NBA драфт, трансфери, шпекулации

  • Креатор на темата Креатор на темата маркетар
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ти се плукнам и во аналитичкиот ГМ и се во тоа мочаната Филаделфија.

Од трејдот на Ајверсон до денес се крш трејдови. Сите лидери на екипата што ги дадовме во замена добивме или инвалиди или дедовци со 34 години. Само за некои промени бладаат и ослободување кап, а во плеј-оф не можеме да се пласираме.

За Ајверсон ни го дадоа Милер, кој и не беше така лош, но другото беше за никаде. Џо Смит тежок инвалид на 35 години, Тони Симич е Мајкл Џордан за него и некој 50 играч на драфт.

За Игудала го добивме Бајнам, пустиот не може на нозе да застане и Ричардсон на залез на кариера и тој се повреди.

Сега Холидеј го дадовме за играч од тапа драфт година, и плус за пик од наредната година кој неверувам дека ќе биде меѓу првите 10.
Без разлика што до година драфтот ќе биде силен.
Реално со Холидеј, Дејвис и Андерсон Њу Орлеанс имаат потенцијал и да поминат прва рунда плеј-оф. Тоа е некаде 20 пик.
 
Па се чини дека Њу Орлеанс ќе биди далеку поконкурентен отколку годинава :)
 
На прв поглед доста слаб драфт,али ке видиме како ке се покажат првиве 10-15 пикови следна сезона:D
 
Па се чини дека Њу Орлеанс ќе биди далеку поконкурентен отколку годинава :)

Па тоа де. Њу Орлеанс имаат супер млада екипа. Со огромен потенцијал. Ако остане и Ерик Гордон... што неверувам.

Плус некој спомна дека и пикот е лимитиран. Тоа значи добивме тапа играч, а дадовме супер плејмејкер, млад и ол-стар.
 
Фили отепајте се...
Искрено не ги пратам многу играчиве од драфтов, ама Џру за копиљов е голема глупост.
 
Лимитиран пик, да. Не можам ни јас да сфатам уште како го дадоја Џру, можи да се речи дека сам ја носеше екипата ова сезона. Нека игра сега Ноел со Спенсер Ховс :)
 
А да, и Морис Харклис го дадовме за ништо, а имаше просек сезонава по 16 поени.

Само напред...
 
Можи на Ник Јанг ќе му дојди умот ова сезона :D
 
Lucas Nogueira драфтуван од Бостон, веројатно ќе оди во Атланта..
 
Значи изгледа ништо од Двајт во Атланта, ваљда ќе заврши во Хјустон :)

Btw..

BNzz-awCIAAfGg8.png:large



Ќе умрам :D
 
Добар пик за Милвоки Бакс. 18 годишниот Грк е еден од поталентираните годинава на драфтот
 
Бидна ова со Бруклин и Селтикс...цел Бостон е завиен во црно денес.
 
Ти се плукнам и во аналитичкиот ГМ и се во тоа мочаната Филаделфија.

Од трејдот на Ајверсон до денес се крш трејдови. Сите лидери на екипата што ги дадовме во замена добивме или инвалиди или дедовци со 34 години. Само за некои промени бладаат и ослободување кап, а во плеј-оф не можеме да се пласираме.

За Ајверсон ни го дадоа Милер, кој и не беше така лош, но другото беше за никаде. Џо Смит тежок инвалид на 35 години, Тони Симич е Мајкл Џордан за него и некој 50 играч на драфт.

За Игудала го добивме Бајнам, пустиот не може на нозе да застане и Ричардсон на залез на кариера и тој се повреди.

Сега Холидеј го дадовме за играч од тапа драфт година, и плус за пик од наредната година кој неверувам дека ќе биде меѓу првите 10.
Без разлика што до година драфтот ќе биде силен.
Реално со Холидеј, Дејвис и Андерсон Њу Орлеанс имаат потенцијал и да поминат прва рунда плеј-оф. Тоа е некаде 20 пик.

Да биде уште потрагично, овој Картер Вилијамс што го земаа за 11ти пик мене ми изгледа како ист тип на играч како Тарнер...
 
Овој Штерн како најавува пикови , прав Master of Ceremony e :pos: . Си го има контактот со публиката , нема што .
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom