептен немаат среќа блејзери, прво испуштањето на Џордан во “84, па рој, па оден, се надевам дека Лилард ќе остане здрав исто и за Си Џеј, кој ја скрши ногата во јануари.
 
Гркот Giannis ем стои слабо со англискиот, ем НБА не гледал многу, само финалето, но го знае Леброн Џејмс, а ке носи #34 на дресот :)
 
ее.. кога ние ке видиме некој македонец во нба.. :свиркам:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom