NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    41
Во моменти кога морам 80% од времето да го посветам на потесното семејство (што од крајно убави причини, што од крајно неубави), кога другите 20% на работата и уште едно 20% повторно за работа - кои искрено не знам од каде ги наоѓам (математичка аномалија, 120 вака иди хахаха), моите Никси играат финале и тоа НЕ против било кого туку против Сан Антонио - кои ни се стар должник од 99 кога ни се повреди Јуинг и едноставно не им го можевме под кошевите.
Да беше стариот барем 1 полувреме во игра повеќе од сигурен сум дека таа серија ја добивавме бидејќи во сите аспекти од кошаркарската игра можевме да се надигруваме со таа екипа.

Денес, цели 25 години подоцна, се тресам дури го пишам постов бидејќи иако знам дека најверојатно нема да изгледам ниту еден натпревар од финалето АМА НИКСИ се конечно во финале. КОНЕЧНО.
Заслужено, со свој пот, на свој грб, со тимска игра, со гинење на терен, со одлична офанзива.

Стојам на ставот *што го напишав минатиот пат, дека овој СА ако ја помини Оклахома ќе биди мини чудо и ќе му е МНОГУ потешко да игра против било кој што ќе излези од истокот отколку против ОКЦ.

Истото го мислам и за Никси, не очекував да излезат победници од серијата против Кливленд и/или Детроид ама очигледно Браун испадна добар психолог и мотиватор па ги доведе до ниво да ги намачкаат на леб брадата со пајакот. Сепак Кливленд не е слаба екипа и не е за потценување.

Така да, ДВЕ мини чуда СА и Никс ќе играат повторно финале.
Од срце да им честитам на сите фанови на СА шо имаа нерви да истрпат 7 натпревари против тим кој вервам дека е омразен заради флопирањето на Ше, шо конечно дочекаа да еден Вебенјама со помош од еден куп ликови без искуство ги носи во финале и шо трпеливо градеа и градат франшиза во годините кога веќе сенилниот Поп се очекуваше да ја напушти клупата и предаде тренерската функција на некој друг (знаевме дека тој оттаму излегува само со нозете напред т.е. во ќиур и никако поинаку).
Како и да е, конечно и тие дочекаа ново НБА финале и сум поќе него сигурен оти ќе го одиграат одлично, психички растеретени и со играње на борбен, машки и вистински ПО баскет. Според тоа шо го читам од вас сите тука, според тоа што читам на кој начин се спротиставија на ОКЦ и судиите и воопшто на кој начин играле тогаш сум сигурен дека Никси се вистинскиот противник за излегување на мегдан.

За моите Никси.
Ќе ве сакам макар и изгубиле 4-0.
За мене никогаш нема да постои поубава франшиза и поубав град за играње баскет, чест секогаш ми било да се наречам фан на Њујорк и горд сум на тимот (каков и да е, иако не ми е по кеиф) шо ќе го игра ова финале.

Без грам навијачки сооднос во коментарот и без грам пристрасност мислам дека шансите се 60-40% на наша страна затоа што Тибодо очигледно направи тим што ќе се бори за секоја топка, а Браун им даде храброст дека сепак и другите може слободно да играат напад и победуваат (не само 1-2 играчи и се' да зависи од нив). Психички, мислам дека се на подобро место од СА моментално.

Мои Никси, време е за титула.
Со неа или без неа, засекогаш Ваш - Генерал.
Kobee's letter to basketball = omazov na Genralot kon niksi i ovoj playoff. Kapa doly braty , kapa doly ...bravos.
 
Изгледав.. Што да кажам, во финалето се 2те екипи кои највеќе заслужуваат сезонава да бидат таму. Да не беа судиите, СА лесно ќе земеа 4-1 или 4-2... Ама што е тука е.. Нека победи подобриот, ваљда ќе даваат на Арена..
 
Back
На врв Bottom