Ти стварно си пишел од прост инает, не знам шо друго да ти искоментирам после ова. Чеди Осман пиша бе, таму 20 останати имиња има кои вредат повеќе од Осман.A 2018 шо тим имаа Кливленд и кој ги однесе до финале? Чеди Осман македонската гордост.
Океј е, Коби е за никаде, можи да си легните сега сите двајца шо го мислите тоа. Со кој сте се карале на темава, дали со Стефан или со било кој не знам ама знам дека од прост инает е муабетов, џабе време потрошив мислев со разумни луѓе праам муабет шо разбираат баскет.
Инаку во интервјуто што го постира Коби презентира скромност пошто сам прашан не можи да се наречи најдобар Лејкерс од почит кон Маџик, а спротивно на тоа Вашиот ЛеКоњ статистичарот 500 пати најмалце во годиниве сам се има наречено крал, а Меџик сам пак има признато дека Џордан е најдобар, а Коби најдобар езерџија.
Јас побарав 20 релевантни ко овие погоре или еве 10 нека се, кои викаат дека Коби не е најдобар езерџија, ти ми нудиш муабет од пред кооперација.
Гледај статистики, не мора баскет да гледаш.
Ко шо вика Коби во интервјуто: „Уживај во салата.“, на крај тоа останува.
Да е иронијата поголема, во истото ова интевју Коби вика дека не треба да ги разбркаш играчите и после да видиш дека во друг тим напреднале, а она ЛеКоњот кај стигна имаше порачка за играчи, не му беше битно кој друг во тимот останал или заминал - најдобро си знаат сега навијачите на лејкерс, ама нив кога ги прашуваме и тоа не ви одговара, пошто нели пристрасни се.
