Да, али, што испадна? Испадна дека без Јокиќ, од последните три, две победија и тоа против Вориорс, кај што чинам дека им прекинаа серија од 9-1 и против Рокетс, најголемиот ривал за пласман, кај што им прекинаа, чинам, серија од 9. Да, изгубија од Блејзерс, ама без Јокиќ, види што победија.
Ги пратам цело време и гледам скоро све, у живо, макар и само прва четвртина некад и ова што се деси ми личи крајно неверојатно и ми влева огромна плеј-оф верба, затоа што ми ги пополнува дупките со страв што ги имав за плеј-офот, кои дупки стандарно се најзацрнети од non-Јокиќ minutes.
Сеуште сум на своето, дека зависат од тоа дали Џамал ќе се уклучи. Џамал ако се уклучи (што, за жал, не е стално кога треба) он е на ниво повисоко од Ол Стар (ова го кажувам зашто никад не бил Ол Стар).
Ми се чини, иако личи доста пристрасно, дека Денвер зависи дали ќе победат, исклучиво од тоа дали Џамал ќе се уклучи. Јокиќ, или не-Jокиќ, сеедно. Надреално личи, ама овие non-Јокиќ утакмици тоа го докажуваат. Денвер губат и со Јокиќ одличен, ама без уклучен Џамал. Ми личи дека Џамал вклучен (Play-off Murray, Bubble Murray...) е гарант за победа. Смешно е ова, затоа што Јокиќ е најдобриот играч на планетата, ама што знам, утакмициве ме тераат така да мислам.
Денес, пета по ред без Јокиќ, се надевам дека тоа лактот не е ништо озбиљно, дека го штеди за пред плеј-оф.