Да де, затоа од петни жили последните 10 страници запна како Шек не е океј центар, па уште споредби со Јокич на крај зеде да му правиш пошто претходно заклучивме дека како ДУО со Коби нема кој да ги надигра.Важи , од 50 илјади поени плејоф + регуларна , сите му биле флопови и чекори.
Леброн е ѓубре од чоек и егоистичен играч не толку сакан како Коби , но поради тоа што јас ич не го сакам и ти и повеќето тука за инает да збориме дека не е машина од играч , вансериски атлетицизам и паметен на паркетот...
Заслепен си ептен од хејтот кон Леброн, џабе ќе се објаснуваме.
И не знам што го ставаш Џордан во дискусииве кога е осамен на врвот без никаква закана во скоро време (можда Лука за 10 години ако избегне повреди).
Едноставно е многу, Леброн е подобар од Коби. Можеш шо сакаш да додаваш , одземаш , делиш , множиш , Леброн повеќе направи во неговата кариера од Коби.
А за Хаким , Шек, Карим и кој уште таму, ќе праиме муабет за 5 години да сме живи и здрави.![]()
Тоа што имаш пизма кон сам Коби заради препирки тука со Стефан или едноставно не ти се свиѓа играчот е твој проблем.
Тој што малку од малку поима баскет и како истиот правилно се игра ќе ти каже дека технички најсовршена, најчиста и најдобра игра имале Џордан и Коби. Најдобро играле баскет.
Леброн никогаш не ни бил во такви муабети замешан, туку секогаш биле вааууу види колку сезони, вааууу види колку асистенции.
Само што за него важи ваууу види и колку флопирање и види колку правење кораци, за овие од погоре не важи.
Така да, толку од споердбата Коби вс Леброн, не оти некој го мрази Леброн туку оти сте алергични на мсилење кое го деградира кралот, само тко да ти каже Ивана е муабетот. Подобро не си видол можеби.
Ај од Џордан утакмици можда ти е мака да бараш, али од Коби ќе најдеш. Ако начинот на кој игра овај со флопирање и правење кораци ти е поубав и подобар од тој кој го игра Коби тогаш што да ти кажам.
Уште 20 години да игра баскет никогаш нема да биде Коби, па дури ни тогаш.
(Без разлика на твојот инает на темава)